Општина Центар: Отстранетите дрва на улицата „Орце Николов“ ќе бидат заменети со нови и ќе се зачува целиот дрворед


Општина Центар ја информира јавноста дека останува посветена на остварување на заложбите за создавање на чиста, уредна и еколошка општина, општина која треба да претставува пример за другите општини во државата и оттука, во целост го разбира најавениот протест за денеска на граѓаните по повод сечењето на дрвата на улицата „Орце Николов“ и потполно го […]

Дел од автобусите во Скопје ќе сообраќаат по изменети траси


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска во период од 7 до 10 часот, дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменети траси од вообичаените, поради одржување на уличната трка „Халк Еко Скопје трча 10 км”. Изменет режим на сообраќање ќе имаат линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, […]

Жителите на Ново Лисиче заедно може да навиваат за Македонија утре, во паркот „Нирнберг“


Општина Аеродром организира пренос во живо од Европското првенство во фудбал во паркот Нирнберг во Ново Лисиче и можност за групно следење на натпреварите од ЕУРО 2020. Првиот пренос ќе биде утре, 13 јуни (недела), од 17часот, кога македонската репрезентација ќе игра против Австрија во Букурешт. Натпреварите ќе бидат пренесувани на голем екран, а еден […]

Дебармаалци утре протестираат за сечата на дрвјата на „Орце Николов“


Оод паролата „Кога пилите ќе стивнат”, во недела (13/06) во точно на пладне во 12 часот, во близина на ресторанот „Пепер“ во Дебар Маало ќе се одржи мирен граѓански протест во знак на револт од сечењето на дрвјата при реконструкцијата на улица „Орце Николов“ од службите на Општина Центар. Протестот е во организација на коалицијата […]

Поради трка, во недела, изменет редослед на автобусите на ЈСП


Од ЈСП „Скопје“ информираат дека во недела (13.06.2021 година) во период од 7 до 10 часот, дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменети траси од вообичаените, поради одржување на уличната трка „Халк Еко Скопје трча 10 км”. Изменет режим на сообраќање ќе имаат линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, […]

Град Скопје го врати данокот на оштетените граѓани во измамата при купопродажба на станови


Град Скопје го врати платениот данок за промет со недвижности на оштетените граѓани во измамата при купопродажба на станови, кои, покрај капар од 18 илјади евра, платија и данок за промет со недвижности во износ од близу пет илјади евра. Станува збор за тројца од шестмината граѓани за кои МИА откри дека се оштетени со капар од […]

Трета фаза од прскање против комарци во Скопје


На 14 јуни 2021 година ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, соопштија од Град Скопје. Оттаму посочуваат дека авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се спроведе во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција во текот на денот. Доколку временските услови не […]

Во завршна фаза проектот за загуби на вода меѓу „Водовод и канализација“ – Скопје и Водовод Будимпешта


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје по потпишување на Меморандумот за соработка со Водовод Будимпешта, изработи проект со кој, во март минатата година аплицираше за грант преку инструментот „Western Balkans Green Center“ (WBGC), основан во Унгарија за поддршка на зелената транзиција во земјите од Западен Балкан. Проект стигна до финалната фаза од реализацијата на работните […]

Полицијата регистрирала 168 сообраќајни прекршоци во Скопје


Министерството за внатрешни работи вчера на територија на Град Скопје вчера изрече вкупно 168 санкции, меѓу кои 13 за возење со брзина поголема од дозволената, 10 за возење без возачка дозвола, 44 прекршоци што ги чинат пешаците и четири за управување под дејство на алкохол. Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, четири прекршоци […]

Зошто само во Скопје стареат дрвјата?


