Без вода дел од корисниците на ул.„29 Ноември“


Дел од корисниците на ул. „29 Ноември“, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до ул. „Дебарца“, денеска ќе немаат вода поради уличен дефект на бр.6 од таа улица. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот и ќе трае до санирање на дефектот. 

Седми Симпозиум за естетска медицина во Скопје


 Здружението за естетска медицина (ЗЕМ) денеска го организира Седмиот симпозиум за естетска медицина со меѓународно учество. Годинашниот симпозиум се одржува под мотото „Естетика во функција на севкупното здравје“, испраќајќи порака дека современата естетска медицина е интегрален дел од целокупното здравје за пациентот. Како што информираат од ЗЕМ, симпозиумот претставува најголем и најрелевантен стручен настан од […]

Промоција на поштенска марка за Ден на свесност за ретки болести – СМА


 Во Европска куќа во Скопје денеска ќе биде промовирана официјална поштенска марка за СМА – Ден за свесност за ретки болести. Настанот има цел подигање на јавната свест за ретките болести и поддршка на пациентите и нивните семејства. Во рамки на програмата ќе биде прикажано промотивно видео со пациент, како и симболично откривање на официјалната […]

Објавен повик за набавка на 150 еколошки автобуси – првите 30 се очекуваат за шест месеци


Министерствто за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините.   Согласно критериумите во Јавниот повик, најповолниот понудувач има обврска да произведе и да ги испорача автобусите во следните рокови:  30 автобуси во […]

Стихови и музика во Центар, објавен е јавен повик за реализирање на Светскиот ден на поезијата


Општина Центар објави Јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“, со цел достојно одбележување на 21 март,  денот кога ширум светот се слави поетскиот збор. Настанот има за цел да ја афирмира македонската поезија, да ја истакне нејзината вредност и да го потврди безвременскиот карактер на делата на  македонските поети. Во рамките […]

Се гледа напредок на изградбата на пречистителната станица во Скопје – инвеститорот задоволен


  Изградбата на пречистителната станица во Скопје напредува, а треба да почне со работа во 2030 година.  Претставникот на Европската инвестициска банка, која се јавува како инвеститор во овој капитален скопски проект, Бјорн Габриел, е задоволен од напредокот во изградбата, и ги охрабрува сите инволвирани во во проектот да обезбедат сигурно поврзување на сите компоненти […]

Дете од четврто одделение донело нож во училиште – мајката тврди дека по грешка го ставила во неговото ранче


Дете од четврто одделение извадило нож во школо во Центар, било проблематично уште од прво. Мајка му рекла дека правела доручек па по грешка го ставила ножот во ранец што е логично исто ко да правела тост па тостерот да му го ставила во ранец. Као службите 4 години работеле со детево глеам јако изработиле. […]

Општина Ѓорче Петров со 10.000 денари ќе субвенционира млади до 25 години за полагање возачки испит – Б категорија


Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години. -Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат […]

Саем на образование и кариера денеска и утре во ТЦ „Скопје сити мол“


Третото издание на Саемот на образование и кариера ќе се одржува денеска и утре на вториот кат на ТЦ „Скопје сити мол“ во организација на студентската и младинската информативна платформа „Студентарија“. Во двата дена настанот ќе биде отворен од 11 до 16 часот, со бесплатен влез за сите заинтересирани. Како што е најавено, на отворањето […]

Град Скопје и универзитетите ќе соработуваат за „Европска престолнина на културата 2028“


Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски потпишаа меморандум за соработка со највисокорангираните универзитети во Македонија во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во реализацијата на проектот. -Со меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели […]

Утре без вода половина „Партизанска“ и дел од Општина Карпош


Утре, од 09:00 часот, вода нема да имаат корисниците од улиците „Демир Трајко“ и „Партизанска“, крак 1,3,5,7,9 и 11.  Според ЈП „Водовод и канализација“, причина за прекинот е изведување водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Демир Трајко“ 51. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Инспекторите „хараат“ по Центар, санкции за сите што немаат одобрение за урбана опрема


Општина Центар ги повикува сите правни субјекти и сопственици на угостителски објекти  навремено да ја проверат и подготват целокупната документација за поставената урбана опрема на јавните површини. Инспекциската служба на Општина Центар, спроведува интензивни теренски контроли за утврдување дали терасите, настрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение […]

Делови од Кисела Вода и Центар без вода


Без вода вечер од 20:30 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани од булевар „Крушевска Република“ до Рампа.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна мрежа на улица „11 Октомври“ без број. Водоснабдување ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Голем дел од Скопје утре без струја – исклучувањата ќе почнат од 4 часот наутро


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЕВН Македонија, информира дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (26.02.2026) без електрична енергија ќе останат корисници во неколку општини. Најраните прекини започнуваат во 04:00 часот наутро и ќе ги опфатат општините Чаир, Шуто Оризари и Бутел, додека во текот на денот […]

Бесплатни логопедски третмани за деца со потешкотии во Општина Аеродром


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска потпиша меморандум за соработка со здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“, со што се овозможува индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни потешкотии и деца со попреченост. Со ова, децата од Аеродром добиваат бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција […]

Поради Бајрам Бегај, Скопје три дена под сообраќаен режим


Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа за посебен режим на сообраќај во Скопје во наредните три дена. „На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје […]

ООУ „Панајот Гиновски“ во Бутел ќе добие доградба на училишната зграда


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека ООУ „Панајот Гиновски“ ќе добие доградба на училишната зграда. „Денес го потпишав договорот со Министерството за образование со кој училишната зграда на ООУ “Панајот Гиновски” ќе добие доградба, информира Костовски. Тој посочи дека овој договор го реализираат заедно со Министерството за образование и наука. „ООУ “Панајот […]

Герасимовски: Салата Работнички ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ, предлогот ќе биде ставен пред Советот


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно реконструираната спортска сала „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ. Во интервју за „Тема на денот” на Сител телевизија, Герасимовски посочи дека на следната седница на Советот ќе ја предложи точката салата официјално да биде именувана „Лазар Лечиќ“. Предлогот произлегол од иницијатива на […]

Приватните превозници имале проблем со ГПС валидаторите, па затоа не возеле


 Состојбата со приватните превозници во јавниот градски превоз е стабилизирана и проблемите кои се појавиле во изминатиот период се надминати. Застојот на дел од автобуските линии бил предизвикан од технички проблеми со АВЛ опремата, односно ГПС валидаторите во автобусите, поради што одреден број возила не можеа навремено да бидат ставени во функција. Овој проблем е […]

Свечено отворена салата на Работнички во Градски парк во Скопје


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ја отвори целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата. Во рамки на свеченоста се одигра ревијален натпревар меѓу младинскиот состав на КК „Работнички“ и шампионите од Лига Центар од ООУ „Кочо Рацин“, проследен со настапи на хип-хоп групи и богата спортска […]