Интензивно чистење на улици во Карпош


Утринава, цистерните на локалната самоуправа ги миеја локалните улици низ Карпош 3, а се чистеше и околу контејнерите, со машините под висок притисок т.н. вапови. Овие активности се интензивирани како резултат на ширењето на COVID – 19 (коронавирус), со цел да се обезбедат почисти улици и населби. Сепак, активностите за редовно миење на улиците продолжуваат […]

Скратено работно време на билетарниците на ЈСП


Од сабота (14.03.2020 год), билетарниците на ЈСП Скопје и центрите за персонализација ќе работат со скратено работно време, односно до 18 часот. И оваа одлука, како и останатите кои ЈСП Скопје ги донесе согласно препораките и мерките за заштита и превенција од коронавирусот, ќе важи во наредниот период, до идните препораки. Ги потсетуваме корисниците на […]

ЗОО Скопје со едукативни видеа додека трае забраната поради корона вирусот


Скопската зоолошка градина се досети да ги едуцира децата, кои поради мерките за заштита од Ковид-19, не одат во училиште. Секојдневно ќе се вклучуваат со едукативни видеа, при што секој ќе може да научи повеќе за животот на животните, нивните навики, исхрана и друго. Погледнете го првото едукативно видео на ЗОО Скопје. https://www.facebook.com/ZooSkopje/videos/1354754768057673/

Се дезинфицираат такси возилата и автобусите во Скопје


Град Скопје испрати препорака до сите такси превозници на подрачјето на градот Скопје да ги дезинфицираат такси возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси возачите да користат лична зашитита (маска и гумени ракавици). Дополнително, пратен е и допис до сите претставници на приватните превозници кои се вклучени во јавниот сообраќај […]

ЈСП го укина бесплатното возење на пензионерите


ЈСП соопшти дека од утре, четврток нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз. Истовремено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години и  мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно. […]

Во наредите две недели услугите на ПОЦ исклучиво по електронски пат


Јавното претпријатие „Паркинзи“ на Општина Центар од утре поради ситуацијата со коронавирусот привремено ќе ги затвори шалтерите за прием на странки и ги повикува своите корисници во наредните две недели да ги користат услугите на претпријатието по електронски пат на веб платформата www.poc.mk. – Корисниците ќе можат онлајн да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, […]

Миење и дезинфекција на сите контејнери во Скопје


Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје извршиле комплетно миење и дезинфекција на сите постоечки садови за исфрлање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје. Миењето и дезинфекцијата, како што информираа од ЈП, се вршело веднаш по празнењето на контејнерите, со употреба на специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа вода […]

Зоолошката градина времено затворена


Зоолошка градина Скопје во наредниот период нема да биде отворена за посетители поради придржување кон мерките за заштита од коронавирусот. -Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, Зоолошка градина Скопје нема да биде отворена за посетители во наредниот период, се додека траат мерките за заштита […]

ЈСП ги редуцира автобусите


Од утре, четврток (12.03.2020 год) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по редуциран возен ред, идентичен на возниот ред кој важи за време на зимски, односно летен училиштен распуст. Комплетниот преглед на возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk. Редуцираниот возен ред е согласно актуелната состојба со коронавирусот, намалениот број на корисници […]

СЦ „Борис Трајковски“ нема да работи наредните 14 дена


Согласно последните издадени забрани за одржување на сите собири на отворено и затворено од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, се известуваат сите корисници на содржините на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, дека од 11.03.2020 , па во наредните 14 дена, истиот нема да работи. Спортските настани во наредните 30 дена ќе се одржуваат […]

Отворена куќа за домување на жените – жртви од семејно насилство


Скопје, од страна на Град Скопје во соработка со Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, се отвори куќа за отворено домување за жените жртви на семејно насилство кои ја напуштиле насилната средина. – Градот Скопје изминативе години ја препознава потребата за обезбедување услуги на жртвите на семејно насилство, како посебна ранлива категорија, […]

Општина Карпош: Насочување на младите за полесен избор на средно училиште


Учениците од деветите одделенија од основните училишта „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе и „Аврам Писевски“ во Бардовци ќе имаат можност да добијат кариерно советување и насочување, што подразбира, учениците на полесен начин да го селектираат средното училиште во кое сакаат да го продолжат своето образование. Како што соопштија од Општина Карпош, стручни лица ќе работат […]

(Видео) Богоев: Во изолација и две деца од училиштето „Јан Амос Коменски“


Уште две деца се во изолација, овојпат се работи за ученици во училиштето „Јан Амос Коменски“, затоа што нивните родители биле на симпозиумот на дерматолози. По информациите дека во вторникот, во основното училиште „Братство“, во Тафталиџе, се одржало предавање за превенција од коронавирус (во две одделенија, од четврто и седмо одделение), од страна на докторка […]

Се расчистува теренот за новиот парк во Карпош 4


Во скопската населба Карпош 4, покрај булеварот „Илинден“, во тек се интензивни активности за расчистување и рамнење на теренот за изградба на нов парк. Како што информираат од Општината Карпош, веќе неколку денови, механизацијата работи на терен и го расчистува градежниот шут и кабаст отпад што со децении се одложувал на оваа јавна површина. Во […]

Ќе биде отстранета галијата кај стара пошта


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов изјави дека се создадени услови за да биде отстранета галијата што се наоѓа во близина на стара пошта, без опасност Градот да сноси какви било финансиски импликации. – Создадени се услови и во рок од 30 дена, сметано од денеска, корисникот треба да го отстрани она што се нарекува […]

Марш за правата на жените под слоганот „Ти не си виновна!“


По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, денеска напладне во Скопје под слоганот „Ти не си виновна!“ ќе почне четвртиот марш за правата на жените. Настанот е во организација на Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, а оваа година поттикнати од случајот „Јавна Соба“, ќе маршираат гласно и недвосмислено за жртвите на родово базирано насилство. Маршот, […]

Женско рели по повод Меѓународниот ден на жената


По повод Меѓународниот ден на жената, Осми март, автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) и клубовите членки на АФМ денеска ќе го организираат популарното „Женско рели 2020“. Како што наведуваат организаторите, свеченото отворање ќе почне во 10 часот, а првиот екипаж ќе почне во 10:30 од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Учеството за сите екипажи е бесплатно, […]

Пристигнаа машините за рециклирање пластични шишиња, за секое враќаат по 1,5 денари


Денеска пристигнаа првите 9 од планираните 27 повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња набавени од ЈП Паркинзи на Општина Центар кои локациски ќе бидат поставени низ целата територија на општина Центар. Центарци наскоро ќе го започнат светскиот тренд во рециклирањето и ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад со цел да […]

Шилегов официјално ги побара спомениците од „Скопје 2014“ за да ги дислоцира


Град Скопје поднел барање до Општина Центар за преземање на одржувањето и на сопственоста на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014″. Имајќи предвид дека станува збор за предизборен период, Советите ќе треба да донесат одлуки што ќе овозможат тоа законски да се реализира. – Од страна на Град Скопје поднесено е барање до Општина […]

Град Скопје: Во тек е доставувањето на решенијата за данок на имот за 2020


Град Скопје ги известува сите даночни обврзници дека е во тек  доставувањето на решенијата за данок на имот  за 2020 година. Сите даночни обврзници кои немаат платено данок на имот за изминатата 2019 година ќе добијат опомена за неплатен долг. Даночните обврзници коишто нема да добијат решенија за данок на имот или доколку во истите […]