Ганиу: Ако објектот кај „Мавровка“ излегува од габаритот, пак ќе го урнеме


Сопственикот на објектот пред трговскиот центар „Мавровка“ има законско право да го врати во првобитната состојба пред да биде опожарен, но не смее да излегува од габаритот, ниту од видот на градбата. Ова го изјави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу на денешното предавање на донацијата на две возила за Итната помош. Откако поминаа четири […]

Љупчо Ѓурчиновски нов полициски командир на ПС „Центар“


На вчерашната 59-та седница, покрај останатите точки на дневниот ред на Советот на Општина Центар, беше и изборот на нов командир на Полициската станица од општа надлежност „Центар“. Советниците имаа можност да бираат меѓу три кандидати, предложени од Министерството за внатрешни работи, од кои како најдобар кандидат беше избран Љупчо Ѓурчиновски, дипломец на Факултетот за […]

Патронажно санитетско возило и амбулатно возило од Општината Чаир доби ИМП при Здравствен дом Скопје


Патронажно санитетско возило марка „Дачија“ и амбулатно возило комбе „Фолксваген“ Т5 доби службата за Итна медицинска помош при Здравствениот дом Скопје. Возилата се донација од Општината Чаир. По повод донацијата, министерот за здравство Венко Филипче денеска пред општинската административна зграда изјави дека Општината Чаир годинава одлучила парите кои биле наменети за новогодишно осветлување да ги […]

Општина Центар ќе додели 400.000 денари за помош на Петриња во Хрватска


 Советот на Општина Центар на вчерашната 59. седница донесе одлука да додели парична помош во висина од 400.000 денари за граѓаните на Петриња и Сисак во Република Хрватска, по разорниот земјотрес кој се случи на 29 декември минатата година. Ова доаѓа по предлог на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, а одлуката беше изгласана едногласно […]

Без вода повеќе улици во Ново Лисиче и во Чаир


Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Видое Смилевски Бато“, „Панче Неделковски“, „Ќемал Ататурк“ и „Коста Абрашевиќ“, информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабудвањето на ул.„Видое Смилевски Бато“ бр.2 , 2б , 40,42,44,46,48 и бр.50 е поради изведување на водоводен приклучок од Ф 100/150мм и […]

Без струја делови од Карпош, Чаир, Драчево и Долно Соње, без вода населбата Усје


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска од 8 до 15 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Кемал Сејфула“ и „Џон Кенеди“ во општина Чаир, а од 9 до 11 часот дел од улицата „Малешевска“ во населба Драчево.  Според информациите од ЕВН Македонија, од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од […]

Запалени три контејнери во Дебар Маало, гасеа пожарникари


Непознати сторители денес запалија три контејнери поставени во Дебар Маало, при што е предизвикана голема материјална штета. Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот не се прошири кон околните објекти и возила. Во наредниов период уништените контејнери ќе се заменат со нови. Градот Скопје апелира граѓаните да ја почитуваат поставената урбана опрема на јавните […]

„Иницијатива против урбаното дивеење“: Општина Ѓорче Петров не престанува со нетранспарентно носење на урбанистички планови


Општина Ѓорче Петров не престанува со нетранспарентното и насилничко носење на урбанистички планови, рекоа на денешната прес-конференција претставници од „Иницијативата против урбаното дивеење“. Сега, наведе Горан Костов од иницијативата, општината подготвува нов детален урбанистички план С3 16 за 10-катници и на урбанистички планови 20-катници спроти Пазарот и покрај кружниот тек, дијагонално од Порта Впае, на […]

Град Скопје се пофали: Дрисла од проблем стана решение


Подолго време на некомпетентност и негрижа во работењето, за само една година откако Дрисла се врати во надлежност на Град Скопје, ова јавно претпријатие прерасна во санитарна депонија која применува современи технологии за управување со отпадот, а целокупниот нејзин економски потенцијал е ставен исклучиво во служба на граѓаните, стои во соопштението на Град Скопје. Според […]

