Се реконструира улицата „Лазар Личеноски“


Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата „Лазар Личеноски“ во централното градско подрачје. Увид во градежните работи на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. – По рекордно брзата реконструкција на улицата „Љубљанска“, еве не денеска на една од најоштетените […]

Се разгледуваат уште две алтернативни локации за преселба на центарот за зависници во Кисела Вода


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека ќе се најде решение за дислоцирање на Центарот за третман на зависници од Општина Кисела Вода, посочувајќи дека покрај предлогот за негова преселба во Општина Гази Баба се разгледуваат уште две алтернативни локации. – Идентификувавме неколку објекти каде би можеле да го префрлиме Центарот. Наидовме на отпор […]

Исцрпени средствата за субвенции за електрични тротинети


Исцрпени се средствата предвидени за субвенции за купување електро тротинети, односно денеска до 12 часот се пристигнати околу 200 барања, информираат од Град Скопје. Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за електро тротинети вработените во Архивата на Град Скопје нема да ги примаат. Со јавниот […]

Богдановиќ: Ни една нелегална тераса нема да остане во Центар


Кафе-терасата „Шпајз“ во близина на бараките на Општина Центар, денеска работеше, но не дочека да го отвори објектот како што првично беше изграден. Имено, акцијата за отстранување на дивите тераси на кафулињата во центарот на Скопје почна со уривање на цврстата градба токму на „Шпајз“. Денеска, има наредено само маси, под летни чадори, а видливи […]

Нова трпезарија во пунктот за бездомници во Момин Поток


Во рамки на Пунктот за бездомни лица на Црвениот крст кој се наоѓа во Момин Поток во Општина Карпош,  денеска беше пуштена во употреба новата трпезарија која е наменета за граѓаните кои престојуваат во овој објект. Новата просторија која е целосно климатизирана, нуди капацитет за опслужување на 40 лица, околу кои ќе бидат ангажирани и […]

Искористени субвенциите за велосипеди од Центар, продолжува повикот за субвенции за тротинети


Општина Центар информира дека, за неполн месец откако е најавен проектот „Цел Центар на две тркала“, 175 жители на општината веќе аплицирале и ги искористиле субвенциите за купување на велосипед. Со тоа, квотата за субвенционирање на велосипеди е веќе исполнета, но остануваат средства за субвенционирање на електрични тротинети. Условите за субвенционирање се следни: секој полнолетен […]

Бесплатни латино танци за аеродромци во Паркот на езерата


Општина Аеродром и асоцијацијата „Ластовица“ од утре до 31.7.2019 година, ќе организираат бесплатни часови по латино танци. Деновите по латино танци ќе се одржуваат секој вторник и четврток во Паркот на езерата, а часовите ќе ги држат волонтери од Турција, чија професија е латино инструктори. Целта на организирањето бесплатни латино танци за жителите на Општина […]

Од денеска аплицирајте за субвенции за велосипеди и за електрични тротинети


Градот Скопје денеска, среда, почна да дава субвенции на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети и велосипеди. Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје кои ќе купат нов електричен тротинет, од 01.01.2019 […]

Утре повторно блокирана крстосницата кај „Усје“


Во среда, поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница на булеварот „Србија“ со булеварот „Борис Трајковски“ од 7 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот „12-та Македонска Бригада“, булеварот „Трета Македонска бригада“ и улицата „Народни херои“, соопшти полицијата. Апелираа до сите граѓани учесници во сообраќајот да се […]

Кисела Вода ќе субвенционира енергетски ефикасни фасади и дограма


Меморандум за соработка во областа на енергетската ефикасност во домувањето, денеска потпишаа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и раководителот на програма во Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, Зоран Димитров. Преку ова партнерство ќе се инвестира во енергетска обнова на колективните станбени згради, што за жителите на општината ќе значи заштеда на потрошувачката […]

Ќе се гради pumptrack полигон кај Олимпискиот базен во Скопје


  Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите наскоро ќе имаат можност да ги покажат своите вештини на новиот pumptrack полигон што Градот Скопје почна да го гради на површината пред Олимпискиот базен „Центар”. Полигонот претставува сплет на кривини и контури кои овозможуваат забавна, но пред се, безбедна спортска активност. Предвидениот pumptrack полигон е со вкупна […]

