Се поправаат пешачките патеки во Скопје – Ѓорѓиевски почна со 300 метри во Влае


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска започнале широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и помодерен јавен простор за сите граѓани. Активностите стартуваа на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од мостот „Обединети нации“ до пешачкиот мост „Влае“, на површина од 1.200 метри квадратни. Оваа делница […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Милатовиќ


Денеска и утре (вторник и среда), во официјална посета на Северна Македонија ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим на движење во централното градско подрачје на Скопје. Од Министерство за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките […]

Без струја делови од Бутел и Карпош, Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска во периодот од 07:30 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците: Љубо Ивановиќ, Никола Петров и Црвени Брегови во Општина Бутел, информира РЦУК Скопје. Од 08:30 до 16:30 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од улиците Сремски Фронт, Мечкин Камен и Ѓорче Петров, од […]

Ѓорѓиевски ја разрешил без образложение директорката на „Лајка“, од „Анима мунди“ велат дека е одлуката е политичка


  Здружението „Анима мунди“ денеска откри дека Град Скопје ја разрешил директорката на јавното претпријатие „Лајка“ и активистка на здружението, Радмила Пешева, оценувајќи дека начинот на кој е спроведена постапката е несоодветен и без институционална транспарентност. Од здружението наведуваат дека одлуката била соопштена неформално, преку телефонски повик, без официјален состанок или писмено образложение. Во реакцијата […]

Априлијада во Скопје


Детскиот културен центар „Карпош“, под покровителство на Град Скопје, на 1 април 2026 година, со почеток во 10:30 часот, на средината од приземјето во Градскиот трговски центар повторно ќе ја организира традиционалната детска манифестација „Априлијада“. – Во рамките на програмата, ќе има ревија на маскирани деца од градинките, ученици од основните училишта, со танцови точки […]

Машински ќе се мијат скопските булевари


 ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел – одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат […]

Без струја делови од Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денес без електрична енергија ќе бидат делови од Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров. Според информациите од ЕВН Македонија, во периодот од 08 до 12 часот струја ќе немаат објектите на Техномаркет, Старџим и Кам на булеварот „Босна и Херцеговина“ и ВФВ Поликлиника во општина Бутел, а во периодот од […]

Орце Ѓорѓиевски ужива доверба од граѓаните среде хаосот со ѓубрето, автобусите, кучињата-скитници…


Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ужива доверба кај граѓаните, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од МКД.мк и агенцијата „Маркет вижн“, и покрај хаосот со неподигнатото ѓубре, масовната урабанизација, нередовните и стари автобуси, се почестите напади од кучиња-скитници, проблемот со паркирањето… Анкетата покажува дека хигиената е најголем проблем со кој треба да се справат градоначалниците и […]

Петто издание на трката „Водно 10К“ утре во Скопје


Атлетскиот клуб „Фортиус“ од Скопје утре го организира петтото издание на трката „Водно 10К” на која ќе учествуваат 500 натпреварувачи. Стартот на трката е во 10 часот на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот „Св.Пантелејмон” и назад со вкупна должина од 9,6 […]

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка


Во Скопје утре од 10 часот ќе има посебен режим на сообраќај поради атлетска трка. -Утре со почеток во 10:00 часот, во Скопје, ќе се одржи атлетска трка на 10 км со траса на движење од Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно – соопшти МВР. Министерството за внатрешни […]

Жители на Ново Лисиче бараат одлагање на зонското во Реонски – хаосот ќе се префрли!


Откако Град Скопје и Општина Аеродром го најави воведувањето на зонско паркирање во Реонски центар, жителите на Ново Лисиче, кое се наоѓа од дргата страна на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ бараат одложување до паралелно воведување на зонското и на нивната страна.   Стравуваат дека сите оние кои нема да можат бесплатно да се паркираат […]

Аеродромци ќе имаат бесплатно паркирање само во зоната во која живеат – во другите ќе плаќаат


Од 1 април нема да може да паркираме во сите зони низ Аеродром, објавија граѓани во неформалната група на Фејсбук „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“.    Имено, како што се појаснува , од 1 април, сите станари, како и физичките и правните лица со издадена дозвола, ќе можат да паркираат исклучиво во зоната за која […]

Трајановски: Инаетот на ВМРО-ДПМНЕ чини 1.650.000 евра за БРТ!


Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Скопје од ГРОМ, обвини дека проектот за брз автобуски превоз (БРТ) бил блокиран пет години поради политички причини, наместо поради реални слабости. Во објава на социјалните мрежи, Трајановски посочува дека отпочнувањето на проектот во 2026 година, наместо во 2021, е доказ дека политиката не се води во интерес на […]

Од 1 април, зонско во Реонски центар


Долгонајавуваното зонско паркирање, во Реонски центар и Ново Лисиче, почнува со примена од 1 април годинава. Последно беше најавено за октомври лани, но тоа не се случи. Прво почнува кај Реонски, односно кај маркетите „Жито“ и „Кам“, како и трговскиот „Лиса“, а потоа и од спротивната страна во реонот на Ново Лисиче, најави градоначалникот на […]

Жичницата на Водно нема да работи поради неповолни временски услови


Жичницата на Водно нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови.   Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција.   Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно […]

БРТ нема да поминува по средишното зеленило, туку по крајните ленти


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, на која детално беа презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на проектот. На средбата се разговараше за трасите, начинот на функционирање, како и за придобивките што овој систем ќе ги донесе за градот и граѓаните. По средбата, градоначалникот […]

Пуштена во употреба новата трафостаница „Централна“ во Скопје – гарантира стабилно снабдување


 По повод одбележувањето 20 години постоење на ЕВН, посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура, денеска во Скопје беше пуштена во функција новата трафостаница „Централна“. Инфраструктурниот објект, во чија изградба се инвестирани 11 милиони евра, претставува стратешка инвестиција за стабилно електроснабдување на централното градско подрачје и решавање на растечките енергетски потреби. Министерката за енергетика, рударство […]

Без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, без вода корисниците од една улица во Нерези


Делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, додека без вода поради уличен дефект ќе биде една улица во населбата Нерези.  Според информациите од ЕВН Македонија, од 8 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ и фирмите „Милсон“ […]

Без струја делови од Кисела Вода и Карпош


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот, ќе останат корисниците од Пинтија, дел од ул. Саса, а од 08.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул.Востаничка од број 44 до 49 во Општина Кисела Вода, соопшти РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 14.00 часот, ќе немаат и […]

Град Скопје обезбеди еднократна парична помош за онколошките пациенти од главниот град


Во моменти кога животот носи најтешки предизвици, нашата човечност се мери со тоа колку сме подготвени да подадеме рака. Токму затоа, водени од искрената грижа и одговорност кон нашите сограѓани, продолжуваме со конкретни мерки за поддршка на најранливите. Во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје […]