Шилегов: Нова димензија на градското зеленило, од утре ќе се садат и јапонските цреши


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов преку својот Фесјбук профил ги објави фотографиите од новите садници со нискостеблести дрва и зеленила кои се засадени на булеварот Кочо Рацин. Шилегов потсети и дека во понеделник ќе се возобнови и дрворедот со јапонски цреши на Максим Горки, за кои имаше остра реакција во јавноста по нивното сечење […]

Аеродром доделува 10.000 денари за млади талентирани спортисти


Општина Аеродром доделува по 10.000 денари за млади талентирани спортисти. Целта на оваа мерка е да им се помогне на младите да ги остварат свoите амбиции и да се поттикне развојот на спортот во Општината, со што директно ќе се вратат парите кај граѓаните. Мерката е наменета за лица до 28 години, кои не остваруваат […]

Утрово најзагадено кај Ректорат, Ѓорче веднаш зад него


По краткото расчистување на воздухот заради временските прилики, на скопјани, а и жителите низ цела Македонија, им се врати добро познатиот проблем – загадениот воздух. Утрово од скопскиот реон најзагадено е кај Ректорат со 80 ПМ10 честички, а веднаш зад него е Ѓорче Петров со 76. Во земјава приматот го има Тетово кое деновиве рушеше […]

Нова поштенска марка за 75-годишнината од ослободувањето на Скопје


Нова поштенска марка по повод 75 години од ослободувањето на Скопје беше промовирана денеска, во присуство на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и директорот на Македонски пошти, Ејуп Рустеми. – Во пресрет на одбележувањето на 75 години од ослободувањето на Скопје, а како резултат на многугодишната соработка со Поштата на Северна Македонија, на огромно задоволство […]

Не издржаа ниту една ноќ – украдени новонасадените дрвца кај поликлиника „Чаир“


Непознати сторители изминатава ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир“ кои екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадија во текот на вчерашниот ден. Со кражбата е причинета материјална штета, а претходно уреденото зеленило на локацијата е изгазено и уништено. Инцидентот е пријавен во полиција. Екипите на Градот Скопје и на […]

На центарот на Скопје му фалат 4.000 паркинг места, велат од ПОЦ


Во центарот на Скопје има значително поголема побарувачка на места за паркирање во споредба со капацитетот на постојните паркиралишта. ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), само во делот на паркинг зоните со кои стопанисува, во моментов забележува недостиг на 4.030 паркинг места. Од ова јавно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека располагаат со 5.173 обележани паркинг […]

Едукативна кампања за чистење пластичен отпад во Скопје


Eдукативна кампања и акција за чистење на пластичниот отпад и намалување на употребата на пластични амбалажи ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје.Кампањата ќе трае една недела и главно ќе се води на социјалните мрежи, а дел и на улиците на главниот град. Кампањата се води под името „Рециклирам 2019″, а целта е […]

Реновирано живеалиштето за кенгурите во Скопје ЗOO


Живеалиштето за кенгурите или реон попознат како „Австралија“ доби нов изглед. Благодарение на донацијата од општествено одговорната компанија „Подравка“, кенгурите добија нов реновиран дом, со нови поилки, ограда и пропратни елементи, а просторот пред живеалиштето е збогатен со нови интерактивни содржини и игри за деца. Белите кенгурчиња од Скопје Зоо беа вирална вест во сите […]

Нов парк во реонски центар Аеродром


Општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве почна градежни активности за разубавување на Реонски центар. Имено, на локацијата каде што се наоѓа детското игралиште се гради нов парк. Паркот ќе има вграден систем за полевање, ќе биде хортикултурно уреден и со нова урбана опрема. Исто така, постојното детско игралиште ќе биде целосно реновирано со […]

