Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето


Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна. На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.   По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от […]

По земјотресот од 1963 година сериозно се дигнати стандардите за безбедност, вели Шилегов


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска нагласи дека Скопје од апсект на земјотреси е безбеден град. – Она што е добро наслество, што го имаме наследено, е дека заради катастрофалниот земјотрес во 1963 година сериозно се дигнати стандардите на безбедност. Она што го знам е дека сите проекти и сите згради кои се градат […]

Шилегов дал наредба ЕВН да ја прекопа „Васил Ѓоргов“ поради опасност да пропадне


Пред завршување на реконструкцијата на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје таа беше прекопана за поставување кабел на ЕВН, но градоначалникот на Скопје Петре Шилегов појаснува дека тоа било направено навреме. – ЕВН изврши прекоп на улицата. Не бев задоволен од тоа како го направија. Постоеше опасност за неколку месеци да се појави дупка на тоа […]

Со термални дронови се ловат загадувачите кои ја користат маглата за прикривање


Секојдневно мерните станици во Скопје покажуваат енормно загаден воздух, а градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека работат на решавање на проблемот од корен. – Правиме сериозен мониторинг, одредени индустриски капацитети да не ја злоупотребуваат маглата и во тој период да испуштаат отровни гасови. Секоја вечер со дронови правиме термален мониторинг – рече Шилегов на […]

За 24 часа хоспитализрани 38 пациенти со симптоми на Ковид-19 во Скопје, од сабота ќе се полнат уште две клиники


Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа, во Ковид-центрите во Скопје биле примени 38 пациенти со симтоми на вирусот Ковид-19. До утрово во 8 часот, вкупно 382 пациенти биле хоспитализирани во овие центри во Скопје. -Капацитетите се генерално исполнети, но слободни места има, истакнуваат од  Министерството за здравство. Во последните 24 часа на […]

Две скопски општини имаат по повеќе од 1.000 заболени од Ковид-19


Во Скопје има најмногу заболени од корона вирус 7.410, а денеска дури во две скопски општини има повеќе од 1.000 болни од Ковид-19. Така, Аеродорм има најмногу 1.161, а Гази Баба има 1.007. Следуваат Карпош со 987, Ценатр со 956 и Кисела Вода до 922. Н, мора да се напомене дека има и 150 нераспределени […]

Поголем дел од Скопје утре без струја


Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода, Катлановска Бања, Ѓорче Петров, Сарај и Петровец. – во периодот од 08.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од улиците Коперникова и Иван Тургењев ( општина Кисела Вода ) дел од корисниците од село Катланово, корисниците од Кочкова Населба, Месна Река […]

ЈСП Скопје ќе добие 135 милиони денари за справување со ковид кризата


Град Скопје ќе добие 135 милиони денари неповратна финансиска помош од државниот Буџет за годинава за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата со корона вирусот во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје – Скопје. Одлуката е донесена на синоќешната седница на Владата. На седницата е донесена и Одлука за одобрување средства од Буџетот за […]

Општина Кисела Вода продолжува со пописот на урбаното зеленило


Општина Кисела Вода продолжува со реализација на проектот за воспоставување на зелен катастар на својата територија. Со пописот на урбаното зеленило во рамки на првата фаза од проектот, во сите основни училишта и градинки на територијата на општината, и во урбаните заедници „Бирарија“, „11 Октомври – згради“ и во дел од УЗ „Цветан Димов“, беа […]

За неколку часа се потрошија вакцините против грип кои чинеа 800 денари


Сите 2.000 дози од вакцините против сезонски грип кои чинеа по 800 денари се потрошија за неколку часа откако почна вакцинацијата во Центарот за јавно здравје Скопје, изјави за МИА директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Александар Стојанов, кој рече дека чекаат да добијат уште 2.000 вакцини кои се уште не им ги испорачале. […]

Експресно исчистен кругот на болницата „8 Септември“


Откако пред два часа објавивме дека во кругот на болницата „8 Септември“ има расфрални болнички кревети, крпи, ракавици, марамчиња, делови од мијалници и друго, тревникот беше експресно исчистен. Таму каде што пациентите чекаа преглед, повеќе нема ни лисје на тревата. Контејнери и канти за отпадоци се наредени покрај ѕидот на болницата, а целата околина изгледа […]

Ужасна слика од кругот на „8 Септември“ во состојба на епидемија


Расфрлани кревети, носилки, „чизма“ од мијалник, медицински ракавици, зелена медицинска крпа, марамче, но и нешто запалено во кругот на болницата „8 Септември“ во Скопје е моменталната слика за болничката институција каде се лекуваат болни од Ковид-19. Во неа, според последниот извештај на Министерството за здравство се лекуваат 79 пациенти, од кои пет се на респиратор. […]

Тестирање со брзи антигенски тестови од денеска на шест пункта во Скопје


Министерството за здравство информира дека од денеска на шест пункта во Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во поликлиниките „Ѓорче Петров“,  „Чаир“, „Ченто“, „Бит Пазар“, „Јане Сандански“ и „Млин Балкан“. – Овие тестови се за детектирање на коронавирусот, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 […]

Жителите на Чаир и на Бутел предадоа 427 стари нееколошки печки


Жителите на општините Чаир и Бутел што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери, викендов ги предаваа своите стари печки на дрва или на нафта во дворот на средното училиште „Зеф Љуш Марку“. Во акцијата беа предадени 427 печки. Изминатите викенди, вакви акции за предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена […]

Аеродром со 1.120 активни случаи, Гази Баба, Карпош и Центар близу 1.000


Во Скопје има 7.114 активно заболени од Ковид-19. Според општини преничи Аеродром со 1.120, потоа Карпош со 979, па Гази Баба – 970 и Центар со 934. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) Чаир – 424 Гази Баба – 970 […]

ВМРО-ДПМНЕ: Место новогодишно украсување да се купат лаптопи за ученици


Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара наместо да се потрошат планираните 200 илјади евра за новогодишно украсување на градот, градоначалникот Петре Шилегов да ги донира за купување на лаптоп уреди за учениците. -На расипничкото и безобѕирно трошење на парите на скопјани треба да се стави крај. Имено во деновите кога градот Скопје е […]

Привршува изградбата на паркот „Бојмија“ во Општина Аеродром


Привршува изградбата на  прекрасниот парк „Бојмија“ лоциран во населбата Острово, во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“. По повеќе од 30 години, аеродромци ќе уживаат во новиот современ урбан парк, кој се протега на површина од 5.500 метри квадратни, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, кој денеска изврши увид во градежните работи. Во паркот […]

Шилегов: Реконструкцијата на Универзална сала готова во 2021 година


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, очекува следната концертна сезона Универзалната сала да биде готова за одржување на концерти. Пред започнување на реконструкција на Универзалната сала, Шилегов истакна дека во текот на 2021 година Универзална сала, во еден нов сјај ќе им се врати на скопјани и ќе продолжи да биде култно место, каде што […]

Ставија асфалт на „Васил Ѓоргов“, не поминаа ни два дена, пак ја прекопаа


Неколку дена по завршување на комплетната реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“ во центарот на Скопје, повторно е раскопана, веројатно заради некоја подземна инсталација. Градоначалникот Петре Шилегов, неколкупати порано ветуваше дека кога некоја улица ќе биде реконструирана сите компании кои треба да постават подземни инсталации ќе бидат известени, за тоа да го направат пред асфалтирањето, а […]