До 31 јули долговите за вода ќе се плаќаат без камати и на рати


Во таа насока, ЈП Водовод и канализација – Скопје  известува дека акцијата за наплата на долговите на рати без камата е во тек. Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, која започна на 17 јуни е со определен временски рок и завршува на 31 јули. Ги повикуваме сите […]

Царовска, Бајрактар и Богоев го посетија инклузивното детско игралиште во Карпош 2


Вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заменикот министер за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев,  денеска го посетија инклузивното детско игралиште во Карпош 2, кое е опремено со реквизити и играчки за деца со попреченост и стандардни реквизити, за да можат сите деца заеднички да се дружат […]

Скопје најголемо жариште на Ковид-19 во земјава, активни се 1.862 случаи, од кои 421 во Чаир


Од вкупно активни 3.284 случаи на заразени со Ковид -19 во земјава, 1.862 се во Скопје. Откако пред околу две недели драстично почна да се зголемува бројот на новодијагностицирани од коронавирус во земјава, а со што беше прогласен и вториот пик на епидемијата, во Скопје се бележат највисоките бројки, најмногу во општина Чаир. Од Министерството […]

Скопје со 1.800 активни случаи, на респиратор седуммина


Главниот град Скопје денеска е со најмногу активни случаи 1.800. Чаир, заклучно со вчера, останува лидер со 416, Гази Баба 151, Бутел 136, Сарај 138, Аеродром 141, Карпош 121, Кисела Вода 109. На Инфективната клиника денеска се примени шест пациенти, каде вкупно има 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на респиратор. […]

Чаир, Гази Баба, Сарај, Бутел и Аеродром со најмногу активни случаи на Ковид-19


Чаир со 413 случаи на заразени од корона вирус, предводи во скопските општини. Следуваат Гази Баба, Сарај, Бутел и Аеродорм, но и Центар, Карпош и Кисела Виде се општини кои имаат над 100 заболени. Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини […]

Најден човекот што истури шут кај ПМФ – му следува казна


  Екипи на Инспекторат на Град Скопје навремено спречија непрописно одлагање на кабаст отпад и создавање дива депонија во близина на комплексот на Природно математички факултет во Гази Баба. Сторителот е најден преку сигурносни камери на комплексот и ќе биде соодветно казнет, соопштија од Град Скопје. Имено, вчера преку социјалните мрежи се проширија фотографии и […]

Почнува да се гради паркот „Бојмија“ во населбата Острово


Населбата Аеродром наскоро ќе се збогати со уште еден нов парк. Во населбата Острово почнува изградбата на паркот „Бојмија“, кој ќе претставува модерен урбан хортикултурно уреден простор со високи естетски карактеристики. Паркот ќе биде лоциран во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, а ќе се протега на површина од 5 500 м2. Во рамките на […]

Дрисла доби нов еколошки стерилизатор за медицински отпад


ЈП депонија Дрисла-Скопје набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се става крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен […]

И „Скопје Прајд“ онлајн


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими организаторите на манифестацијата „Скопје Прајд“, која оваа година поради пандемијата на КОВИД-19 се одржува виртуелно во периодот 20-30 јуни. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, претставниците на граѓанските организации кои работат на „Скопје Прајд“ го информираа Пендаровски за планираните активности кои имаат за цел подигнување на јавната свест, […]

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните во Скопје дека во периодот до одржувањето на парламентарните избори ќе биде овозможено подигање на готовите лични документи (лична карта и пасош) и во текот на деновите од викендите. – Во периодот до одржување на парламентарните избори на 15. 07. 2020, Министерството за внатрешни работи ќе овозможи, во […]

Саша Богдановиќ негативен на корона вирус


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ е негативен на корона вирус. Тој се тестираше откако вработена во општината беше потврдена позитивна, а тој и уште неколкуминао допштината имале контакти со неа. „Сакам да ве информирам дека ги добив резултатите од тестот за Ковид-19 и дека тие се негативни. По позитивниот тест на секретарот на Општина […]

Секретарот на Општина Центар позитивна на Ковид-19 – се чекаат резултати за Богдановиќ


Маја Ралевска, секретарот на општина центар е позитивна на Ковид 19. Поради интензивните контакти тестирање направил и Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ги чека резултатите од тестот на Ковид 19, откако општинскиот секратар, Маја Ралевска е позитивна на коронавирус. -Вчера ми направија тест откако дознавме дека Ралевска е позитивна. Преземени се сите мерки за […]

Во јули ќе биде реконструирана скопската улица „Орце Николов“


Општина Центар најави дека во јули ќе започне со реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, која е една од најфреквентите и најпознатите улици во Скопје, белег на Дебар Маало, со што почнува со средување на неследениот сообраќаен хаос. – Водејќи се од мотото „Здравјето и безбедноста на граѓаните пред профитот“, за заштита на пешаците, а особено […]

Чаир се ближи до 400 заболени, уште шест општини со над 100 заболени


Активни случаи по општини во Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) •       Чаир – 384 •       Аеродром – 130 •       Бутел – 140 •       Гази Баба – 153 •       Центар – 133 •       Карпош – 114 •       Сарај – 130 •       Кисела […]

Отстранети рекламни објекти од пешачките патеки во Скопје


Град Скопје спроведе акција за отстранување на билборди и други рекламни објекти од пешачките патеки на неколку улици во градот. „Го ослободуваме јавниот простор за потребите на пешаците и на велосипедистите. Град Скопје ги отстрани ситилајтовите на улицата Св. Кирил и Методиј и овозможи непречено минување на овој дел од тротоарите“, соопштија од Градот. Градоначалникот […]

Градоначалникот Шилегов објави дека е позитивен на коронавирус


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот фејсбук профил напиша дека е позитивен на коронавирус. „Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19. Искрено се надевам дека […]

Нови штедливи чешми на тастер во Аеродром


На 30 локации во Општина Аеродром се поставуваат нови чешми за пиење вода. – Новите чешми се со посовремен дизајн, со горен и долен сливник, со временски потисен вентил (тастер) и со автоматска деактивација до 10 секунди. Со поставувањето на новите чешми ќе се постигне значителна заштеда на вода – велат од Општината.

„Аџибадем Систина“ воведува серолошко тестирање за Ковид-19 во домашни услови


Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведува можност за земање материјал за лабораториски испитувања и анализи, како и тестирање за детекција на Ковид-19 со брз серолошки тест во домашни услови. Од болницата велат дека нивна мобилна екипа ќе ги посетува домовите бесплатно, по што примероците брзо ќе се транспортираат за лабораториска анализа во дијагностичките лаборатории на „Аџибадем […]

Во Скопје 1507 активни случаи, најмногу во Чаир 336


Од регистрираните нови 182 случаи со Ковид-19 во државава, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, 107 се од Скопје, со што вкупниот број заболени во градот достигна 2.243, а активни се 1.507 случаи. Најголем број активни случаи и натаму има во општината Чаир – 336 што е за 30 повеќе од вчера, потоа […]

Викендов ќе се прска против комарци


На подрачјето на градот Скопје на 20 и 21 јуни (сабота и недела) во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат градските власти. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во […]