Распишан нов тендер за зиплајн на Кале


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов распиша нов тендер за зиплајн откако првиот обид пропадна. Иако за овој проект имаше многу коментари на социјалните мрежи дека никогаш нема да се реализира, градоначалникот е решен да го истурка до крај.  Жичницата ќе тргнува од Кале, па преку Вардар ќе завршува кај стадионот. Заинтересираните кандидати за јавниот повик, […]

Европскиот шампион Бесир Алили на средба со градоначалникот Шилегов


Градоначалникот Петре Шилегов и заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи, денеска, во просториите на Град Скопје го пречекаа европскиот шампион во борење за кадети, Бесир Алили. На средбата присуствуваа и други борачи од нашата земја, кои се натпреваруваа на шампионатот, а освоија две петти и две седми места, како и претставници од Федерацијата на боречки спортови. […]

Скопските дрвја во синџири – порака на граѓаните за слобода на зеленило


Граѓаните денеска со акција во Градскиот парк во Скопје, симболично доцртувајќи ги забетонираните корења на дрвјата, со синџири и пораки за слобода на зеленилото, ги повикаа надлежните градски и општински власти да го отстранат бетонот со кој се задушени корењата на повеќе од 1.000 дрвја во Скопје, но и низ останатите градови во државата. Од […]

Скопје зафатено од големо невреме, УХМР издаде вонредно предупредување


Големо невреме со дожд и силен ветер и грмежи во моментов има во скопско Лисиче, Аеродром и Кисела Вода. Невремето се приближува кон Центар и Карпош. Според УХМР истокот и југоистокот на Скопје е зафатено од нестабилност проследено со пороен дожд и грмежи. Од таму имаат издадено вонредно предупредување во кое се вели дека денеска […]

Крстосницата кај „Усје“ утре ќе биде затворена за сообраќај поради протест


Крстосницата на булеварите „Борис Трајковски” со „Србија”  утре од 7 часот ќе биде затворен за сообраќај поради протест. Како што соопшти МВР, поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница, сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот „12-та Македонска Бригада”, булеварот „Трета Македонска бригада” и улицата “Народни херои”. Од […]

Бучавата станува сериозен проблем – никој не се справува со неа


Вознемиреност, нарушување на спиењето, кардиоваскуларни болести, пречки во говорната комуникација, а кај децата нарушувања на интелектуалните функции, како што се намалена меморија, намалено внимание, учење. Тоа се последиците што може да ги предизвика зголеменото ниво на бучава. За сите овие наоди постојат силни научни докази, но сепак, во Скопје, Тетово, Куманово и во Битола измерени […]

Најголемиот страв на „Мариовска“: Само да не заврне


Еден куп камења вдолж целата улицата, купишта смет, ѓубре и кал, огромни кратери среде асфалтот, тротоари што ги препознавате само по логика, работници што треба да ги санираат дефектите и дополнително го усложнуваат и забавуваат движењето… Ваква е сликата што ја затекнавме вчераутро на улицата „Мариовска“ во скопската населба Кисела Вода, неколку часа по дождот […]

Нов парк за миленичиња во Реонски центар


Општина Аеродром деновиве ја почна изградбата на паркот за миленичиња во Реонски центар. Паркот се простира на површина од 600 квадратни метри, ограден со заштитна ограда и опремен со различни реквизити што овозможуваат активно и безбедно дружење на домашните миленици. Исти вакви паркови ќе бидат изградени и во непосредна близина на детската градинка „Бамби“ и […]

Шилегов во Брисел бараше поддршка за локалните власти да имаат главна улога во развојот


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, како претседател на ЗЕЛС и НАЛАС, е во дводневна работа посета на Брисел и учествува на дводневниот заеднички консултативен состанок на Комитетот на регионите од Република Северна Македонија со Комитетот на региони на Европската Унија, на кој главна тема е улогата на локалните власти во процесот на интегрирање на […]