Денеска се отвора живеалиштето на фламингата во Зоолошка


Денеска ќе биде отворено живеалиштето за фламинга во Зоолошка градина Скопје. Овој проект е изработен со поддршка на градот Скопје и направено е едно од најубавите живеалишта за овие егзотични птици во Југоисточна Европа. По тој повод ќе се одржи прес-конференција во Скопје ЗОО, точно пред новото живеалиште за фламинга, во 13 часот. На пресот […]

Во Карпош се поставија полуподземни контејнери


Град Скопје започнува пилот проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата, односно полуподземни контејнери. Станува збор за полуподземни контејнери со капацитет од 3 до 5 кубни метри од реномираниот фински производител „Молок“ кој преку своите локални партнери покрена иницијатива за тестирање на овие контејнери во Скопје. За таа цел на ул. „Никола […]

Прелет на воздухопловите на Армијата утре над Скопје 


По повод 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ, за утре од 12:00 до 13:00 часот е планирано надлетување над Скопје со група на воздухоплови. Како што соопшти РЦУК – Скопје, групата ќе биде формирана од девет воздухоплови и е планирано да лета во формација 3-2-2-2 и тоа: три хеликоптери Ми-17 – водител на група, два хеликоптера […]

Четири запуштени површини ќе добијат нов изглед


Запуштените простори кај „Млин Балкан“, на „Илинденска“, меѓу „Јане Сандански“ и „Владимир Комаров“, како и пред слаткарницата „Палма“ во Аеродром, ќе бдат преуредени во пријатни зелени површини, најавуваат од Град Скопје. Во рамките на големиот проект за ревитализација и редизајн на зелени јавни површини во градот, наредниов период во Скопје ќе започне изведбата на четири […]

Се потрошија субвенциите за тротинет, има уште за 50-тина велосипеди


Од објавувањето на јавните повици за доделување субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети, во Град Скопје до денеска се поднесени 2.774 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед и 214 барања за субвенции за купен тротинет. Со ова исполнета е предвидената квота за електрични тротинети, па барања од граѓаните за субвенции за […]

Зибери: Чаир со најмногу заболени во Скопје, Зелениково нема ни еден слуај


Директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери на денешната прес-конференција посочи дека во моментов во Скопје се 659 активни случаи. Центарот за јавно здравје Скопје, активно ја следи состојбата со ковид-19 на подрачјето на Скопје и ги презема сите активности според протоколите, рече претседателот на ЦЗЈ, Арбен Зибери на денешната прес-конференција во Владата. -Позитивните […]

Скопје доби кружен тек во Чаир


Вчера и официјално заврши техничкиот прием и означување на кружниот тек што се наоѓа во Чаир на улицата „Кемал Сејфула“. Како што соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој го посети кружниот тек, изградбата траеше изминативе неколку месеци, а вредноста е 20 милиони денари. -Станува збор за инвестиција која ќе овозможи на граѓаните […]

Во Скопје, најмногу активни случаи со Ковид-19 има во Чаир – 134


  Според податоците на Институтот за јавно здравје приказот на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата, согласно епидемиолошки обработените податоци, најмногу случаи има во Чаир. Во оваа скопска Општина заболен од Ковид-19 е и градоначалникот Висар Ганиу, […]

Дезинфекција на кејот на Вардар


За да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена, екипите на Град Скопје и екипите на Противпожарната бригада на Скопје, денеска повторно спроведоа голема акција за миење и дезинфекција на кејот на реката Вардар. Миењето се реализираше со цистерни со специјално средство за дезинфекција […]

Жданец и Трнодол утре без вода


Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од населбите Жданец и Трнодол . Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека перекинот со вода е поради промена на затварач Ф-100 милиметри на улицата „Жданец“ бб и ќе трае се до завршување активностите.

Пробно возење на екоавтобусите во време на карантин


Новите екоавтобуси на ЈСП „Скопје“ почнаа со пробно возење низ улиците на Скопје и наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт, соопштуваат од Град Скопје. Во тек е обуката на возачите, која ќе трае и за време на карантинскиот викенд, односно по пет возачи дневно ќе ги возат автобусите низ градот. До недела ќе бидат […]

Од понеделник прскање против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 08.06. (понеделник) и ќе се врши до 12.06. (петок), во период од 22 до 3 часот наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин […]

Во затворен угостителски објект инспекцијата затекнала претседател на партија


Вечерва Државниот пазарен инспекторат беше спречен да изврши увид во еден угостителски објект, со образложение дека нема гости внатре, рече чеверва на вонредна прес-конференција раководителот на Инспекциски надзор одделение Скопје, Мери Проја Продановска. – Колегите се вратија уште еднаш, па по 2,5 часа успеавме да влеземе внатре. Но, претходно излегоа луѓе, но инспекторот не е […]

(Фото) Почесен круг на новите еко автобуси


Еден од седумте нови еколошки автобуси на ЈСП , од предвидените 33 денес имаше пробно возење низ центарот на Скопје. Го улови нашиот фоторепортер Борис Грданоски. Автобусите на германскиот производител „МАН“ се паркирани во гаражата во Автокоманда и ќе се движат на гас, за да придонесат за почист воздух во главниот град. За еко автобусите […]

Градоначалникот на Чаир позитивен на Ковид-19


Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19. – По извршениот тест вчера за можноста на заразен со Ковид-19, ве информирам дека резултатот е позитивен. Чувствувам жалење за сите вас со кои сум имал контакт. Заедно ќе го надминеме и ова!, напиша Ганиу. Тој апелира до граѓаните […]

Градските автобуси 3, 3А, 3Б и 23 низ Ново Лисиче од денеска сообраќаат по редовната траса


Од денеска автобусите од јавниот превоз на линиите 3, 3А, 3Б и 23 низ Ново Лисиче сообраќаат по редовната траса, соопшти ЈСП. Во изминативе осум месеци, како што наведуваат од претпријатието, поради градежни работи во посочениот реон, возилата возеа по изменета траса, односно беа пренасочени по булевар „Србија“.

Богдановиќ на средба со угостителите од Центар


Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ денеска се сретна со претставници на угостителите од општината, со цел успешно и ефикасно организирање на работата на угостителските објекти во услови на криза. На состанокот присуствуваа и инспекциските служби од општината, командирот Милисав Мијаличиќ од Полициската станица – Центар и главните инспектори од СВР – Скопје. Во текот на […]

Шилегов: Се работат сите неопходни сценарија ако има карантин во Скопје


Не треба да импровизираме кога е Ковидот во прашање, туку да се придржуваме на препораките и барањата што ги има Комисијата за заразни болести, нагласи денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. Тој, одговарајќи на новинарско прашање дали кризниот штаб размислува за некакви мерки, доколку дојде до ситуација да се стави Скопје повторно во карантин, […]

Скопје со најмногу активни случаи на Ковид-19, најголем дел се во Чаир и Сарај


Најмногу активни случаи на болни од КОВИД- 19 има во Скопје, по што следуваат Тетово, Штип, Куманово и Велес. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во земјава моментално има вкупно 606 активни случаи. Од нив, 298 се во Скопје, 83 во Тетово, 68 во Штип, 55 во Куманово и 27 во Велес. Од […]

Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите


Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат. Превозниците треба да водат сметка и за бројот на патниците што ќе се превезуваат, а максимална искористеност, според владината уредба, е до 50 отсто од капацитетот на возилата. ЈСП Скопје соопшти дека поради зголемениот број на новозаразени […]