Во Скопје изминатото деноноќие 12 сообраќајки, четворица полесно повредени


Четири лица се полесно повредени во три сообраќајни незгоди од вкупно 12 сообраќајки што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во девет сообраќајки е причинета материјална штета. Според билтенот на СВР Скопје, 23 возачи возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 12 возачи кои возеле пред да се стекнат со […]

Се реконструира улицата „Љубљанска“ во Карпош


Екипите на Град Скопје го реконструираат коловозот на улицата „Љубљанска“ во општина Карпош, што е една од најфреквентните улици во овој дел на градот, информираат од Град Скопје. Увид во градежните работи на оваа делница денеска извршија градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев. – Улицата Љубљанска ќе ја […]

В недела „Светски пикник“ во Градски парк во Скопје


Хуманитарната манифестација „Светски пикник“ во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ќе се одржи в недела на 9 јуни во 12 часот во Градскиот парк во Скопје на платото позади споменикот на Гоце Делчев, најави денеска Штефан Петер, претседателот на Советот на странски инвеститори и претседател на УО на ЕВН […]

Меѓународна конференција за туризам – FEEL Skopje


На 12 јуни во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција за туризам  FEEL SKOPJE во организација на Концепт плус на која ќе говорат 5 интернационални говорници од 5 држави. На конференцијата ќе говорат Јуја Матусо (фотограф) од Јапонија, Мија Дрпуљиќ (туристички блогер) од Хрватска, Жига Цоља (новинар) од Словенија, Сузана Ванек (новинар од областа на […]

(Видео) Ракометарот на Вардар Поповски насади дрво во Аеродром


Третиот предизвикан спортист од серијалот „Спортисти садат дрвја во Аеродром“ под мотото „Еден за сите, сите за дрво“ е ракометарот на Вардар, Мартин Поповски, а дрвото го донираше фирмата „Ми-Да Гранд Моторс“. Идејата е да се поттикнат и други компании на општествена одговорност, кои ќе имаат задача да донираат дрвја. Инаку, прв предизвикан спортист што […]

Потрошени милиони, а чист воздух нема


Над 7 милиони евра Градот Скопје одвоил во изминативе 5 години за заштита на животната средина, период во кој метрополата, како и државата се прочуја во светските медиуми како едни од најзагадените места во светот. Но повеќе од половината од оваа сума, или скоро 4 милиони евра, со ребаланс биле пренаменети за други ставки или, […]

Ќе почекаме за билет за едно возење со градските автобуси


ЈСП „Скопје“ е во постапка за воведување билет за една употреба, кој најмногу им е потребен на туристите и граѓаните кои многу ретко го користат јавниот превоз во Скопје. Цената на билетот сè уште не се знае, иако уште кога се најави оваа новина, се шпекулираше со цена од околу 60 денари. Од ЈСП „Скопје“ […]

Град Скопје повика на спортско однесување и прослава при пречекот на Вардарци


Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов и координаторите на сите советнички групи во Советот го поздравуваат огромното постигнување и европската ракометна шампионска титула на „Вардар“. Тие сите заедно повикаа на достоинствен пречек и славење на успехот на ракометарите, а изразија и несогласување со изолираните случаи кои, како што се наведува, сакаат да стават дамка на прославата. […]

ЈСП ќе обезбеди бесплатен превоз за пречек на ракометарите


ЈСП Скопје ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје. Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17 часот од пред Југодрво. Превозот е бесплатен. Планирано е, доколку дозволат временските услови, […]

(ФОТО) Еуфорична прослава во Скопје на победата на Вардар


Навивачите ширум државава ја прославуваат втората шампионска титула на ракометниот клуб Вардар по вечерашната победа во Келн. Голем број граѓани се собраа на Градскиот плоштад во Скопје да го проследат дуелот, каде сега се прославува големиот успех на македонскиот ракомет. Веднаш по завршувањето на мечот колони возила се упатија во центарот на главниот град, каде […]

Летно работно време на паркинзите на Градски паркинг и нови зони во Аеродром и Центар


