Автобусите на ЈСП од утре возат до 23 часот


Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека од утре, среда (5.05.2021 год) јавниот превоз ќе сообраќа до 23 часот. Посочениот режим е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана за движење на населението од 23 до 5 часот. Во прилог се последните термини на поаѓање пред 23 часот. Останатиот возен ред, до наведените последни […]

Средба на градоначалникот на Чаир со директорите на училиштата за новиот концепт во образованието


Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу денеска имаше средба со директорите на девет основни училишта на територијата на оваа општина, на која разговараше за новиот концепт на МОН во образованието и за можностите за негово спроведување.   Како што соопшти Општина Чаир, во фокусот на разговорот била дигитализацијата и капацитетите кои ги имаат училиштата за да […]

Се расчистува голема депонија во Драчево


Градот Скопје во соработка со Општина Кисела Вода денеска почна акција за расчистување голема дива депонија во Драчево. На почетокот на активностите за расчистување на ова сметиште присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и на општина Кисела Вода, Петре Шилегов и Филип Темелковски, како и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани. – Во општината Кисела […]

Шилегов: Набавивме противпожарна скала што ќе ја гарантира безбедноста на скопјани, но и на пожарникарите


Ова е прва противпожарна скала која се купува во државата. Јас не сум стручен, ниту имам претензија да бидам стручен на таа тема, затоа техничката спецификација и потребата која ќе ја гарантира безбедноста на скопјани од една страна, но и безбедноста на пожарникарите од друга страна, е работа која ја направија од Противпожарната бригада, изјави […]

Симоновски: Купувањето на противпожарната скала е неопходно


Купувањето на противпожарната скала за Град Скопје е повеќе од неопходно. Купена е по наша препорака и врз основа на направена анализа, изјави денеска командатот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски. Во изјава за медиумите денеска Симоновски нагласи дека направени се испитувања на теренот и на потребите на градот и оти според анализата, […]

Шилегов ја повика ДКСК да ја провери набавката на противпожарното возило


Градоначалникот Петре Шилегов денеска се обрати до Државната комисија за спречување на корупцијата со барање за испитување на наводните сомнежи за постоење корупција и судир на интереси при реализација на набавката на специјализираното возило – противпожарна скала, која претставува единствена опрема од ваков тип на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. -Вчера, претседателот на […]

Среде пандемија во неколку линии од скопскиот јавен превоз патниците си дишат во врат


Од јавниот превоз во Скопје, Симона и Александар најчесто ја користат линијата број 22, која се обраќа од Транспортен Центар до „Лепенец“ и обратно. Секој ден, двајцата граѓани, со маски на лицето и страв во коските, среде пандемија, надвор од протоколите, се приморани да го делат автобусот со прекумерен број на патници, кои, исто така, […]

Без вода денеска дел од општина Бутел


Поради дефект, без вода денеска од 12 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на дел од улицата „Боца Иванова“, сервис Бутел – Водовод и погребалното претпријатие АД Бутел, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Прекинот, се вели во соопштението, е поради скината цевка од страна на фирма – ф300 милиметри на улицата „Боца […]

Градскиот парк во Скопје живее без маски


Топлото време и празничниот петок ги измами скопјани да го посетат градскиот парк.  Млади луѓе, родители со деца, но и возраси граѓани решија денеска да прошетаат низ градскиот парк. Сепак, покрај тоа што е пандемија од корона вирус, децата се некако најпримерни. Дури и велосипед возат со маска соодветно ставена на носот и устата. Другите… […]

Се чистеше околу православните храмови


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведе активности за одржување на хигиената на поголемите православни верски храмови во сите скопски општини. Со помош на три автоцистерни, екипите на Претпријатието извршија рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на: соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Ѓоргија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, […]

