Аеродром прв по бројот на активни случаи, Карпош и Гази Баба веднаш зад него


Со денешните 447 нови случаи заболени со Ковид-19 во Скопје, во моментов во главниот град има 4.584 болни од корона вирус. Најмногу активни случаи во Скопје има во Аеродром 788, а следуваат Карпош со 682 и Гази Баба со 671. Над 500 има и во Центар – 592 и во Кисела Вода – 588. Нераспределени […]

Кафе барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа, Богдановиќ најави кривична пријава


Кафе барот „Интермецо“  вчера продолжил да работи, иако имаше 30-дневна забрана за работа. Ова го откри градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на својот фејсбук-профил и најави кривична пријава по добивањето на записниците. – По извршените контроли на кафе барот „Интермецо”, вчера вечер истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа […]

Аеродром со 759 активни случаи – најмногу во Скопје


Со новите 420 заболени од Ковид-19, во главниот град има најмногу активни случаи – 4.283. Од нив најмногу се во Аеродром – 759, а следуваат Карпош со 627, Гази Баба со 562, Центар со 561 и Кисела Вода со 557 активни случаи. Сепак, треба да се забележи дека дури 106 случаи се нераспределени по општини. […]

Никола Ристановски наградата од Општина Карпош ја посвети на здравствените работници


Секогаш постојат херои кои никогаш нема да ги дознаеме. Тоа се хероите од болниците! Со целиот мој габарит и искуство, моето признание за заслужен граѓанин на Општина Карпош за 2019 година, го посветувам на сите здравствени работници во земјата. На оние кои се на фронтот во борбата против вирусот Ковид-19, истакна актерот Никола Ристановски при […]

Поради бучава затворен кафе-барот „Интермецо“


Согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, донесе решение во кое на правниот субјект „Фор Фингерс“ ДОО Подружница бр.1 Интермецо Скопје, му се забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена. По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на Општина […]

Жителите на Кисела Вода ги враќаат старите печки за инертери


Жителите на општината Кисела Вода што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери и добиле мејл од Град Скопје, во текот на претстојниов викенд (утре и во недела) ќе можат да ги предадат своите стари печки на дрва или на нафта во дворот на средното училиште „Васил Антевски- Дрен“. Акцијата ќе трае од 10 […]

„Прв до врв“ половина виртуелно, половина вистинска трка


Во согласност со најновите заострени мерки на Владата и Комисијата за заразни болести, трката Есенска 5К, која требаше да се одржи на 31 октомври, ќе се одржи во формат и времетраење прилагодени на околностите предизвикани од здравствената криза, информираат од здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје, организатори на трката. Од Здружението […]

Нормализирана испораката на топлинска енергија


БЕГ ги известува своите потрошувачи дека, како резултат на нормализираната испорака на природен гас во државата, од денескa состојбата со испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење се реализира непречено согласно мрежните правила за испорака на топлинска енергија. – Во изминатите три дена топланите работеа со редуцирана испорака на топлинска енергија, поради ограничување […]

Нова акција за исплата на долгови за вода без камата


ЈП Водовод и канализација – Скопје, со цел исполнување на потребите на своите корисници и по успешно спроведената акција во јули, донесе одлука за спроведување на уште една акција за исплата на заостанатите долгови без камата за задоцнето плаќање. Акцијата за наплата на долговите без камата за физички и правни лица е со определен временски […]

Пчеларски саем на плоштад „Македонија“


„Вториот пчеларски саем на Македонија“ ќе се одржи од денеска до недела на централниот плоштад во Скопје. Главен покровител и домаќин на овој саем е Град Скопје, а организатор е Пчеларската федерација на Македонија. На поставените штандови на плоштадот „Македонија“, информираат организаторите, ќе бидат изложени мед и пчелни производи од цела држава, како и пчеларска […]

Со омаж за Данило Коцевски почнуваат „Деновите на европско Скопје“


По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност по трет пат годинава, ќе ја реализира мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ која ќе се одржи под покровителство на Град Скопје, а со поддршка од Канцеларијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Годинашната програма, како што соопштија организаторите, во малку поразлични […]

Кина донираше 310 таблети за учениците во Гази Баба


Кинескиот Амбасадор во Македонија Џанг Ѕуо донираше 310 таблети наменети за учениците кои немаат нагледни средства за да ја следат наставата он лајн. Таблетите ѝ беа донирани на Општина Гази Баба. Амбасадорот Џанг Ѕуо нагласи дека пред глобалната пандемија, двете влади и народите на двете земји, си помагаа едни на други, за да ги надминат […]

Градот чека пари од државниот буџет за реконструкција на Универзална сала


Градот Скопје беше прва локална самоуправа во Европа која реализираше проект „Култура во време на корона“, рече градоначалникот Петре Шилегов, додавајќи дека од една страна проектот бил финансиска поддршка за културните работници кои немаат некаков формален работен однос со институција, а од друга страна им се овозможиле забавни содржини на граѓаните во време на забрана […]

Д-р Жарко Караџовски ја доби наградата „13 Ноември“ за заслуги во здравството


Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, вчера по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на ова признание за 2020 година. Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2020 година се: Од областа на публицистиката 1.ТОНИ ДИМКОВ – новинар, уредник на „Културен печат“ -за професионална посветеност и публикување на […]

Пет милиони евра од ЕУ и речиси милион евра национално кофинансирање за проекти во општините


Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир денеска го означија почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“. Средства во висина од пет милиони евра обезбедува Европска Унија, а дополнителните средства за […]

(Фото) Нови уреди ќе го мерат квалитетот на воздухот во Скопје, ќе се откриваат поединечните загадувачи


На две локации во Скопје, односно во Карпош и Лисиче, денеска се поставени уреди кои ќе собираат примероци за квалитетот на воздухот 24 часа на ден во текот на секое деноноќие во наредните 12 месеци. Со анализа на овие податоци попрецизно ќе се откријат поединечните извори на загадување на воздухот во градот. Ова означува почеток […]

Скопјани три дена со послабо парно


БЕГ ги известува своите потрошувачи дека, согласно најавените ограничувањa на испораката на природен гас од дистрибутерот АД ГА-МА, во периодот од 27 до 29 октомври, можни се редукции на испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење. Овие редукции нема да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има значително намалување на внатрешната […]

Пожарникарите штрајкуваат – Шилегов им порача: Ќе ве замениме со нови!


Скопските пожарникари се сретнаа со градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов со барање во платата за октомври да биде внесен додатокот за опасност при работа. Градоначалникот најави дека се вршат законски измени во пожарникарското работење и тие би требало да стапат на сила во јуни 2021 година. -Ви се исплаќа сè што ви следува, ви […]

Споменикот за Горан Стефановски ќе биде поставен во неговото Дебар Маало


Во чест на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски, Општина Центар заедно со семејството на Стефановски во неговото Дебар Маало наскоро ќе постават споменик. – Симболичниот споменик, е веќе излеан, се наоѓа во Лондон, Велика Британија и ќе биде поставен во паркчето кое се наоѓа спроти […]

Општина Центар отстрани четири помошни објекти од под Железничкиот мост


Општина Центар ги отстрани објектите кои се наоѓаа на просторот веднаш под Железничкиот мост, кој ги поврзува општините Центар и Аеродром. Како што информираат од општината, Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изминатата недела изврши отстранување на четири помошни објекти во населбата Маџир Маало, односно на булеварот „Гоце Делчев“. -Овој запуштен простор, населен од […]