ЈП „Комунална хигиена“- Скопје се вклучи во проектот „Лулка-за чиста Матка“


По повод одбележувањето на Светскиот ден на рециклирањето, невладината организација за екологија „4SELECT“ денеска го промовираше  проектот „Лулка-за чиста Матка“, во којшто учествува и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Проектот е насочен кон заштита на животната средина во населените места на кањонот Матка и течението на реката Треска. Во рамките на денешниот хепенинг, на оваа локација беше […]

Уште еден нов пливачки базен во СЦ „Борис Трајковски“


По извршената реконструкција на пливачкиот базен и извршеното тестирање на целиот систем, денеска ќе биде отворен уште еден пливачки базен во рамки на затворениот објект со базени во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Базенот ќе биде наменет за сите посетители, за оние кои сакаат да научат да пливаат и да инвестираат во своето здравје. Овој дел […]

Акција на МВР во Скопје за сузбивање на дивите тркачи


Во рамки на акциска контрола на подрачјето на Скопје за откривање и санкционирање на т.н. диви тркачи полицијата презела мерки против 34 возачи. Притоа 19 возила се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост и 15 се упатени на вонреден технички преглед поради поставени фолии без атест. Од возилата што се упатени на вонреден […]

Функционер и пратеник ја тужат државата за два милиони евра


Пред тринаесет години на кејот на Вардар во близина на скопското Кале требаше да почнат да се градат хотелски комплекси и деловни објекти. Локациите се продадени, но и до ден-денес инвеститорите не почнаа со градење. Од 2007 година за три парцели се води судски спор. Шест години државата ги тужеше сопствениците, а од 2015 се […]

(ВИДЕО) Комбе со патници остана без тркало среде улица во Скопје


Комбе кое превезувало патници остана без тркало среде булевар во Скопје и предизвика паника кај патниците, но и несигурност кај останатите учесници во сообраќајот кои се најдоа на лице место. На видеото кое се појави на фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, јасно се гледа како комбето кое превезува патници останува без тркалото среде кружниот […]

JСП: Измени на возниот ред на линија 21


Ја информираме јавноста дека од денеска, петок 15.03.2019 година, линијата 21 (Транспортен центар-Бардовци) ќе има измени во возниот ред во вечерните часови. Имено, во петок и сабота, досегашниот термин 22.50 часот, се поместува во 23.05 часот. Во случајов, ЈСП Скопје го исполнува барањето на жителите од Бардовци кои официјално поднесоа иницијатива автобусот на посочената линија […]

Се садат 67 дрвја во Кисела Вода


Општина Кисела Вода почна акција за садење на нови 67 разни видови дрвја на повеќе локации на својата територија. Со денешната акција за садење на дрвја локалната самоупрaва исполни уште едно барање на граѓаните, соопштуваат од Општината. Дрвата: елки, јавори, брези и други се донација од „Цементарница УСЈЕ“ АД Скопје. Општина Кисела Вода со цел […]

(ФОТО) Карпош ќе добие адреналински парк


Општина Карпош планира да изгради адреналински парк кој ќе се протега на вкупна површина од 6.500 м2, а се очекува да започне во мај годинава, за што денеска се одржа јавна расправа. На средбата присуствуваа претставници од граѓанскиот сектор, бизнис секторот и локалната самоуправа кои се активни и работат во областа на одржливиот развој и […]

Концесионер за Дрисла ќе се бира по претседателските избори


Концесионер на депонијата Дрисла ќе се бира по претседателските избори. За да нема контроверзи околу изборот, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов предложи одложување на изборот на концесионер. Инаку останува предлогот германската компанија „Шолц“ да биде избрана за концесионер на Дрисла. До целосното завршување на постапката, контролата над Дрисла ќе ја преземе град Скопје. – Изминатиов […]

Град Скопје повторно субвенционира купување велосипеди


Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје да користат велосипеди, распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед. Со овој јавен повик, Градот Скопје на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето (11.03.2019 година) на Јавниот повик, заклучно со […]

