Ѓорѓиевски: Исплатена финансиска поддршка за сите онколошки пациенти кои ги исполнија условите


 Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за поддршка се исплатени, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека на јавниот повик аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти, при што повикот сè уште е отворен и заинтересираните граѓани можат да аплицираат. -Заедно кога е најпотребно – сите онколошки пациенти […]

Се собираат хаварисани возила во Аеродром – граѓаните да пуштат фотографија и локација


Инспекцијата на Општина Аеродром денес започна со ослободување на јавните површини преку подигнување на хаварисаните возила, информираат во Фејсбук групата Општина Аеродром – Граѓанска патрола. – Го поздравуваме овој потег и ја поддржуваме акцијата, затоа што освен што го нагрдуваат ликот на општината, хаварисаните возила претставуваат безбедносен ризик и сериозно ги оптеретуваат паркинзите, кои и […]

Вечерва 13-то прскање против комарци во Скопје, а инфективна полна со пациенти со западнонилска треска


Градот Скопје продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје. Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци. Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе […]

Безбедна за пиење е водата во Скопје


Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажал неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењ -, соопшти утрово Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој од 10 до 14 август зел 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци […]

Над 3.200 тони ѓубре собрано во Скопје последната седмица


Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад […]

Дел од Илинден без струја


 Без електрична енергија денеска од 06.00 до 13.00 часот, ќе бидат корисниците од населба Белви, соопшти РЦУК Скопје. Струја во истиот период ќе немаат и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц во општина Илинден.

Делови од општина Центар денеска без вода


Корисниците од населбата Маџирмаало во општина Центар денеска од 8:30 часот ќе останат без водоснабдување поради санирање уличен дефект на улицата „Раде Јовчевски Корчагин“ бр.18.  Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности за санирање на дефектот. Поради изведување водоводен приклучок со пречник од […]

Сончево и топло, попладне услови за пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала […]

Повозрасните и ранливи граѓани од Гази Баба ќе добиваат помош


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денеска потпишале договор со министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и секретарот на Црвениот крст на Македонија Сузана Тунева Пауновска, со кој се обезбедува грант за развивање на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, која ќе ја реализира Црвениот крст на територијата […]

Пријавувајте мртви птици – гавраните се резервоар на западнонилскиот вирус


Доколку забележите мртва дива птица, особено гавран, или друга птица, пријавете во Агенцијата за храна и ветеринарство, апелира денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој вели дека тие се резервоари на западнонилскиот вирус. Досега била пријавена мртва птица во Гостивар, но кај неа не бил изолиран вирусот.   „Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните. […]

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувања


Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за […]

И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во Центар


Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина […]

Отстранети 122 непрописно паркирани возила од улиците на Општина Центар за една недела


ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе […]

„Живееме меѓу ѓубре, смрдеа и стаорци“: Жители на Маџир Маало бараат итна реакција


  Жители на Маџир Маало во Општина Центар алармираат за сериозна нехигиена во населбата, иако живеат на само неколку стотини метри од најстрогиот центар на Скопје. Тие бараат итна реакција од Град Скопје и Општина Центар, посочувајќи дека проблемот трае со месеци. „Живееме во центарот на градот во услови кои не доликуваат на централна градска […]

Без струја делови од Илинден и Гази Баба


Поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија денеска од 06.00 до 13.00 часот, се корисниците од населбата Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц во општина Илинден , соопшти РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 13.00 часот, ќе немаат и дел од корисниците што се напојуваат од […]

Без вода улицата „Џон Кенеди“, а намален притисок во Топанско Поле


Поради изведување на водоводен приклучок на стара мрежа на нова мрежа, без вода од 08:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Џон Кенеди“, а намален притоск ќе има во дел од населбата Топанско Поле, инфирнмира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Сончево и топло до 38 степени


 Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево време со мала до умерена локална облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, најавено е сончево време […]

Идризово ќе добие 1.478 метри фекална канализација


Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од ​министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во Идризово. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. […]

Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода


Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди.  – За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што […]

Трговски центар ќе никне на местото кај руинираниот дом „Ранка Милановиќ“


Од мини-депонија до трговски центар – ова е планот за просторот кај поранешниот дом Ранка Милановиќ, каде со години стои распадната зграда затрупана со смет, а во неа покрив над глава се уште бараат дваесетина семејства, објави Телма. „Согласно актуелниот ДУП намената кај поранешниот дом Ранка Милановиќ е В1 – средно образование, така е и […]