Улицата „Самарџии“ се реконструира за враќање на сјајот на Старата чаршија


Општина Чаир денеска почнува со реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци и улици во Старата чаршија, проект кој има за цел да го врати сјајот на еден од најавтентичните урбани простори во Скопје. Како што соопштуваат од локалната самоуправа, на настанот се очекува обраќање на градоначалникот Изет Меџити, кој ќе ги презентира […]

Град Скопје исплатил околу 750.000 евра за напади од бездомни кучиња во 2025 година


  Град Скопје во текот на 2025 година исплатил околу 750.000 евра оштета на граѓани поради напади од бездомни кучиња, при што биле поднесени стотици тужби и судски одлуки за надомест на штета, покажуваат податоци објавени од повеќе домашни медиуми и институционални извештаи. Според официјалните податоци, од јануари 2025 до јануари 2026 година се поднесени […]

Без вода дел од село Бардовци


Поради дефект на приклучна цевка на ул.10 во Бардовци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од с.Бардовци. Како што информираат од Дежурно-информативен центар на ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до санирање на дефектот.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден


По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.  Како што информираат од МВР во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по […]

Првите автобуси за градскиот превоз Николоски ги очекува во септември


Скопје од септември треба да ја добие првата делница од проектот за Градски воз, кој ќе сообраќа на релација од Зелениково до Транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси, доколку успешно заврши тендерската постапка, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој во гостување во емисијата „Само интервју“ посочи дека тендерот за набавка […]

Затворени улици и делови од булевари околу црквите утре за Велигден


По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, информираат од МВР. Од таму посочуваат дека утре во периодот од 18:00 часот па до завршувањето […]

Без струја корисниците од улица Ресенска во Чаир


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:дел од корисниците од ул. Ресенска, во Општина Чаир.  Како што соопшти РЦУК Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со струја ќе биде во периодото од 08:30 до 10:00 часот. 

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред


Јавниот автобуски превоз во Скопје за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје. -По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно […]

На местото од игротеката до „Капитол мол“ нема да никне парк – туку бехатонско детско игралиште


Ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза, вака ја најави пренамената на просторот каде до пред некое време имаше полузаградена игротека во Општина Аеродорм, до „Капитол мол“, градоначалникот Дејан Митески. Денеска тој, заедно со сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за […]

Празничен возен ред за Велигден


Од ЈСП Скопје информираат дека по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10.04.2026 год. (петок) до 13.04.2026 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Работно време на билетарници и центри за персонализација Во сабота (11.04.2026 г.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно […]

Околу 700 ракометари и ракометарки доаѓаат во Скопје на Светско училишно првенство


Нашиот главен град за прв пат ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет кое ќе се одржи во период од 21 до 29 април во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за спорт. На ова престижно натпреварување ќе учествуваат 23 машки и 16 женски екипи, се […]

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците


Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот, соопштија попладнево од Управата за хидрометеоролошки работи. Како што најавија синоптичарите, утринската температура утре и во сабота наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен, повремено засилен, северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Од сабота […]

ПОЦ со бесплатен паркинг за време на Велигденските празници, освен сабота


Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 10.04. (петок), 12.04. (недела) и 13.04.2026 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“; и […]

Бесплатни WiFi-зони на плоштадот „Филип Втори“ и на скверот „Коцка“ во Автокоманда


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски синоќа во објава на Фејсбук сподели дека на плоштадот „Филип Втори“ и на скверот „Коцка“ во Автокоманда, поставиле бесплатни WIFI-зони достапни за сите граѓани. „Со ова овозможуваме полесен и побрз пристап до интернет, комуникација без ограничувања, користење на дигитални услуги, учење, работа и информирање – директно од јавен […]

Без вода неколку улици и училиштето „Димитар Влахов“


Без вода од осум часот се неколку улици на скопска територија, како и училиштето „Димитар Влахов“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како причина е наведен уличен дефект на улицата Венијамин Мачуковски. Водоснабдувањето е прекинато за корисниците од оваа улица, како и улиците „Анастас Митрев“, дел од „Петар Ацев“ и училиштето […]

Делови од Центар и Ѓорче Петров времено без струја


Делови од општина Центар и општина Ѓорче Петров денеска ќе останат одреден временски период без струја поради зафати во електродистрибутивната мрежа.  Регионалниот центар за управување со кризи. повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, информира дека во периодот од 06 до 12 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Ленинова“ околу Холандската амбасада, дел […]

Општина Кисела Вода организира бесплатна проекција на филмот „Тетовирање“ во Драчево


Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов. Проекцијата ќе се одржи во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19 часот. Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети. – Овој настан […]

Повеќе од 40 семејства во Чаир на Гази Баба, во 21 век конечно, добија приклучок на водоводна мрежа


Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира за напредокот на работите на улицата „Аврам Писевски“ во Гази Баба, каде што во моментов се реализира приклучување на оваа зона на водоводната мрежа. Со оваа инвестиција се обезбедува стабилно водоснабдување и се подобруваат условите за живот за жителите на оваа зона. „Ја поврзуваме оваа зона со водоводната […]

Жичницата на Водно нема да биде во функција поради временски услови


Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денеска жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. Од таму посочија дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. „Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се […]

Универзална почнува да се гради, соопшти Министерството за култура


По долги години чекање и административни пречки, денес официјално можеме да објавиме: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија, соопшти Министерството за култура. Министерството за култура и туризам, информира дека постапката за избор на изведувач за Универзална сала успешно е заокружена откако Државната комисија […]