Се уште нема униформи во Аеродром: Купив бели блузи и им ги прешив амблемите


Поминува третиот месец од почетокот на учебната година, а учениците и родителите од Општина Аеродром се уште мака мачат да обезбедат училишни униформи кои се воведоа пред неколку години и кои се задолжителни, а треба да ги набави општината. Некои училишта добија дел од униформите, но голем проблем е што тие се со помали броеви, […]

Во Аеродром кампања за потсетување за промена на летните со зимски пневматиците


Кампања за потсетување на возачите на законската обврска за промена на летните со зимски пневматиците „Фати ја зимата навреме“ ќе спроведе денеска на територијата на Општина Аеродром Одделението за превенција при СВР – Скопје во соработка со општествено одговорни компании. – Сакаме да им посветиме внимание на сите учесници во сообраќајот со што ќе укажеме […]

Третина од првачињата во Центар со деформитети


  Дури 30,04 проценти од првачињата на територијата на општина Центар имаат неправилно држење или деформитети. Овие поразувачки резултати произлегуваат од неодамна спроведените „Дијагностички и прегледи (скрининг) на ‘рбетниот столб и на долните екстремитеи кај децата ученици од прво одделение во сите основни училишта, во организација на Општина Центар. Според стручните лица овој резултат е […]

Ни дипломатските возила нема неправилно да се паркираат


Градот Скопје ги информираше сите претставништва на странски држави во нашата земја дека своите службени возила треба да ги паркираат исклучиво на предвидените паркинг-места во градот, а во спротивно, возилата со дипломатски таблички ќе имаат ист третман од ЈП „Градски паркинг“ како и сите други непрописно паркирани возила. Во изминатиов период, градоначалникот на Град Скопје […]

Безбедна и квалитетна водата за пиење во Скопје


Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна и микробилошки исправна. Од ЈП Водовод и канализација информираат дека се анализирани 183 примероци за физичка-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 39 мерни места во Скопје. Испитаувањето е спроведено во период од 28 октомври до 1 ноември, а добиените резултати одговараат […]

Запалени уште два контејнера минатата вечер


Непознати сторители вчеравечер запалиле два контејнера за одлагање смет што беа поставени во населбите Центар и Чаир. Од ЈП „Комунална хигиена“ информираат дека на улицата „Орце Николов“, во близина на Генералштабот, вчеравечер е запален еден новопоставен контејнер. Во Чаир, пак, е запален стар метален контејнер на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“. Ваков инцидент се случи и […]

Облачно со повремен дожд


Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 12 степени, а дневната температура од 12 до 22 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до […]

Град Скопје најави блокирање на сметките на должниците за 2018 година


Град Скопје ги информира граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата, ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 годинa. По доставување опомени, како што се наведува во соопштението, следуваше изготвување решенија […]

РКЕ: Нема логика да работат топланите на високи температури


Во услови кога надоврешната температура  во текот на денот е околу 23 степени Целзиусови не гледам логика во вечерните часови да работат топланите, бидејќи на тој начин само се троши гориво кое има најголемо влијание врз крајната цена што ја плаќаат потрошувачите за потрошената топлинска енергија, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) […]

Работилница на ЕУ за финансирање проекти „ЕУ во Скопје!“


Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска организира работилница за финансиската поддршка којашто ја овозможува ЕУ. На настанот ќе се обратат евроамбасадорот Самуел Жбогар, вицепремиерот за европски прашања и национален координатор за ИПА-инструментот Бујар Османи, раководителот на Секторот за соработка во делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, како и шефот на Секторот за евроинтеграции, политички прашања, […]

„Најлудо“ се вози на Скопската обиколница, нови бројачи за брзина и фреквенција


Со брзина од 150 километри на час се движеле над 13.300 автомобили на Скопската обиколница во текот на септември годинава. На патот Тетово – Гостивар, пак, со брзина од 150 километри на час возеле 3.921 возило. Вкупната фреквенција на сите патишта во државава заклучно со септември годинава изнесува 490.735 возила, покажуваат податоците од автоматските и […]