Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 36 пациенти, вкупно се лекуваат 482


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 482 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно девет приеми и тоа четири пациенти биле […]

Скопје украсен со “Прозорците што се смеат“ (фото)


Скопје овој месец е украсен со „Прозорците што се смеат“  како дел од изложбата изработена од лица со интелектуална попреченост од Дневниот центар „Порака“ и Центарот за изведувачки уметности и едукација „Театар Пи“ од Скопје. На 18 декември, организаторите  онлајн го прикажаа истоимениот документарен филм. На плоштадот пред Дом Ибни Пајко, поставените инсталации предизвикуваат внимание […]

Глутница улични кучиња го растргнаа белиот паун во дворот на црквата „Св. Архангел Михаил“


Глутница улични кучиња го растргнале белиот паун Белан кој го красеше дворот на црквата „Св.Архангел Михаил“ во скопската населба Автокоманда, соопштија на својот Фејсбук профил од храмот. Како што информираа, нападот најпрвин се случил во дворот на храмот. Паунот бегајќи прелетал надвор од дворот, но таму го пречекала глутница од улични кучиња. – Нашиот домаќин […]

Дводневен посебен режим на сообраќај на подрачјето на Скопје


Поради официјална посета на странска делегација на Република Северна Македонија, денеска и утре Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на градот Скопје. За таа цел, како што соопштија од МВР,  се апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат […]

Карпош и Ѓорче Петров без струја


Поради дефект на 110-киловолтна трафостаница „Запад“, без електрична енергија вечерва останаа жителите на Кондово, Сарај, Ѓорче Петров, Тафталиџе и Карпош. Од ЕВН Македонија соопштија дека екипи на Електродистрибуција веднаш излегле на терен за да го санираат дефектот. Во меѓувреме корисниците се префрлуваат во други напојни точки со цел што побрзо да им се овозможи снабдување […]

Утре и задутре посебен режим на сообраќај на подрачјето на Скопје


Утре и задутре поради официјална посета на странска делегација на Република Северна Македонија, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на градот Скопје. За таа цел, соопштија денеска од МВР,  се апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите […]

Засаден најголемиот црвен дрворед во Карпош


 Во Општина Карпош, долж булеварот „8 Септември“ засаден е најдолгиот црвен дрворед, со повеќе од 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести садници.   Градот Скопје интензивно се грижи за надоместување на изгубеното зеленило. Со новиот начин на работа, пешачките и велосипедските патеки се одвојуваат со коридор од ново зеленило, со што се придонесува за поголеми […]

„Мош“ повторно ги прекрши мерките, затворено и јога студио


Пазарните испектори вчеравечер во Скопје затвориле три угостителски локали и едно студио за вежбање. Два угостителски објекти и вежбалната за јога не ja почитувале  забраната за работа по 21 часот, а третиот угостителски објект си ја скинал пломбата и повторно почнал да работи, без да се регистрира. Среде центарот на Скопје, синоќа инспекторите и полицијата […]

Покривот на Дом на градежници ќе стане зелен парк


Голема реконструкција на покривот на Домот на градежници, почнува денеска, најавија од Град Скопје, површина која треба да стане зелена, со цел да се намали температурата вво центарот на Скопје, во летните месеци. Тоа е една култна стара зграда во центарот во Скопје, изградена пред децении. Во свое време била култно место каде градежните работници се […]

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 43 пациенти, вкупно се лекуваат 477


Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 477 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката […]

Пристигнаа пингвините во ЗОО Скопје


Конечно вечерва во Скопје Зоо пристигнаа и пингвините, соопштија од скопската Зоолошка градина. – Тие полека се адаптираат во својот нов дом и ја добија првата вечера, а остварија и прв контакт со своите нови Зоо негуватели. Периодот кој следува ќе бидат во карантин, за полесно да се приспособат на живеалиштето, а ние постојано ќе […]

Уставниот суд пак го укина мораториумот во Центар


Уставен суд по вторпат донесе времена мерка за укинување на мораториумот за градба во Општина Центар. Оваа одлука ќе биде на сила додека Уставен суд одлучи дали мораториумот е донесен во согласно со Уставот, откако денеска судиите ја прифатија иницијативата за укинување на уставноста поднесена од двајца граѓани од Охрид. Со тоа, сега веќе не […]

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 40 пациенти, вкупно се лекуваат 495


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 40 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 495 лица сомнителни и потврдени за Ковид – 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа еден […]

Булеварот „8 Септември“ доби црвен дрворед


Нов дрворед со околу 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести растенија со црвени листови деновиве е формиран по должината на булеварот „8 Септември“, во есенската акција на Град Скопје за раззеленување на јавните површини. – Со големо задоволство на Скопје и на скопјани им го претставувам најдолгиот дрворед кој што го засадивме оваа година, овде […]

Општина Центар урна нелегален ресторан на Водно


Секторот за инспекциски работи денеска излезе на терен и продолжи со акцијата за отстранување на нелегални објекти на територијата на општина Центар. Како што информираат општинските власти, станува збор за случај во кој инвеститорот „Вандербилт тенис клуб“ ДООЕЛ Скопје не постапил по решение издадено од општината за самостојно отстранување на градбата. „Со денешната активност е […]

Во последните 24 часа во Скопје во болница се примени 43 нови пациенти со Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за […]

Планетариум, лаборатории за хемија и физика и кабинет за уметности за учениците од Центар, Кисела Вода и Карпош


На денешната дваесетта седница на Советот за развој на Скопски плански регион,  градоначалниците му дадоа поддршка на проектот за Центар за работа на талентирани ученици од општините Центар, Карпош и Кисела Вода. Општина Центар обезбеди простор од 120 метри квадратни во ООУ „Димитар Миладинов“, кои ќе бидат пренаменети во три засебни простории: лабораторија за физика […]

Отворен булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје


Екипите на Град Скопје ја завршија изградбата на првиот дел од новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“, кој изминативе месеци прерасна од улица со две ленти во современо булеварско решение со шест сообраќајни ленти и комплетна инфраструктура. – Ми претставува огромно задоволство, денеска, во присуство на амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во нашата земја, во […]

Отстранета диво поставената тераса на гостилницата „Аманет“


Акцијата на Општина Центар продолжува, а Секторот за инспекциски работи на Општина Центар и оваа недела продолжува со активностите за  административно отстранување на нелегалните објекти. Денеска, со градежна механизација на улицата „Павел Шатев“, бр. 2 во палатата „Емануел Чучков“, се отстрануваше нелегално поставена урбана опрема, односно челична конструкција обложена со стакло, со димензии 10 х […]

Во Скопје во изминатите 24 часа хоспитализирани 38 нови пациенти поради компликации од Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 38 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 491 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 23 приеми и тоа петмина пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, […]