Нови, пониски цени за паркинг во Скопје


ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува граѓаните и своите корисници дека од денес се воведуваат нови цени за паркинг услугите на зонско. Новите, намалени цени се однесуваат на час паркирање и ќе важат за сите зонски паркинзи со кои стопанисува претпријатието. Новите цени се: Зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, Зона А […]

Почнува постапката за изградба на пречистителна станица во Скопје кај Трубарево


Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ годинава започнуваат со реализација на проектот за изградба на Пречистителна станица за третман на отпадни води – Скопје, како најголем еколошки проект за Скопје и скопјани, проект во вредност од 136 милиони евра. Со проектот ќе се прочистат 90% од водите во градот. Денеска во просториите на ЈП […]

Се укинуваат дополнителните трошоци во градинките во Аеродром


Почнувајќи од денеска, 1 март, се укинуваат давачките што досега ги издвојуваа родителите за своите деца во градинките во Општина Аеродром, а во текот на годината целосно ќе бидат скратени сите дополнителни трошоци. По предлог на градоначалникот Тимчо Муцунски и со одлука на Советот на општината, родителите ќе бидат ослободени од трошоците што ги издвојуваа […]

Утре без вода дел од населбата Железара


Поради замена на затворач ф-125 милиметри на улица „Коце Металец“ број 13, утре од 8 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците во скопската населба Железара. Како што информираа од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода ќе бидат корисниците на делови од улиците „Коце Металец“, и тоа од броевите 1 до […]

Планетариумот во МКЦ по двегодишна пауза почнува со работа


По двегодишна пауза, Планетариумот во МКЦ од утре ќе почне со работа со што заинтересираните повторно ќе имаат можност да учат за планетите, за ѕвездите, за сите светли и темни нешта во вселената, за сè околу нас. Предавањата ги реализираат ценетите предавачи Моника Пешевска и Радан Митровиќ. Предавањата се адаптирани според возраста на посетителите. Условите […]

Паркингот поевтинува од утре


Од утре поевтин паркинг во зонското паркирање во Скопје. Цената за паркирање во зона А0 се намалува од 100 на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето поевтинува од 30 на 25 денари за 1 […]

Без вода дел од Чаир, Железара и Бутел 2


Поради дефект на затворач на крстосницата на улицата „Втора македонска бригада“ со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населбите Чаир, Железара и Бутел 2. Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11 часот до санација на дефектот.  

Опожарени три контејнери во текот на викендот


Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на Бит Пазар. Опожарените контејнери биле со зафатнина од 3,2 м3 и сите се целосно уништени и неупотребливи, информираа од „Комунална хигиена“. Од почетокот на годинава беа опожарени вкупно девет пластични контејнери поставени на јавни […]

Инспекциски надзори за наплата на комуналните такси и данок на имот во Скопје


Екипи од Одделението за даночна инспекција, како и за инспекција за наплата на комунални и други такси при Инспекторатот на Град Скопје, продолжуваат со редовни контроли и надзор врз наплатата на таксата за правните и физичките лица. Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сеуште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат […]

„Водовод и канализација“ ќе произведува еко-електрична енергија преку фотоволтаични централи


Со првенствена цел, заштита на животната средина, но и имплементација на иновативни технологии, како и можност за заштеда на финансиски средства, Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, ја отвора можноста за производство на еко-енергија преку фотоволтаици. За оваа цел, како што појаснија од „Водовод и канализација“ – Скопје, бил направен првиот чекор, измена на […]

Општинскиот весник на Аеродром отсега само електронски


Општинскиот весник „Аеродром“ од денеска за првпат почна да излегува единствено во електронска форма. Ова е уште еден чекор кон дигитализација на општинските услуги во рамките на проектот „Смарт Аеродром“.  Општина Аеродром преминува кон современ дигитален начин на комуникација со граѓаните. Одлуката да се престане со печатење на весникот има цел не само да ги […]

(Видео) Арсовска се расправаше со архитектите за Универзалната сала пред камери


Градоначалничка на Скопје Данела Арсовска денеска пред медиумите се расправаше со претставници на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) пред Универзалната сала, на асостанокот кој го иницираше министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, по објавата на Арсовска дека проектот за Универзална е небезбеден. Арсовска останува на ставот дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден […]

По повеќе од 10 години исчистен каналот во подножјето на Водно


По повеќе од десет години службите на Општина Центар го исчистија каналот кој се наоѓа во непосредна близина на полициската станица на Водно, односно тн. Шеста управа. Со помош на механизација изминатите неколку дена од каналот со должина од околу 100 метри извадени беа над 50 м3 кал, градежен и комунален отпад, гранки и паднати […]

И Арсовска најави изградба на Луна паркот, но за две години


Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката со која конечно ќе се реализира и отпочне со изградба забавниот парк. Град Скопје наскоро ќе започне со уредувањето на новиот Луна парк за што во прва фаза ќе бидат монтирани првите реквизити со цел паркот да биде функционален за граѓаните.  Финансиските средства за проектирање, […]

Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило


Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини.  Со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за 10-те скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе. Од овие средства ќе се реализираат голем број […]

ААМ: Политичарите не треба да судат за безбедноста на проектот за Универзалната сала


Асоцијацијата на архитекти на Македонија реагира на обвинувањата на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, дека проектот за реконструкција на Универзалната сала е небезбеден и велат дека тоа не моеж да го процени политичар, туку само стручно лице со ист или повисок ранг.  Нивната реакција, во продолжение во целост ја пренесуваме:  – Деновиве сме сведоци на […]

Се чисти трговскиот центар во Лисиче – погледнте што се извадија


Комуналните служби на Општина Аеродром деновиве спроведуваат голема акција за темелно чистење на Трговскиот центар во Лисиче и неколку други локации низ населбата. Се чистат сите делови на трговскиот, а најмногу се загадени премините меѓу дуќаните, каде што со години се трупало ѓубре, кое покрај грдата слика, со неговото распаѓање создаваше и непријатна миризба. Општина […]

Градските автобуси пратени на вонреден технички – нервоза кај жителите на главниот град


Утринава автобуси на ЈСП, но и на приватните превозници биле испратени на вонреден технички преглед од страна на полицијата, а поради тоа дел од линиите се во прекин. Од ЈСП Скопје информираат дека 11 нивни возила биле испратени на технички преглед, а за пет било утврдено дека се неисправни. „Од утринава, па досега, 7 возила […]

Арсовска ја викна министерката за култура на средба за Универзална сала


Градот Скопје упати покана до министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за присуство на отворена работна средба на која ќе ѝ се презентираат факти за грешките во проектот и техничката документација за текот на работите за реконструкција на Универзалната сала. Откако вчера градоначалничката на Скопје рече дека Универазлната сала се реконструира побавно, затоа што проектот бил […]