Црвен крст: Имајте сет за прва помош, никогаш не знаете кога ќе ви притреба


Биди подготвени. Однапред подготвен сет со материјали за Прва помош секогаш треба да чувате во домот или во автомобилот. Никогаш не знаете кога ќе ви треба, порачува Црвениот крст на Град Скопје по повод Светскиот ден на прва помош. Во соопштението испратено до јавноста, Црвениот крст посочува дека е важно секој граѓанин да има основни […]

(Галерија) Пожар во близина на СЦ „Борис Трајковски“


Густ бел чад се надвива над Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде гори запалено ѓубре. На фотографиите се гледа дека чадот го покрива и паркингот кај салата. Полицијата е пристигната во близина на пожарот. Три возила на пожарната со осум пожарникари се обидуваат да го изгасат пожарот, но велат дека е тежок за гасење. Противпожарните екипи […]

Воздухот во Скопје викендов енормно загаден


Воздухот во Скопје, особено во централното градско подрачје, и денес беше енормно загаден, покажуваат државните мерни станици. Во вечерните часови на пример квалитетот на воздухот, мерен според параметарот EAQI (Air Qulity Index), имаше вредност од речиси 80 единици, според апликацијата AirCare. Овој индекс е мерка која прави сума на сите измерени вредности на сензорите на […]

Метежот за влез во Скопје не престанува, дупката од 4 метри е нов проблем за реконструкцијата


Откако минатата недела почна реконструкцијата на булеварот „Александар Македонски“ за влез во Скопје, речиси нормална појава се колоните возила кои по најмалку еден час чекаат да влезат во главниот град. Ситуацијата и денеска е иста. Како што може да се види од фотографиите на нашиот фоторепортер Борис Грданоски колони возила возат споро во едната лента, […]

Со дрон се бараат загадувачите и дивите депонии


Градот Скопје во соработка со здружението ЕРГОС Скопје започна еко дрон патрола, односно прелети со дрон низ територијата на Скопје во потрага по потенцијални загадувачи, огнови на отворено и можни создавања на диви депониии. Во рамките на оваа соработка, ЕРГОС Скопје во партнерство со Центарот за одржлив развој Елипса досега реализицираше 12 прелети со еко […]

Ѓорчепетровци не даваат да се гради 17-катница


Стотина жители на општината Ѓорче Петров денеска излегоа на протест против изградбата на седумнаесеткатница во местото Јурија. Според нив тука треба да никне бетонски ѕид од 58 метри во кој ќе се населат 3000 нови жители. Тие ја блокираа главната сообраќајница во општината улицата Ѓорче Петров точно напладне со барање да се ревидира детелниот урбанистички […]

Град Скопје не може да им ги зголеми платите на пожарникарите


Нови триесет пожарникари и пожарникарска скала, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, но вели не може да им ја зголеми платата. -Градот, за жал, не е тој кој што ја определува висината на платата на пожарникарите и надоместокот кој што го добиваат. Тоа е нешто што го трансферираме до пожарникарите по пат на […]

И онлајн може да се купат влезници за Зоолошка


Откријте го шарениот и разновиден животински свет на Зоолошката градина – Скопје преку новата мобилна апликација Skopje ZOO, која е достапна на Play Store и App Store. Една од главните карактеристики на апликацијата е што за прв пат ќе можат да се купуваат единечни или групни билети онлајн, што во време на препорачана социјална дистанца […]

По пожарот, скопјани нема каде да добијат извод


Два дена по пожарот во зградата во центарот на Скопје каде е сместена и Подрачната единица на Управата за водење матични книги, скопјани не можат да ги добијат потребните документи. На вратата стои лист на кој пишува дека на кој пишува: „Поради ислкучена електрична енергија и пожарот во зградата, шалтерите на матично и др. институции […]

Град Скопје започна со реконструкција на улицата „Никола Карев“


Град Скопје денеска започна со реконструкција на улицата „Никола Карев“, на потегот од крстосницата со ул. „Трета Македонска бригада“ до бул. „Кузман Јосифовски Питу“. Вредноста на проектот изнесува околу 15 милиони денари, а рокот на изведба е 30 календарски денови. – Како улица која се наоѓа во граничниот дел меѓу општините Центар и Аеродром најмногу […]

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје бара покачување на платите на нивото предвидено со закон


Покачување на платите на скопските пожарникари на нивото предвидено со закон и потврдено од суд, бара Синдикатот на пожарникари на Град Скопје. Со тоа, посочуваат од Синдикатот, Градот ќе заштеди на судски трошоци, а пожарникарите во просек би добивале 25-26 илјади денари, наместо досегашните 20 илјади денари. Од Синдикатот, исто така, посочуваат дека судот пресудува во нивна […]

Продолжен рокот за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води во Скопје


Продолжен е рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје за град Скопје, информираат од Водовод и канализација. Со цел да се излезе во пресрет на потенцијалните апликанти и заинтересирани страни, рокот за поднесување на апликациите се продолжува и […]

До крајот на септември нема слободно место во „Мој термин“ во болниците


Ако не сте итен случај, а сакате во септември да ве прегледа специјалист од Клинички или во ГОБ “8 септември” нема да може зошто нема термини преку “Мој термин”. На повеќе Клиники и во градската општа болница до крајот на месецот пополнети се местата речиси за сите специјалности. Од друга страна ако сакате да изберете […]

Користете ги алтернативните рути за влез во Скопје додека се реконструира Бул. Александар Македонски


Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба, што е во тек. – Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон […]

Не издржа врбата во Вардар – една од трите што чинеа 250 илјади евра


Една од трите врби што беа поставени во 2012 година во реката Вардар во центарот на Скопје, е оштетена. Имено, се работи за врбата која се наоѓа во средина, а нема информации како дошло до оштетувањето. Врбата е оштетена уште од август кога имаше чести дождови пропратени со ветар си го направија своето. Поставувањето три […]

Нов зелен плоштад кај „Млин Балкан“


На јавната парковска површина која е лоцирана пред и зад амбулантата „Млин Балкан“,  Град Скопје од денеска уредува нов зелен плоштад. Целосната површина на предниот и задниот парк ќе се преработи со тоа што само високото зеленило ќе се остави и вклопи во новата концепција на уредување на просторот. Делот на паркот кој е лоциран […]

Од оџак во Лисиче извадени 10 килограми мед – спасено пчелно семејство


Изминатиов викенд во скопско Лисиче се случувала вистинска борба за да се спаси и на сигурно да се дислоцира едно големо семејство пчели. Се започнало кога пчеларот Марјан Станковски добива повик од пријател кој бара од него да даде совет како да се извади еден рој пчели кои се населиле во новоизградена куќа во населбата […]

Успешен почеток со работа на градинката „Буба Мара“ во Аеродром


  Утрово со работа почнаа градинките во државата, а министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, беше во посета на градинката „Буба Мара“ во Општина Аеродорм. Директорката на градинката информирала дека денот успешно започнал, децата дошле во градинка заедно со своите родители, а при влез биле запазени сите протоколи за заштита од Ковид-19. Шахпаска […]

Во Скопје нема општини со повеќе од 100 заразени


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани во Скопје се 33 нови случаи на корона вирус, а оздравени се 48, додека еден пациент ппочинат е на 59 годишна возраст. Вкупната бројка од почетокот во Скопје изнесува 6.156 од кои активни се 575. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките […]

Се реконструира улицата „Македонско-косовска бригада“ во Општина Чаир


Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата „Македонско-косовска бригада“ во општина Чаир, на потегот од крстосницата со булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска) до крстосницата со „Втора македонска бригада“. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите […]