Општина Аеродром ќе поставува фотоволтаици и ќе компостира биоотпад


Општина Аеродром денеска го промовираше Јавното претпријатие за развојни проекти и првите два проекта за фотоволтаични термални системи и за управување со органски отпад. Целта за формирање на ова претпријатие е реализација на проекти во рамки на стратегијата „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. Како што информира в.д. директорот, Владимир Стевков, станува збор за […]

В петок отворање на надворешно живеалиште за пингвини


Надворешното живеалиште за пингвини во Зоолошката градина – Скопје ќе биде отворено в петок, во 19:30 часот. Отворањето на живеалиштето, како што е најавено, ќе биде од затворен тип, односно само за медиуми. ЗОО Скопје првпат во своето постоење од 1926 година е дом на пингвини. -Вкупно имаме девет пингвини, од кои три пристигнаа од Италија, а […]

Општина Аеродром: Доградбата на ООУ „Лазо Ангеловски“ е во завршна фаза


Во завршна фаза е изградбата на новите четири училници во рамките на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче. Капиталниот проект опфати изградба на приземје и кат односно четири нови училници, хол, канцеларии и санитарни јазли, што се поврзани со веќе постојниот објект на училиштето. „Изградбата на новите училници е од исклучителна важност за учениците, бидејќи […]

Скопје испадна од трката за Зелена престолнина на Европа во 2023 година


Македонскиот главен град Скопје, заедно со Белград и Загреб, испаднаа од трката за Зелена престолнина на Европа во 2023 година. Во финалниот избор влегоа градовите Хелсинборг (Шведска), Краков (Полска), Софија (Бугарија) и Талин (Естонија), информираат од Европската Комисија. Четирите европски града во последната фаза ќе имаат за задача да го убедат меѓународното жири дека се […]

Формирано е партиципативното тело за урбанистичко планирање во Општина Центар


Општина Центар ја заврши постапката за формирање на партиципативно тело кое ќе учествува во процесот на урбанистичкото планирање на подрачјето на општината. Со ова тело, составено од претставници на невладиниот сектор и на граѓаните, кои се жители на Центар, ќе се овозможи зголемен увид на јавноста во процесот на урбанистичкото планирање. Истовремено, ќе им се […]

Делови од Карпош и Кисела Вода утре без струја


Корисниците од објектите во и околу Градскиот парк во Општина Карпош утре од  9:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 7:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Саса 18“ и „Саса 22“ во населбата Пинтија, Општина Кисела Вода. Како што информираат од Регионалниот […]

Шилегов: При изградбата на БРТ системот ќе биде заштитено водоснабдувањето и нема да има застој во сообраќајот


Водоснабдувањето ќе биде заштитено и ниту во еден момент нема да има застој на сообраќајот додека се гради „Бас рапид транзитот“, уверува градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој во новата емисија „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија рече дека граѓаните не треба да бидат вознемирени, бидејќи трасата поминува над главната цевка за вода […]

Не е само наутро – метеж за вакцинација без закажување и на пладне


Откако денеска почна вакцинацијата на граѓаните без закажување, пред сите вакцинални пунктови се забележува метеж, а граѓаните на високи температури чекаат надвор. Пред Поликлиниката „Букурешт“, околу пладне, нашиот фотограф, забележа голема група луѓе, кои чекаат да има дојде редот да се вакцинираат. Облечени во светли алишта, со шапки на главите, чекаат на летната жега. Поставен […]

За шест месеци собрани речиси 80 илјади тони отпад во Скопје


Во периодот јануари-јуни 2021 година, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 79.499 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, што претставува зголемување од 4.921 тони, односно 6,6%, во однос на истиот период минатата година. Во текот на првите шест месеци од годината беа отстранети над […]

Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Сарај


Без струја утре во периодот од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Пекљане“, во Општина Ѓорче Петров. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија во периодот од 9 до 11 часот ќе останат и дел од корисниците од село Долно Свиларе, […]