Масакрот на 13 дрвја на улицата „Орце Николов“ вчера ги вознемири граѓаните на Скопје. Објаснувањето беше дека биле стари и преставувале опасност и дека наесен на булеварот ќе бидат насадени нови квалитетни јавори. Како што со леснотија се менуваат имињата на улиците во градот, така со леснотија и се уништува зеленото наследство. Ваквите образложенија веќе […]

Се исекоа 13 дрвја на „Орце Николов“, оти биле стари и болни


Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, утринава отстрануваат 13 дрва на улицата „Орце Николов“, на потегот од раскрсницата со улица „Ленинова“ до раскрсницата со улица „Рузвелтова“. – Дрвата кои се отстрануваат се стари и болни, со трули стебла, чии гранки удираат во станбените објекти кои се наоѓаат на улицата и претставуваат опасност за минувачите – […]

Силно невреме го зафати Скопје, голем дел без струја


Голем број на скопски општини останаа без снабдување со електрична енергија, по силното невреме кое попладнево го зафати овој регион. Центар, Дебар Маало, Кисела Вода, Аеродром се само дел од населбите кои останаа без струја.

Отворен ЗОО Парк во средното училиште „Браќа Миладиновци“


На последниот училиштен ден од 2020/2021 година, министерката за образование и наука Мила Царовска беше на отворање на ЗОО Парк во средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје, од каде што на наставниците, учениците и родителите им честиташе што сите заедно го надминале предизвикот и успешно ја завршиле учебната година. – Ви посакувам убав распуст, […]

Отворање ЗОО Парк во средното училиште „Браќа Миладиновци“


Средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе ја отвори за посетители својата мини зоолшка градина – ЗОО Парк и систем за аквапоника. Во ЗОО Паркот има триесетина домашни и други видови животни: лами, носести мечиња, пони коњчиња, елени, срни, како и многу птици. За животните од ЗОО Паркот се грижат учениците кои на […]

Утре се пуштаат во употреба реновираните улици „Драмска“ и „Тасино Чешмиче“


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, изврши увид во завршните градежни работи од реконструкциите на улицата „Драмска“ и крак од улицата „Тасино Чешмиче“, кои од утре ќе бидат веќе пуштени во употреба. Со овој зафат, на коловозот на улиците, на вкупна површина од 1129 метри квадратни, се заменува стариот и оштетен слој со нов, висококвалитетен […]

Протестите на ВМРО-ДПМНЕ го изменија распоредот на јавниот сообраќај


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека денеска, среда (9.06.2021 година), во период од 15 до 17 часот, поради најавен протест и блокада на повеќе сообраќајници, голем дел од автобуските линии ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. По изменета траса ќе сообраќаат: Линии 2 и 2А *во правец од Автокоманда кон Сарај, од Гази […]

Со монтажни заменети осум пунктови на „Комунална хигиена“


Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, денеска го посетија новиот пункт на Претпријатието лоциран во близина на Скопското Кале. „Една од нашите најголеми заложби е да им обезбедиме соодветни услови за работа на вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје коишто го носат главниот терет во извршувањето на дејноста […]

Што треба да направи Скопје за да стане ЕБОР Зелен град?


Градоначалникот Шилегов се обрати на тркалезната маса на градоначалниците на Годишна конференција на зелените градови на ЕБОР, што се одржа онлајн,  и ги изнесе плановите  и тековните активности на Градот за подобрување на  квалитетот на животот на скопјани. – Скопје е првиот град во Северна Македонија што се приклучи на Зелените градови на ЕБОР и […]

Карпош пренамени пари, неискиристени поради Ковид-19 во училиштата, за ИТ библиотечен фонд


Во рамки на денешната 57. седница, советниците од Карпош ја поддржаа изменетата и дополнета Програма за активностите на општина Карпош  во областа на образованието за 2021 година. Станува збор за проектни активности кои требало да се реализираат, но поради ситуацијата со пандемијата (Ковид – 19), училиштата не биле во можност да го сторат тоа. Оттаму, […]

Без вода денеска улиците „Серава“ број 81 и „Џон Кенеди“ во Чаир


Без вода денеска ќе бидат корисниците на улиците „Серава“ бр. 81 и „Џон Кенеди“ во Општина Чаир, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето, како што соопшти претпријатието, е поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улица „Серава“ 81 и ќе трае до завршување на санацијата.