Пoложено цвеќе пред повеќе споменици во Скопје по повод Илинден


По повод големиот државен празник Денот на Републиката – 2 Август, Илинден на кој се одбележуваат 77 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ и 118 години од Илинденското востание, делегација на Град Скопје, денеска (2.8.2021 година), положи цвеќиња на повеќе споменици во градот.  Официјалната делегација на Град Скопје, составена од членовите во Советот […]

Без вода корисниците од неколку улици во Кисела Вода


Прекин во водоснабдување денеска имаат корисниците од улиците „Емил Зола“, „Виктор Иго“, „Дренак“, „Драга Стојановска“ и „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода, соопшти ЈП Водовод и канализација. Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочија, е стопирање на стара водоводна мрежа на улица „Емил Зола“. Водоснабдувањето е прекинато во 12.20 и ќе трае до […]

Изменет режим за повеќе автобуски линии на ЈСП


Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека денеска, петок (30 јули) од 18 часот, поради изведување на градежни активности на дел од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, на потегот од крстосницата со улица „Беласица“ и улица „Никола Карев“ до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“, возилата од линиите кои сообраќаат во овој реон во насока кон Бит […]

Ново детско игралиште во училиштето „11 Октомври“


Општина Центар продолжува со изградба на модерни и функционални детски игралишта на повеќе локации што ќе претставуваат нови рекреативни зони за најмладите. Во тек се градежните активности за изградба на ново детско игралиште во дворот на ООУ „11 Октомври“ каде што на површина од 110 квадратни метри ќе бидат поставени нови реквизити и нова гумирана […]

Град Скопје ќе го награди со 300.000 денари теквондистот Дејан Георгиевски


На иницијатива на градоначалникот Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје. Георгиевски предмалку слета на […]

Улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари добива и атмосферска канализација


Во тек се градежните работи од третата фаза од реконструкција на улицата „Индира Ганди“ во должина од 811 метри. – Ова е и најлошиот инфраструктурен дел во општината, така што очекувам дека кога ќе ја завршиме, од улица „Гвадалахара“ до улица „Нов живот“, комплетно новата атмосферска канализација во општината, што досега ја немаше, и она […]

И фонтаната зад ТЦ „Бисер“ ќе стане градина


Почнуваат подготовките за реализација на основниот проект за хортикултурно и партерно уредување на просторот зад ТЦ „Бисер“. Проектот опфаќа поплочување на постојната површина со сосема нов и модерен дизајн, модерна урбана опрема, клупи за седење, фонтани за пиење вода, ново осветлување, а ќе бидат поставени и висечки жардиниери. Старата и нефункционална фонтана ќе се преуреди […]

Се отвора подрачна единица за земјоделство во Долно Лисиче


Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, денеска извршија увид во Месната заедница „Долно Лисиче“ во Општина Аеродром, со цел да ги разгледаат можностите и капацитетите за отворање подрачна единица во Долно Лисиче, токму на оваа локација, како заеднички проект на Општина Аеродром и Министерството за земјоделство, […]

Во петок, ќе се прска против ларви од комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на ден 30.07.2021 година (петок) ќе се прска против ларви од комарци, според следниот план: – Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.07.2021 година (петок), во раните утрински часови. – Терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот […]

За бучава казнети кафулињата „Инста кафе“ и „Каса Кубана“


Решенија за преземање на мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучава во животната средина добија локалите „Инста кафе“, како најгласен во реонот и „Каса Кубана“, на кеј. Редовните контроли на терен за мерење бучава од гласна музика од угостителски објекти од страна на овластените инспектори за животна средина од Секторот за инспекциски […]

Кејот во Скопје е пуштен, но не е целосно довршен (галерија)


Откако вчера на 26 јули, денот на скопскиот земјотрес, беше отворен реконструираниот Кеј „13 Ноември“ во Скопје, градоначалникот Петре Шилегов на својот Фејсбук профил напиша дека со новиот изглед се ослободило повеќе место за пешаците и велосипедистите. „Новото шеталиште повторно е место каде граѓаните ќе можат да уживаат под сенките на убавите дрвореди, без возила […]

Отворена градинката „Пеперутка“ во Стајковци


Денешка беше пуштена во употреба градинката „пеперутка“ во Стајковци, а на отворањето присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски. Во своето обраќање на отворањето на градинката премиерот Заев истакна дека капиталните инвестиции во раниот детски развој и детската заштита се еден од […]

И птиците треба да се ладат


Екстремно високите температури не се непогода само за граѓаните туку и за животинскиот свет. Откако општинските власти решија дека треба да штедат вода и поставија непроточни чешми, тие, а пред се птиците, бараат други начини како да се разладат. Нашата камера вчера сними јато птици како „пливаат“ и се разладуваат во вир со вода создаден […]

За 18 месеци ќе се пробие улицата „Васко Карангелески“ до „Трета македонска бригада“


Почна реконструкцијата на улицата „Васко Карангелески“ на потегот од булеварот „Јане Сандански“ до булеварот „Трета македонска бригада“ во скопската општина Аеродром. – Градот Скопје денеска во Општина Аеродром започнува со изградба и пробивање на улицата „Васко Карангелески“ и реконструкција во делот каде што таа веќе е изведена. Станува збор за потег што е крајно неопходен […]

Кејот во Скопје во ново руво


На 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес, Кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до булеварот „Стив Наумов“ има целосно ново партерно уредување. – Како што и самите можете да се уверите, шеталиштето на Кејот „13 Ноември“ никогаш не било поубаво и никогаш не било толку полно со луѓе кои со уживање ја користат ширината на […]

Започнува реконструкцијата на улицата „Народен Фронт“


Од денеска, започнува комплетната реконструкција на улицата „Народен Фронт“ во Општина Центар. Со реконструкцијата целосно ќе се уреди коловозната конструкција на површина од 11.542 метри квадратни, а ќе бидат опфатени и трите краци на улицата кои минуваат помеѓу зградите.  По целата должина на улицата „Народен Фронт“ ќе се реконструираат и подигнатите пешачки платоа за смирување […]

Шилегов и Заев положија цвеќе за загинатите од земјотресот во 1963 година


Денеска, на градските гробишта во Бутел, домашни и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во далечната 1963 година. Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ и […]

Заев: Скопје не ги заборава жртвите од земјотресот


 Денеска се сеќаваме на 26 јули 1963 година, кога во 5 часот и 17 минути беа урнати 15.800 станови, оштетени 28.000, а над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје, и им го одзеде животот на над илјада скопјани. Ова го […]

Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес


Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени. И оваа година поради корона пандемијата одбележувањето ќе биде според строгите мерки протоколи. Традиционално, во 10 часот, пред Споменикот на жртвите од […]

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници


Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две локации за легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично. Како што информиратат од Град Скопје, двете локации се потпорниот ѕид на улица „Војвода Васил […]