Поставени канти за рециклирање во Кисела Вода


Денеска Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигиена” на повеќе локации на својата територија постави нови канти за селектирање на отпад, на стакло и пластика. Кантите се донација од „Пакомак” – Друштво за управување со пакување и отпад од пакување. Мината година Општина Кисела Вода во соработка со  истото друштво во своите простории […]

Гори нискостеблеста шума и висока сува трева во Липковско


Гори нискостеблеста шума, ливади и висока сува трева на подрачјето на Општина Липково, над браната кон Гошинце, информираа утрово надлежните институции. Пожарот почнал да се шири вчера во пладневните часови, информираше раководителот на кумановската подружница на ЈП „Македонски шуми“, Луан Бајрами. – Утрово наши и екипи на Територијалната противпожарна единица се на терен и се […]

На Скопје му се случи екогеноцид


Огромното бетонско чудовиште што се гради на раскрсницата кај „Скопјанка“, на местото на детското игралиште и локалниот парк, е последниот атак на едвај преостанатата зелена површина во овој дел од Аеродром, кој некогаш важеше за зелена населба. Меѓу новите стотина згради што се изградија во овој реон едвај има понекој квадратен метар зеленило со заштитна […]

(Видео) Се реконструира улицата „Антон Димитров“ во Драчево


Екипите на Град Скопје работат на реконструкција на улицата „Антон Димитров“, во Драчево, што ќе се обнови на вкупна должина од 1.450 метри. На терен ќе се вградат израмнувачки и завршен слој на коловозот со површина од околу 10.000 квадратни метри, како и тротоари од бекатон на површина од околу 6.500 квадрати. Увид во градежните […]

Трговски центар и згради ќе „никнат“ кај депото на „пајакот“


Нов трговски центар и шест згради за домување се предвидени со новиот детален урбанистички план на Општина Центар, кај железничката станица во Скопје, за која  штотуку зависи јавната презентација и анкетата. Планот опфаќа површина од 8,51 хектари во градската четврт нова железничка станица. Се предвидува изградба на нови станбени и деловни објекти, зелени површини и […]

„Не игнорирај! Реагирај!“: Ние единствени градиме во густо населени зони


Енергетиката е еден од најголемите загадувачи на животната средина, градовите се претворени во хомогена смеса од многу комплексни загадувачи и состојбата не се подобрува поради немањето соодветна инфраструктура. Неопходно е да се планира поинаков транспорт. Ние единствени во светот градиме во урбани густо населени зони, а објектите што се градат се многу блиску до сообраќајниците, […]

„Кажи ми колку ме сакаш“ во Капитол мол на 7-ми март


Капитол мол по повод празникот на жената, 8-ми март, подготви специјална креативна програма за малите дечиња кои со своите рачиња треба да им покажат на нивните мајки, баби, тетки, учителки и други колку ги сакаат. Со голема палета на бои тие ќе ги исцртаат своите чувства. На 7-ми март од 18 часот Капитол мол ги […]

Извештај: Скопје лани позагадено во однос на 2017 година


Според последниот извештај на Гринпис и AirVisual објавен за земјите со највисоко загадување на воздухот во светот за 2018 година Скопје е позагаден град во однос на 2017 година. Загадувањето на воздухот во 2019 година ќе предизвика околу 7 милиони предвремени смртни случаи и ќе има големо негативно економско влијание, сугерира Извештајот. Климатските промени „значително […]

Бродот на радоста се закотви во скопската зоолошка


 Забавен брод  е поставен на брегот на езерото во скопската Зоолошка градина. „Обично бродовите асоцираат на разделба и заминување, но нашиот ќе се вика Брод на радоста, бидејќи никогаш нема да отплови. Наместо тоа, опремен со вистински јарболи, лизгалки и играчки ќе биде место каде што децата ќе може бесплатно да се забавуваат. Бродот е […]

Карпошaни ќе купуваат со попуст со „Мој Карпош-Моја картичка“


Општина Карпош, обезбеди посебна картичка за своите жители, преку проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“, со која тие добиваат многу попусти во повеќе од 250 фирми и компании кои работат на територијата на локалната самоуправа: ресторани, кафулиња, спортски објекти, ординации, книжарници, но, и кај производители на ИТ опрема, дизајн студија, сервиси и многу други. За […]