(Видео) Се урива дивоградбата кај „Мавровка“


Екипа на Јавното претпријатие за патишта почна со уривање на дивоградбата пред „Мавровка“. Погледнете во живо: https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/320821329168313 Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна […]

Јавното претпријатие за патишта ќе ја урива дивоградбата кај „Мавровка“


Премиерот Зоран Заев, на својот Фејсбук профил извести дека Владата донесла одлука Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта треба да обезбеди механизација и работници и да ја урне дивоградбата кај „Мавровка“, а за тоа Општина Чаир нема да плати. – Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана […]

Шилегов: Со вонредното прскање против комарци очекувам целосно да се санира проблемот


Со вонредното терестично прскање против комарци што започна синоќа во 21 часот мислам дека состојбата е сериозно ублажена и очекувам по завршување на прскањето целосно да се санира тој проблем, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој појасни дека постапката, процедурата, начинот и средствата за извршување на прскањето се работа која Градот од […]

Шилегов се пофали дека постигнал рекорд во зелени површини 


Урнат е рекордот на подигање и возобновување на зелените површини во пресрет на есенското садење во градот. Сега имаме над 117 илјади метри квадратни ново зеленило во Скопје, информира денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Досегашниот рекорд, како што рече Шилегов на прес-конференција, бил 100 илјади, и очекува оваа количина или кванититет на зеленило, […]

Општина Аеродром ослободи одредени категории родители од плаќање месечен надоместок за градинка


Општина Аеродром ослободи одредени категории родители од месечен надоместок за престојот на нивните деца во детските градинки, за период од 1.9.2020 до 31.12.2020 година. Со одлуката, изгласана на денешната седница на Советот на Општина Аеродром, од плаќање месечен надоместок се ослободуваат следните категории родители: – Родители на три деца запишани во градинката, се ослободуваат од […]

(Видео) Реконструкција на улицата „Боца Иванова“ во Бутел


  Од денеска почна реконструкцијата на улицата „Боца Иванова“ во Општина Бутел, која ја поврзува со Општината Шуто Оризари. Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата „Боца Иванова“, во општината Бутел, на потегот од кружниот тек до улицата „Лазар Трповски“. На оваа делница со должина од 800 метри ќе се обнови коловозот, а […]

Општина Гази Баба набавува 250 таблети за учениците


  Општина Гази Баба набавува 250 таблети за децата кои немаат како да ја следат он лајн наставата. – Целта е да ги надминеме недостатоците кои се јавија лани кога имаше ученици кои не можеа да набават технички уред или во исто време настава требаше да следат две или повеќе деца од едно семејство. Општина […]

„Пакомак“: Од тоа каде ќе го фрлите шишето зависи како ќе живеат вашите децалектирањето на отпадот


Селектирањето на отпадот и грижата за животната средина во која сите заедно живееме, почнува од секој од нас. Никој друг не може да го земе пластичното шише од вашиот дом и да го фрли во контејнерот за селекција освен вие самите, а вашиот избор не е само ваш, туку и избор за тоа како ќе […]

Во читална со маска и ограничен број на посетители


Од 1 септември читалните во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе работат од 8 до 19 часот, од понеделник до петок. За работа на читалните ќе важи посебен протокол, за да се овозможи заштита на корисниците и на вработените од ширењето на коронавирусот. Како подготовка пред отворањето на читалните во целиот објект се отстрануваат сите места […]

Нема да се градат Шпанските скали на Плоштад


Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, ја одби жалбата на инвеститорот за изградба на таканаречените Шпанските скали. Со ова останува на сила решението издадено од општина Центар за ништовност на одобрението за градење на шпански скали, за чија изградба имаше многу негативни реакции во јавноста. Општина Центар, на 12 мај, донесе решение со […]

Во Скопје денеска изменет сообраќаен режим заради протестите


Поради најавен протест денеска од 15 часот до завршување,  во централното подрачје на град Скопје, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим, информираат од СВР Скопје. – Затворени за сообраќај од 15:00 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: ул. „Кирил и Методиј“, бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрие Чуповски“, ул.„11-ти Октомври“, ул.„Македонија“ и ул.„Даме Груев“, а […]

Манастирот во Матка слави Успение на пресвета Богородица со мерки за Ковид-19


Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Успение на пресвета Богородица, еден од најголемите празници посветен на Мајката Божја. Скопјани традиционално на овој ден го посетуваат манастирот посветен на Успението на пресвета Богородица во Матка, каде оваа година одбележувањето ќе биде согласност мерките за заштита од коронавирусот. По повод празникот, поглаварот на МПЦ – ОА г.г. […]

Одобрението за градба на „Шпански скали“ прогласено за ништовно


Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, ја одби жалбата на инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ за изградба на „Шпанските скали“, а со ова останува на сила решението издадено од општина Центар за ништовност на одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, за чија изградба имаше многу негативни реакции во јавноста. Општина Центар, во мај […]

Новото детско игралиште во Кисела Вода оштетено од вандали


Општина Кисела Вода информира дека неодамна направеното ново детско игралиште во урбаната заедница „11 Октомври“, вчера беше оштетено од несовесни граѓани. Општината најостро ги осудува сторителите на ваквото дело, и воедно ги повикува граѓаните доколку забележат дека некој врши оштетување на јавните добра, урбана опрема, детски и спортски игралишта и сл. веднаш да пријават во […]

Шилегов: Од понеделник повторно прскање против комарци, секоја дезинсекција е под надзор на ЦЈЗ


Од понеделник ќе се врши терестрична дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје против возрасни форми на комарци. Оваа дезинсекција ќе почне на 31 август и ќе заврши најдоцна до петок, 4 септември. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Како […]

Денеска и утре повеќе автобуси на ЈСП кон Матка


Ве информираме дека денеска (27.08.2020 год), во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на линијата 60 која оди од Транспортен центар до Матка во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси. Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и утре, петок (28.08.2020 год) од 7 до […]

И на Шилегов му смета што „АСНОМ“ долго е непрооден за сообраќај


Дел од булеварот „АСНОМ“ во Ново Лисиче, во близина на Паркот на авиончето, веќе две години, одвреме-навреме, е непрооден за сообраќај. Поради тоа, многу често, од страна на Ново Лисиече не може да се пристапи кон мостот кој води кон излез од Скопје. Од другата страна на мостот, едната коловозна лента речиси постојано е затворена, […]

Почна реконструкцијата на дел од булеварот „Февруарски поход“ во Ново Лисиче


Град Скопје започнува со реконструкција на дел од булеварот „Видое Смилевски Бато“, на потегот од „Февруарски поход“ до крстосницата со булевар „Србија“, а градежните работи предвидено е да траат триесетина дена. – Овдека вршиме целосна реконструкција на коловозот во должина од околу 700 метри, целосна нивелација на шахтите и замена на ивичниците коишто се евентуално […]

Фото галерија од утринското прскање на комарците


Фоторепортерката на МИА Ивана Батев изутринава беше во еден од авионите со кои се вршеше прскањето против комарци во Скопје. Од воздух со својата камера ја проследи дезинсекцијата што опфати над 10 илјади хектари со педесетина жаришта на комарци. Авионското запрашување на главниот град првично требаше да биде изведено вчера, но беше одложено поради неповолните […]

Нема сушење алишта во дворови и тераси во Ѓорче Петров


Градоначалникот на општина Ѓорче Петров – Александар Наумоски, преку Фејсбук ги потсети жителите на општината дека според новите измени на одлуката за комунален ред и мерките за нејзино спроведување, граѓаните не смеат да сушат алишта во своите дворови, ако истите гледаат кон улица или плоштад. „Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на […]