Паднати дрвја од невремето во Скопје, засега без застои во движењето


Екипите на јавните градски претпријатија од вчера и во текот на денешниот ден се на терен и интервенираат по невремето кое го зафати Скопје. Од ЈП „Паркови и зеленило“ за МИА информираат дека нивни екипи интервенирале вчера и денеска, а дежурни екипи ќе работат и попладне и во текот на ноќта, ако има потреба. Денеска […]

Се чисти атмосферската канализација за да не се поплави Скопје


Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека по обилните врнежи од дожд и засилениот ветер нивни екипи во текот на вчерашниот ден почнале со активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализациска мрежа. Екипите на претпријатието и денеска продолжуваат со расчистување и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територијата […]

И Скопје може да стане Бејрут


Билјана Богдановска Експерти во Либан со месеци предупредувале дека доколку не се острани опасниот амониум нитрат од пристаништето во Бејрут, каде што бил складиран во 2013 година, може да го крене целиот град во воздух. Тоа навистина се случи вчера, при што загинаа повеќе од 100 луѓе, а над 4.000 се повредени. Поради хаваријата, 300.000 […]

Никој не се јавил на тендерот за уривање на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“


Ниту една фирма не се пријавила да ја урива дивоградбата кај трговскито центар Мавровка. Тендерот за ангажирање на фирма за уривање на бесправно изградениот објект беше распишан на 27 јули и траеше до денеска. Од Општина Чаир велат дека веќе утре повторно ќе биде објавен нов повик, со истите критериуми. Сите законски рокови истекоа, но […]

Невреме во Скопје


Силно невреме го зафати Скопје попладнево. Град со големина на орев паѓа во неколку населби и делови од градот. Во други, невремето е со послаб интензитет. УХМР претходно најави дека под влијание на циклонска активност времето од утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со повремени врнежи и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во […]

Има пари уште за субвенции за 3.000 инвертери


Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.150 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања. Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат […]

Објавен тендер за идеен проект за трамвај на тркала од Ѓорче Петров до Ново Лисиче


Градот Скопје денеска го објавија тендерот за избор на проектант што ќе го изработи идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем – БАС (Bus Rapid Transit – BRT) или популарно наречен „трамвај на тркала“. Станува збор за брза автобуска линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, со приближна должина од 12,81 километри во […]

Инвеститорот не ја урна градбата кај „Мавровка“, ќе го стори ли тоа Чаир?


Осум дена поминаа, а не се појавија ниту мајсторите ниту инвеститорот на објектот кај „Мавровка“. Денеска истекува рокот во кој инвеститорот на објектот во Мавровка можеше сам да ја отстрани дивоградбата која никна на место на изгореното кафуле „Фонтана“. Доколку до полноќ објектот не го урне инвеститорот, обврската ја презема Oпштина Чаир, која воедно и […]

Грчев: Проектот „Скопје 2014“ заглави меѓу Министерството за култура и Владата


Во Само интервју на Канал 5 гостуваше Мирослав Грчев професор на архитектонски факултет и член на работната група за ревизија на проектот Скопје 2014. -Работната група која што требаше да направи анализа и да даде предлог мерки за справување со проектот Скопје 2014 беше формирана со решение на министерот за култура 2017 година. За самиот […]

Аеродром се изедначи со Чаир по број на заболени од Ковид-19


Скопската Општина Аеродром, денеска има ист број активни случаи со Чаир, Општина која речиси цел месец предничеше по бројот на заразени со корона вирус, покажува  последниот извештај на Институт за Јавно здравје. Денеска и во Аеродром и во Чаир има по 171 активен случај со Ковид-19.. Над 100 активни има уште и во Гази Баба, […]

РКЕ не донесе одлука за цената на парното


Регулаторната комисија за енергетика денеска не донесе одлука за цената на парното греење што го плаќаат скопјани. Како што истакна директорот на РКЕ Марко Бислимоски, одлуката не е донесена заради сериозните забелешки што ги имале од БЕГ кои немале време да ги разгледаат. -Согласно измените што ги направивме на правилниците на почетокот на јуни имаме […]

Нова опрема за заштита од пожари на Водно, Сарај и Матка


Градот Скопје со набавка на опрема за справување со шумски пожари го подига нивото на заштита на природата на комплексот Водно, Сарај и Матка. Опремата која се состои од два шумски трактори (четвороцикли), рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили ќе […]

Општина Карпош во две смени се грижи за зеленилото


Општина Карпош соопшти дека продолжува со интензивно одржување на зелените површини, во сите населби. Комуналните служби, велат од општината, работат и во попладневните часови, со цел да се подигне нивото на квалитет на зелените површини. Покрај автоматските системи за наводнување, на локациите каде што не е возможно да се постави систем, работниците рачно ги наводнуваат […]

Презентиран предлог ДУП за Стара железничка станица


Во салата на Советот на Општина Центар, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со вработените од Секторот за урбанистичко планирање и планерите, денеска го презентираа предлог Деталниот урбанистички план Градска четврт Ц 06 – Стара железничка станица. На јавната презентација присутни беа претставници од надлежните институции и комунални претпријатија (ЈП Водовод и канализација – […]

Работната група за „СК2014“ бара Богдановиќ да ги отстрани сите објекти од Мал Ринг


Во допис од осум точки, во форма на пополнет прашалник на јавната анкета за ДУП Мал Ринг на Општина Центар, работната група за справување со последиците од т.н. Проект „Скопје 2014“, го испрати своето мислење до Градоначалникот Саша Богдановиќ и Општина Центар, држејќи се единствено до аспектите на проектот, при што бара отсранување на објектите, […]

Во тек е реализација на втората фаза од проектот за гасификација на Општина Илинден


Во рамките на проектот Воспоставување гасификациски систем, воведување гасификација на стопанските објекти, воОопштина Илинден во тек е реализацијата на втората фаза од овој проект во должина од 3.500 метри, од локалната економска зона Марино-Кадино до локалната економска зона Ограѓа. Гасификацијата на општина Илинден како капитален проект е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, […]

За празниците ЈСП сообраќа по неделен возен ред


Утре, петок (31.07.2020 год) поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, линиите 11, 11А, 47А, 55, 55Б, 56, 56А и 160 ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во понеделник (3.08.2020 год), поради државниот празник Илинден (Ден на Републиката), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 19.30 часот […]

„Комунална хигиена“ поставува специјални садови за отпад за Курбан Бајрам


По повод утрешниот празник Курбан Бајрам јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје поставува специјални садови за одлагање на органскиот отпад од колењето на курбанот, со цел спречување на неконтролираното одлагање на овој вид отпад на јавни површини што може да доведе до низа штетни последици врз животната околина и јавното здравје. Директорот на претпријатието Абдусамед Шабани денеска […]

ЦИВИЛ ќе покрене иницијатива за локален референдум за Универзална сала


ЦИВИЛ и организациската единица Зелен Цивил во рамки на неформалната јавна дискусија поврзана со Универзална сала предлагаат консултативен локален референдум која ќе ја одреди судбината на овој објект, кој се смета за симбол на солидарноста. -Овде говориме за објект што претставува симбол на солидарноста, изграден по земјотресот во 1963 година во Скопје, пуштен во употреба […]

Шилегов: Треба референдум за Универзална сала


Референдум на кој граѓаните ќе одлучат што да се прави со објектот на Универзалната сала во Скопје, е една од опциите кои ги најави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на денешниот брифинг. – Нема донесено конечна одлука за Универзалната сала. Првата опција е изградба на нова Универзална сала на постојната локација, втората е изградба на […]