Скопското кафуле „The Dude Specialty Coffee“ пак меѓу 100-те најдобри кафетерии во светот


Македонското специјализирано кафуле од Скопје „The Dude Specialty Coffee“ по втор пат се најде на престижната светска листа „World’s 100 Best Coffee Shops“, оваа година рангирано на 85 место, објавена во рамки на интернационалниот настан Coffee Fest Madrid 2026. Избрано во конкуренција од повеќе од 15.000 кафетерии од целиот свет и поддржано од над 350.000 […]

Нова градинка за 200 деца во Бутел, на местото на старата


Нова градинка за 200 деца се гради во Бутел и е речиси во завршна фаза, но без точни информации кога ќе биде завршена и кога првите дечиња же бдат згрижени во неа.  Денеска, на увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2 беа градоначалникот Дарко Костовски и заменик-министерот за социјална […]

Гази Баба целосно ги покрива трошоците за стерилизација на домашни миленици


Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за стерилизација на домашни миленици во 2026 година. Како што информираат надлежните, се надоместуваат 100% од трошоците, но најмногу до 6.000 денари по миленик (куче или маче), а право на учество имаат жители на општина Гази Баба кои ќе достават комплетна документација. Условите се следни: […]

Казнети четири градилишта во општина Центар


Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, информираат од локалната самоуправа. Како што велат, во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, […]

Микрочипирањето на милениците е законска обврска, потсетува АХВ


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик. Апликацијата на микрочипот е […]

Без вода касарната Илинден и дел од „Македонско-косовска бригада“


Поради улични дефекти на водоводната мрежа, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од ул.„Македонско-косовска бригада“ и објектот на касарната Илинден, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектите.

„Додека градот мирува“ се гребе асфалтот на улицата „Перо Наков“


„Додека градот мирува, машините не запираат“, порача ноќва градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со работниците беше на реконструкцијата на улицата „Перо Наков“.   – Вечерва интензивно се работи на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба – со три гребалки истовремено на терен, придружени од повеќе од 30 камиони и неколку багери. Значајната […]

Психоедукативна работилница за наставен кадар во Карпош


Во просториите на Општина Карпош денеска се одржа првата психоедукативна работилница, наменета за наставници и стручни соработници од општинските основни училишта. Иницијативата беше на д-р Камелија Симеонова, специјалист по детска и адолесцентна психијатрија, соопштија попладнево од локалната самоуправа. – Централна тема на работната сесија беше стручната и применлива интерактивна едукација, насочена кон психолошката стабилност на […]

ЗХГ бара јавна презентација за луна паркот – ако се предимензионира ќе штети на живиот свет


Јавна презентација на планот за изградба на Луна паркот во Скопје, бара Зелен хуман град, затоа што тврдат дека доколку се предимензионира, со сите пропратни елементи, паркинг, механичка бучава, сообраќај, би довел до нарушување на животната средина за живиот свет во Градскиот парк. – Од моментот кога се почнати првите активности за обнова на Луна […]

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници


Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Истражувањето покажува дека: Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само […]

Поради дефект без вода корисниците од Стајковци


Поради дефект на приклучна цевка на улица 25 бр.15 Стајковци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Стајковци. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 часот до завршување со санација на дефектот. 

Доделување лиценци на нова генерација професионални планински водичи во Европска куќа Скопје


На настан во просториите на „Европска куќа“ Скопје, денеска  ќе бидат доделени лиценци на нова генерација професионални водичи во планина, обучени согласно меѓународниот стандард на „Union of International Mountain Leader Associations (UIMLA)“. Како што соопштуваат од Унијата на водичи, на настанот ќе бидат доделени лиценци на вкупно 17 кандидати – седум од Северна Македонија и […]

Без струја корисници во Центар, Бутел и Карпош


Без електрична енергија денеска од 08.30 до 14 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. „Христо Смирненски“ од бр. 19 до крајот на улицата кон Бул. „Партизански Одреди“ во општина Центар, како и индустриските објекти на бул. „Босна и Херцеговина“ (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ) во општина Бутел.  […]

Скопско Драчево доби кино


Скопската населба Драчево, која е во рамки на општината Кисела Вода чиј градоначалник е Бети Стаменкоска Трајкоска, по две децении, доби свое кино. Отворањето беше синоќа, на пригодна свеченост. Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања. Покрај Кисела Вода, […]

„Независни за Карпош“ бара преку „Сејф сити“ да се открие кој носи бездомни кучиња од Албанија и Кичево


Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ бараат итно да се преземат конкретни чекори во решавање на проблемот со бездомните кучиња и глутниците кои се формираат во Карпош, а кој ескалира од ден за ден. Бараат формирање на кризен штаб во општина Карпош, сочинет од вработени во општината, претставници од Град Скопје и по можност од другите […]

Булеварот „Борис Трајковски“ ќе се заврши годинава – стопанствениците се согласиле на експропријација


  Еден од клучните сообраќајни правци во Скопје, булеварот „Борис Трајковски“ ќе биде завршен до крајот на годинава, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.   Тој денеска остварил средба со стопанствениците по должина на трасата и постигнале договор за забрзано спроведување на експропријацијата, процес кој во минатото останал недовршен.     „Во најскоро време ќе биде објавена […]

Јавен повик за Итно копче,  брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар


Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата Итно копче, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба. Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да […]

Вторничка голгота во градските автобуси – ветувањата за нови не им помагаат на патниците


Со викотници, кавги и дофрлања, настегани како сардини во конзерва, утрово жители на Скопје кои решија до својата дестинација да стигнат со автобус, го поминаа патот од дома до работа, до лекар, до пазар, на училиште. „Што правите во вторник наутро во 8 часот? Седете дома! Излезете подоцна! На работа треба да стигнеме“, со повишен […]

Без струја делови од Илинден, Волково и Драчево


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без струја денска од 08:30 до 13:00 часот ќе бидат дел од ул. 19 во нас. Илинден, од 08:30 до 14:00 часот и дел од корисниците од улиците 95, 100, 101, 102 и 103 во населба Волково, информира РЦУК Скопје. Електрична енергија од 08:30 до 14:30 часот ќе немаат и […]

Без вода улица Светозар Марковиќ, булеварот Кочо Рацин и објектот Веро Џамбо


Поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улица Светозар Марковиќ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.