Летово обнова на седум улици во Општина Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги потпиша барањата за спроведување постапка за јавна набавка која се однесува на реконструкции на 7 општински улици, соопшти денеска општината. Овие реконструкции, наведуваат од локалната самоуправа,  се дел од големата летна градежна офанзива на Општина Центар, која на крајот на летото, односно почетокот на есента, предвидува да бидат […]

Од понеделник целосно затворање на „Орце Николов“


 Во понеделник, 12 јули, започнуваат градежните активности од третата и од четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, а ќе се реализираат до 12 септември 2021 година. Поради изведбата на градежните активности се воведува нов сообраќаен режим на повеќе улици во Дебар Маало.  Во третата фаза се предвидува целосно затворање на „Орце Николов“ од […]

Нова занимална во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1


 Во рамки на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, направена е нова занимална за јасли група, каде на почетокот на септември ќе бидат згрижени нови дечиња, кои имаат изразено интерес да ја поседуваат оваа предучилишна установа, информира Општина Карпош. Занималната е опремена со нови шкафови и кревети, како и дидактички материјали и играчки што ќе им овозможат […]

(Фото-репортажа) Скопје се пржи на 43 степени Целзиусови! За денеска најавен пороен дожд


Деновиве во Скопје температурата на воздухот достигнува рекорди. На некои дисплеи, покажува и 43 степени Целзиусови.  Граѓаните спас бараат во фонтаните, а се полни и шишенце плус, додека се шета по усвитените скопски улици или додека да се заврши некоја работа.   Еден пие вода, а другиот жедно ја чека својата минута, да му дојде ред, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов прави скап и неефикасен автобуски транспорт


ВМРО-ДПМНЕ реагира на најавата на градоначалникот Петре  Шилегов за воведување брз автобуски траљнспорт во Скопје (БРТ).   -Шилегов ја замајува јавноста, едно зборува друго прави. Прво рече дека ќе ги сечат дрвјата долж средишното зеленило заради БРТ превозот, сега дека нема. Прво едно зборуваше за кејот, сега друго испадна…Идејата на Шилегов дека ќе го сочува […]

Издадена градежна дозвола за првата висококатница кај „Холидеј ин“


Нема правна пречка да почне да се гради на паркингот спроти „Холидеј Ин“, вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ со чиј потпис на дозволата за градба, инвеститорите – фирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква немаат пречки да почнат со градба. Богдановиќ  не сакаше да каже да прецизира дали веќе го ставил својот потпис […]

Со Бас рапид системот Скопје ќе види и двојно зглобни автобуси (видео)


Бас рапид транспорт системот, кој Град Скопје планира да го воведе, треба да овозможи брз превоз на патници од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. За постигнување на таа цел, во Скопје треба да се изгради трасата за БРТ системот, со 23 станици, вклучително и двата терминали на крајните точки, а автобусите ќе сообраќаат на секои […]

Скопје во пеколни горештини – денеска до 39 степени Целзиусови


Температури до 40 степени Целзиусови, летна жега. Скопје деновиве живее на пеколни горештини, а разладување се бара под сенките од дрвјата, покрај кеј, на Водно и во парк. Движењето низ градот претставува проблем и за старите и за младите. Граѓаните се заштитуваат од жешкото сонце со очила, шешири и марами од лесни материјали, префрлени преку […]

Град Скопје ќе го презентира проектот за новиот јавен транспорт – БРТ


Град Скопје денеска ќе го презентира  системот на брз автобуски јавен превоз БРТ  во Скопје. На презентацијата ќе учествуваат градоначалникот Петре Шилегов, помошник директорот на ЕБОР, Ијан Џенинкс, сообраќајниот експерт од областа на јавен градски превоз, Никола Крстаноски, сообраќајниот експерт за БРТ, Градимир Стефанович и генералниот менаџер на РОМ Инженерство, Мош Хрш. Проектот се реализира […]

Општина Центар ќе ја мери бучавата во угостителските објекти


 Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, по големиот број на пријави на граѓаните на општината, почнува акција за мерење на бучавата во угостителските објекти, кафе-баровите и останатите локали. Локалната самоуправа информира дека во наредниот период, овластени инспектори од Општина Центар, со помош на инструменти за мерење бучава, ќе вршат зачестени контроли во сите угостителски […]