Општина Аеродром ја презентираше платформата за практикување европски стандарди


Со новата платформа насловена „Аеродром – Прва општина со европско знаменце“, следните четири години Општината ќе вложува во почиста животна средина, енергетска ефикасност, подобра инфраструктура и поквалитетен образовен процес, но со практикување на европските стандарди и вредности. Платформата и овозможува на Аеродром да се декларира како прва општина која е подготвена во целост да ги […]

Презентација на платформата „Аеродром – прва општина со европско знаменце“


 „Аеродром – прва општина со европско знаменце“ е новата платформа што ќе ја презентира денеска Општина Аеродром. На презентацијата ќе се обратат градоначалникот Златко Марин и високиот претставник на Делегацијата на ЕУ Фрек Јанмаат, а од општината најавуават присуство и на вицепремиерот Љупчо Николовски и други министри од Владата, претставници на владините регулаторни тела, како […]

Украдени решетки од сливниците и капаци од шахтите на три булевари во Скопје


 Во текот на минатата ноќ на булеварите „Илинден“ и „8-ми Септември“ и улицата „Карпошево Востание“ во Скопје, украдени се капаци од шахти и решетки од сливници. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје случајот е пријавен, а украдените ќе бидат заменети со нови во најбрз можен рок. Случајот е документиран и пријавен […]

Почнува процедурата за прогласување дел од планината Водно за заштитено подрачје


Врз основа на податоците од Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита „Водно” во категоријата заштитен предел, а земајќи ги предвид геолошките, геоморфолошките и биолошките вредности, како и посебното значење за жителите на Градот Скопје, се наметна заклучокот дека планината Водно ги исполнува критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од V категорија – заштитен […]

Шилегов: Скопје ќе има автобуско метро


Скопје дефинитивно ќе има БРТ – Бас рапид транзит, објави синоќа градоначалникот Петре Шилегов. Тој вели дека автобуското метро станува реалност годинава и дека екипите на град Скопје деноноќно работат на овој скопски сон. – Не спиеме, Скопје дефинитивно ќе има БРТ – Бас Рапид Транзит. Популарното наречено #АвтобускоMетро годинава почнува да станува реалност. Екипи […]

За Водици ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред


Утре, вторник (19.01.2021 год), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 […]

Без струја дел од корисниците од општините Карпош и Кисела вода


Корисниците од улиците Михаил и Евтихиј, Георги Димитров, Вера Јоциќ и Народни Херои, како и објектите на потегот од Трговскиот Центар до ул. Народни Херои, во период од 9 до 14 часот ќе останат без електрична енергија. Како што информираат од ЕВН Македонија во период од 11 до 13 часот без струја ќе бидат и […]

Општина Центар собира предлози за име на новиот Младински центар


Општина Центар денеска соопшти дека  собира предлози за име на новиот Младински центар. -Сите граѓани кои имаат желба, можат да го дадат својот придонес, да ја посетат веб страната на Општина Центар, centar.gov.mk и во полето предвидено за предлози за име на новиот Младински центар да го внесат својот предлог. Победничкото име ќе биде јавно објавено по […]

Нацрт-одлуката за прогласување на дел од Водно за заштитен предел достапна за увид и коментари


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) врз основа на доставената Студија, изработи Нацрт на Одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел. – Со оваа одлука дел од планината Водно заради своите геолошки, геоморфолошки и биолошки вредности, како и посебното значење за жителите на […]

Еко линија за пријавување електричен и електронски отпад


 Секое физичко и правно лице може да пријави електричен и електронски отпад со цел да се ослободи од него преку еко линијата 070/236 000, која е отворена секој ден, информираа денеска од ДОО Нула отпад. Оттаму апелираат граѓаните да се охрабрат и да ја користат еко линијата која, потенцираат, е безбеден и бесплатен сервис за […]