Центар, Карпош и Аеродром со повеќе од 240 активни заболени од Ковид-19


Од новите 386 случаи со корона вирус денеска, 178 се од Скопје. Во главниот град, во моментот има 1.432 активни случаи, а дури три општини имаат повеќе од 240 активно заболени граѓани. Центар е на врвот со 265 активни, па следуваат Аеродром со 257 и Карпош со 242. Повеќе од 100 има во Гази Баба […]

JСП Скопје: Автобусите в понеделник ќе возат по неделен, зимски возен ред


Автобусите од јавниот превоз в понеделник (12 октомври) ќе сообраќаат по неделен, зимски возен ред поради државниот празник 11 Октомври, Ден на народното востание, соопшти денеска Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. Дежурни ќе бидат три билетарници, односно билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче кои ќе работат од 7 до 19:30 часот, а од 7 […]

Паметни клупи и дрворед јапонски цреши ќе никнат на плоштадот „Јадран“


  За првпат на територијата на Општина Центар и воопшто на територијата на цела држава, ќе бидат поставени паметни клупи на јавна површина од страна на здружението „Гоу Грин“ и тоа на плоштадот „Јадран“. – Новите паметни клупи ќе обезбедат бесплатен интернет и можност за полнење на мобилни телефони – најави градоначалникот на Општина Центар […]

(Во живо) Прес на Шилегов и Богдановиќ


Проследете ја во живо прес-конференцијата на градоначалниците на Скопје и Општина Центар Петре Шилегов и Саша Богдановиќ. https://www.facebook.com/359477174168894/videos/265751671327591/?__tn__=F

В среда, крводарителска акција  во Општина Аеродром


Крводарителска акција ќе се одржи в среда, 14 октомври, во просториите на Општина Аеродром. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 9 – 14 часот, а крв можат да даруваат сите заинтересирани граѓани. Притоа, ќе се почитуваат сите мерки за заштита од Ковид-19. Крводарителската акција е во организација на Црвен Крст на Р. Северна Македонија […]

Богоев до учениците и наставниците: Да ги почитуваме мерките


Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев денеска го посети Основното училиште „Лазо Трповски” во населбата Карпош 3. Заедно со директорката на училиштето и службите имаа можност да видат како се одвива наставата со физичко присуство и онлајн предавањата. Како што соопшти Општина Кисела Вода, во текот на посетата тие поразговараа и за алгоритмите и постапката […]

„Васил Ѓоргов“ утре целосно затворена поради градежни активности


Градот Скопје информира дека почнувајќи од утре), по 18 часот, ќе почне гребење на асфалтниот слој на улицата Васил Ѓоргов, согласно со привремениот режим на сообраќај. Поради тоа, делови од оваа улица ќе бидат целосно затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по околната патна мрежа. Од Град Скопје апелираат до сите учесници во […]

Најголем број активни случаи има во Центар – 241, следат Аеродром со 240 и Карпош со 214


Во Oпштина Центар има најголем број активни случаи со Ковид-19, чиј број денеска изнесува 241, покажуваат податоците за состојбата со Ковид-19 во земјата, што ги објави Министерството за здравство. Во Аеродром има 240 активни случаи, во Карпош – 214, Гази Баба – 140, Кисела Вода – 138, Ѓорче Петров – 104, Чаир – 72, Бутел […]

Дрво падна врз возило во движење кај „Зебра“, кој ќе одговара?


Утрово, врз автомобил во движење падна дрво на улицата „Васил Ѓоргов“ во скопски Капиштец, во близина на Т.Ц. „Зебра“. Добро е што во инцидентот нема повредени, затоа што дрвото паднало врз хаубата на автомобилот, па возачот останал неповреден. Сепак, возилото е значително оштетено. Овој булевар е под реконструкција од пред два дена. Поради тесните тротоари, […]

За 35,5 отсто зголемен бројот на заразени со Ковид-19


Министерството за здравство соопшти дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 28 септември до 4 октомври, тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 1,5 отсто повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи од […]

Уште 22 првачиња од „Гоце Делчев“ во изолација


Општина Центар ја информира јавноста дека уште 22 првачиња распоредени во две паралелки од центарското основно училиште „Гоце Делчев“ се во изолација. Мајка на едно од првачињата, која е и наставник во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на корона вирусот, и не одела на работа, сепак детето го носела на настава.  Општина Центар […]

Аеродром и Центар со повеќе од 200 активни случаи


Со денешните рекордни 317 новодијагностицирани со Ковид-19, бројот на активни случаи во главниот град се искачи на 1.166. Од нив најголем дел се во Центар 21о, а веднаш зад него е Аеродром со 208 активни случаи. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини […]

Директорот на Паркинзи на Општина Центар, Влатко Кичевски, позитивен на КОВИД-19


Васко Кичевски, директор на Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар е позитивен на КОВИД-19. Како што соопшти на неговиот Фејсбук профил, и покрај почитување на мерките за заштита од вирусот, утрово добил позитивен резултат на направениот тест. „Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја […]

Општина Центар со најмногу активни случаи од Ковид-19, дури 171


Од денешните 225 нови случаи со корона вирус, 120 се во Скопје, а по број на активни случаи предничи скопската општина Центар, со дури 171 заболен од Ковид-19. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети и со можност да има измена во дистрибуцијата): Чаир – 61, Гази Баба – 114, Аеродром […]

Ишкртани таблите на личностите од „хеленското наследство“ на мостот „Око“ во Скопје


Кусо време се гледаше на таблите под неколку скулптури на мостот „Око“ во Скопје дека тие личности се дел од хеленското наследствона оваа територија. Пердика I, Архелај I, Аминта III… добија табли дека тие се дел од античката хеленска историја, но тие денеска осамнаа ичкртани со спреј и напишано „МК“. Македонските власти овие табли ги […]

(Видео) Инсталација „Парк на книгата“ отворена во Ново Лисиче


Во Ново Лисиче денеска беше отворена просторната едукативна инсталација наречена Паркот на книгата која е наменета за најмладите. На пуштањето во употреба присуствуваа градоначалникот  Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. – Станува збор за едукативна инсталација која има за цел кај децата уште во најрана возраст, на еден забавен начин, низ […]

Шилегов: И Ковид може да го одложи отворањето на Лајка


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска соопшти дека е предвидено стационарот за бездомни кучиња Лајка да се отвори в среда, доколку никој од вработените кои во моментов се во фаза на тестирање не е позитивен на Ковид-19. – Планот е да го пуштиме в среда, освен ако не ни се јави некој од тимот […]

Зелен парк по течението на Серава и Лепенец


  Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на јавната презентација на Основниот проект за воспоставување зелен коридор по течението на реката Лепенец, која се одржа во салата на Советот на Град Скопје. Овој проект е изработен врз основа на Студијата за воспоставување зелени коридори по теченијата на реките Серава и Лепенец од 2017 година. Предмет на […]

Шилегов: Нема план што би го намалил загадувањето на воздухот, но има мерки


Со оглед на тоа што следуваат зеимски месеци и вообичаенот воздухот во главниот град е позагаден, градоначалникот Петре Шилегов вели дека нема план со кој би се спречило загадување, но постојат бројни воведени мерки. – Не постои план со којшто ќе спречите загадување на воздухот. Постојат мерки со кои се придонесува за намалување на загадувањето […]