Богдановиќ: Наставата во Општина Центар почна без проблеми
Во сите седум стари општински основни училишта и во новото училиште „Киро Глигоров“ школската година почна најрегуларно. Децата беа примени, а беа присутни сите наставници и останатиот персонал, изјави денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната среда со медиумите, Богдановиќ рече дека ќе има доградба на одредени основни училишта. […]