Ќе се реконструираат пристапните улици за болницата „8 Септември“


Одлуката за давање донација на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември” – Скопје е една од главните точки за која се расправаше на седница на Советот на Град Скопје. Со оваа одлука се предлага Градот Скопје да даде донација што се состои во реконструкција на влезот и пристапните улици во ургентниот центар на болницата, на […]

Богоев и Марин најкомуникативни скопски градоначалници на социјалните мрежи


Градоначалниците на скопските општини Карпош и Аеродром, Стефан Богоев и Златко Марин се доста активни  во комуникацијата со граѓаните преку социјалната мрежа Facebook. Едноставен преглед на интеракцијата со граѓаните покажува дека овие двајца градоначалници се најкомуникативни преку оваа социјална мрежа меѓу дел од скопските градоначалници. Илустративно,  тоа се гледа од прегледот на постови на градоначалниците […]

Во последните три години десетпати повеќе отпад на дивите депонии


Во текот нa денешниот ден, во скопската општина Чаир, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје расчистија две обемни диви депонии составени од мешан комунален, градежен и кабаст отпад, лоцирани во Топаана (кај Арена Петрол) и во близина на стадионот во општината Чаир. „Денеска, во координација со општината Чаир, нашите екипи отстранија огромно количество неправилно одложен отпад […]

Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение” по 15-ти пат во општина Илинден


Општина Илинден ја реализираше традиционалната 15-та по ред манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение”, со која се обезбедени 1000 нови книги за библиотеките во општина Илинден. Поради вонредната состојба со пандемијата со корона вирусот годинешната манифестација, како што информираат од општината, имаше сосема нов лик, изостана традиционалниот настан во Домот […]

Реконструирано детското игралиште на улицата „Варшавска“ во населбата Тафталиџе


Целосно е реконструирано детското игралиште на улицата „Варшавска“ во населбата Тафталиџе 1. Општина Карпош ги замени старите и дотраени реквизити со нови. Поставени се нови тобогани, клацкалки и лулашки. После подолг временски период обновен е овој детски рекреативен простор и повторно безбеден и употреблив. Оваа јавна детска зона најчесто ја користат децата кои живеат во […]

Почна изградбата на кружен тек кај Момин поток


Градот Скопје започнува со постапката за изведба на Клучката кај Момин Поток во општина Карпош. Имено, се предвидува изградба на два кружни тека, кои значително ќе го намалаат собраќајниот метеж во овој дел од градот. Еден од кружните текови ќе биде меѓу булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“, а другиот кај булеварот „Никола Карев“ и […]

Ќе се поставуваат енергетско-ефикасни фасади на станбени згради во Општина Центар


 Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, го потпиша барањето за спроведување постапка за јавна набавка за реконструкција на фасада на станбен објект на улицата Аминта Трети бр.3, согласно објавениот Јавен повик од 2018 година, за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрачјето на Општина Центар, за реконструкција на фасади на колективни станбени […]

Ново сообраќајно решение кај клучката Момин Поток, градежните работи почнуваат во јуни


Два кружни тека, мостови и пешачки и велосипедски патеки предвидува новиот проект на Град Скопје со кој се очекува да се намали сообраќајниот метеж кај клучката Момин Поток. Инвестицијата се проценува на околу 18 милиони евра, а градежните активности се очекува да почнат во текот на јуни. Изведбата треба да трае од две до две […]

Трките „Прв до врв“ во предвидениот термин на 16 мај


По вчерашното олеснување на здравствените мерки со кои се дозволуваат спортски активности на отворено, Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје соопшти дека на 16 мај на Водно ќе има трки во предвидените термини. – Трките на Водно ќе се реализираат со почитување на мерките за држење дистанца и носење маска. Наместо […]

Автобусите на ЈСП ќе возат еден час подолго


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) информира дека јавниот превоз од утре, среда (28.04.2021 год) ќе функционира до 21 часот, согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана за движење на населението во период од 21 до 5 часот. Во прилог се последните термини на поаѓање пред 21 часот. Останатиот возен ред, до наведените последни термини, […]