ЈП „Градски паркинг“-Скопје од утре ќе почне со работа на две нови паркинг зони. Едната зона е зона Б10, лоцирана кај новата зграда на ЈП Водовод и канализација Скопје и Кале. Зоната ќе биде исклучиво за комерцијална употреба и еден час паркирање ќе чини 35 денари. При паркирање, потребно е да се испрати СМС порака на […]

Граѓаните на Чаир учеа како правилно да постапуваат со отпадот


ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска реализираше едукативно-информативни активности на улицата „Џон Кенеди“, во општината Чаир. Активностите ги спроведоа Еко-патролата и одделенијата за Едукација, квалитет и развој и професионална одговорност, коишто ги информираа граѓаните за правилното постапување со комуналниот, кабастиот и градежниот отпад. На настанот присуствуваа директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот […]

Интензивни контроли на градилиштата во Општина Аеродром


Инспектори од Општина Аеродром деновиве вршат интензивни контроли на градилиштата на територија на општината при што е констатирано дека на улицата „Гаврил Константиновиќ“ каде се врши ископ за отпочнување на градежни активности, инвеститорот не поседува правосилно одобрение за градење. Поради ова, како што информираат денеска од Општина Аеродром, му е наредено на инвеститорот да го […]

Започнува градскиот фестивал за развој и промоција на креативните индустрии – Скопје Креатива 2019


Вечерва, во Кино Култура, со почеток во 20 часот ќе започне осмото издание на „Скопје Креатива 2019“ – градскиот фестивал за промоција и развој на креативните индустрии, што годинава се реализира под мотото „Зелено Скопје“ и симболички ја содржи идејата за еколошката свест како култура на живеење. Со својата богата фестивалска програма, Скопје Креатива 2019, […]

Почна изградбата на нов парк во Карпош


На површина од 4.000 метри квадратни, во близина на стариот влез на Градскиот парк, под булеварот „8 Септември“, целосно ќе се раззелени простор кој до овој момент беше запуштен, информираат од Општина Карпош. Во новиот парк ќе има нови високи и цветни дрвја, висока декоративна трева, грмушки, високо заштитно зеленило, цветни, перени и луковици. Покрај […]

За викендот затворен булеварот „Партизански одреди“, ќе се вози по изменет режим


Од ЈСП Скопје информираат дека од утре, сабота (1.06.2019 година) од 6 часот, па до недела (2.06.2019 година), поради градежни активности, целосно затворен за сообраќај ќе биде булевар „Партизански одреди“ и тоа од вкрстувањето со улица „Бледски договор“ (после Поликлиника Букурешт) до вкрстувањето со улиците „Љубљанска“ и „Московска“ (ТЦ Сити мол), а автобусите од јавниот […]

Над 50 олтајмери и 30 класични мотоцикли утре на „Skopje Clаssic Day“


Во Скопје утре ќе се одржи „Skopje Classic Day”, меѓународен настан на кој љубителите на олтајмери ќе можат да погледнат 55 автомобили и 30 класични мотоцикли постари од 35 години. Настанот се организира втора година по ред, а изборот на автомобилите и мотоциклите е направен од страна на клубот „Gentleman’s Crew”, кој е организатор на […]

Центар им подели пакети со основни намирници на семејства со висок социјален ризик


Денеска, пред управната зграда на ЈП ПОЦ, Градоначалникот Саша Богдановиќ ги подели пакетите со основни животни намирници на семејства со висок социјален ризик кои живеат на територијата на Општина Центар.  Пакетите кои се состојат од храна и средства за лична хигиена, веќе пет месеци во континуитет општината ги доделува на вкупно 150 семејства, кои секојдневно […]

Нов објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром


Во населбата Хиподром во општина Гази Баба денеска беше пуштен во употреба нов објект на основното училиште „Вера Јоциќ“, што ги заменува старите и дотраени бараки каде што учат околу 550 ученици. Изграден е на површина од 2.125 квадратни метри, со приземје, кат, подрум, 12 училници, шест кабинети, просторија за наставници и библиотека.  Објектот е […]