Од утре зимско работно време на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје


Од утре почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“-Скопје. Како што соопшти „Градски паркинг“, работното време за зоните А, Б и Ц ќе биде од понеделник до петок од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 07:00 до 14:00 часот. На јавна […]

Шилегов ја повика опозицијата на дебата за продажбата на Градската куќа


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска соопшти дека ќе се обидат да ја продадат Градската куќа и додаде оти не знае кој ќе се пријави на јавната аукција и дали ќе успее продажбата. – Ми се допаѓа идејата дека Градската куќа треба да биде во централното градско подрачје, на самиот плоштад бидејќи тоа е […]

Шилегов: Зошто не го подучија Мијалков „Мериот“ да го гради отаде Вардар, плоштадот е место за Градска куќа


На градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов му се допаѓа идејата градската куќа да е на плоштад, можеби и зградата на ЕВН, па веројатно токму затоа од денеска почна да се средува партерниот дел од плоштадот пред ГТЦ. – Најискрено не можам да знам кој ќе се пријави, бидејќи ние ќе се обидеме да ја продадеме […]

Барокната градска куќа ќе се продава, Шилегов: Продажбата e по одлука на Советот на Град Скопје


Граѓаните не беа прашани дали сакаат барокна градска куќа на таа локација. Продажбата на градската куќа е по одлука на Совет на Град Скопје, како надлежен орган, на јавна електронска лицитација што ќе биде транспарентна. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање. – Местото на седиштето на администрацијата на […]

ЈСП „Скопје“: Не поскапува ни една услуга


Во врска со донесената одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје (билет за едно возење), од ЈСП „Скопје“ појаснуваат дека јавниот превоз не поскапува! „Не поскапува ниту една услуга на ЈСП Скопје! И натаму, пакетот билети за 10 […]

Град Скопје го продолжи рокот за аплицирање за стипендии на средношколци со попреченост


Градот Скопје информира дека го продолжи рокот на објавениот јавен повик на ден 16 септември 2019 година за стипендирање на ученици со попреченост од скопските средни училишта за уште пет дена. Комисијата за спроведување на јавниот повик одлучила апликациите на кандидатите за стипендии да се примаат до 1 октомври 2019 година. Со цел подигање на […]

Барокната градска куќа оди на продажба со одлука на Советот на Град Скопје


На денешната 41 седница на Советот на Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов, беше усвоена одлуката за продажба на барокната Градска куќа на кејот на реката Вардар. Продажбата ќе оди со аукција, преку системот на ЗЕЛС, соопшти Град Скопје. – Денешнава седница ја отвораме со оваа точка затоа што во меѓувреме успеавме да […]

Од 1 ноември билет за едно возење во градскиот превоз во Скопје, цената 50 денари


Од 1 ноември ќе може да се купи билет за едно возење во автобусите на ЈСП и приватните прeвозници во Скопје. Цената, според одлуката на Советот на Град Скопје донесена денеска, ќе изнесува 50 денари. Станува збор за хартиен билет кој треба да ја пополни празнината која настана со воведување на картичката „Скопска“ на оние […]

Ќе се продава недовршената Градска куќа за 12,7 милиони евра


  Град Скопје ќе ја продава барокната Градска куќа која почна да ја гради поранешниот градоначалник Коце Трајановски, кој сѐ уште е во градба на улица „Лазар Личеноски“ бб (на Кејот на Вардар). Објектот, во кој требаше да се всели градската администрација, ќе се продава на јавна аукција, а почетната цена е 12,7 милиони евра. […]

(Фото) Меси или Роналдо: Гласање со догорчиња


Екологијата зема замав, па се чини дека секој е загрижен за јавната чистота и правилно одлагање отпад. Во една таква иницијатива, на Фејсбук страницата „Не биди ѓубре“ се споделуваат фотографии за идеи за корпи за отпадоци, наменети за догорчињата од испушени цигари. Секој што некогаш учествувал во акција за расчистување јавна површина знае дека најтешко […]

Организатори за складирање мобилни телефони за поголема активност на основците во Карпош


Организатори за складирање мобилни телефони се поставени во десет основни училишта на територијата на општина Карпош. Учениците и наставникот имаат можност во еден од организаторите пред почеток на часот да го остават својот мобилен телефон и да си го земат по завршување на часовите. Се работи за пилот проект на Здружението за дислексија „Ајнштајн“, поддржан […]

Општина Аеродром субвенционира печки на пелети


Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2019 година, објави денеска Општина Аеродром. Јавниот повик кој почнува од денеска, ќе трае до 10 октомври, а средствата ќе се доделат по принципот „прв дојден, прв услужен“. – Секој жител што купил печка на пелети во тековната 2019 година […]

Општина Аеродром ќе субвенционира чистење оџаци


Општина Аеродром утре ќе објави јавен повик за субвенционирање за чистење оџаци. Општина Аеродром информира дека јавниот повик ќе трае 15 календарски дена од денот на објавувањето, односно од 27 септември до 11 октомври 2019 година и ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“. За користење на мерката субвенционирање за чистење оџаци, граѓаните […]

Град Скопје за јавни набавки троши колку 46 други општини


Според договорите за јавни набавки, Град Скопје со 14 милиони евра, но и со огромен пораст на вредноста на јавните набавки во однос на претходната година од 42 отсто, односно за 4,2 милиони евра, останува на врвот по потрошувачка. Куманово со 4,9 милиони евра скокна од ланското трето на второто место, додека Аеродром ја загуби […]

Без струја денеска делови од општините Аеродром, Илинден, Центар и Сарај


Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Илинден, Центар и Сарај. Во периодот од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од населба Лисиче од улицата Архитект Сотир Томовски во општина Аеродром, од 8 до 17 часот, корисниците од населба Илинден, фирмите Суташ, […]

Жителите на Усје го блокираа сообраќајот на „Борис Трајковски“ бараат фекална канализација


Жителите на населбата Усје во општина Кисела Вода попладнево го блокираа сообраќајот на булеварот „Борис Трајковски“. Жителите бараат изградба на секундарна мрежа на фекалната канализација. Сообраќајот е блокиран во двата правца.

„Не биди ѓубре“ в недела ќе вади автомобилски гуми од Вардар


Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“, в недела, во 12 часот, ќе организираат вадење на потонатите автомобилски гуми од Вардар, во близина на мостот „Гоце Делчев“, најавува Ирена Ристиќ на Фејсбук групата „не биди ѓубре“. […]

Во тек е пријавувањето за трката „Скопје трча 10КМ“


Пријавувањето за трката „Скопје трча 10КМ“ (Skopje Run 10K) трае до 1 октомври 2019 или до исполнување на предвидениот број учесници. Пријавувањето се реализира електронски преку http://skopje.run/ и https://www.smartrace.club/ Главни покровители на „Skopje Run 10K“ се Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски […]

Подготовки за грејната сезона, потрошувачите да ги проверат инсталациите


Потрошувачите, зедниците на сопственици и управителите да проверат дали грејните инсталации во објектите се подготвени за грејната сезона, апелира денеска компанијата за снабдување со топлина Балкан енерџи Дооел Скопје (БЕГ). Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација […]

Од први ноември билет за едно возење во автобусите на ЈСП


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска најави решавање на проблемот со непостоење билет за едно возење во градските автобуси.   Имено, од први ноември во употреба ќе биде пуштена картичка „Скопска“ за едно возење, која патниците ќе можат да ја купат во автобус. Цената на билетот за едно возење најверојатно ќе биде 50 денари, […]