Бесплатни онлајн проекции на еколошкиот филм „Дивиа“ по повод Денот на планетата Земја


По повод Денот на планетата Земја, публиката од регионот од денеска има можност бесплатно онлајн да го погледне еколошкиот документарен филм „Дивиа“  на украинскиот режисер Дмитро Хрешко, кој преку поетски визуелен израз ја прикажува човечката и еколошката деструкција предизвикана од војната во Украина. Филмот ќе биде достапен онлајн до 29 април преку линкот ondemand.kinomeetingpoint.ba. „Дивиа“ […]

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026


Со свечено дефиле на учесниците и културно-уметничка програма на Плоштад Македонија, вечерва во Скопје официјално беше отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026, кое за првпат се одржува во Македонија во организација на Федерацијата за училишен спорт, под покровителство на Министерството за спорт. Главниот град во наредните денови ќе биде светска ракометна мапа на младинскиот […]

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода


Поради зафати во електродистрибутивната и водоводната мрежа, утре ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во делови од општина Центар, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје. Оттаму соопштуваат дека од ЕВН Македонија информираат дека поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, без труја ќе останат корисниците од улицата […]

Ученици од скопските училишта смислуваа иновативни решенија за еколошки проблеми


Повеќе од 230 ученици под водство на наставници – ментори, во 43 тимови, денеска смислуваа решенија за еколошки проблеми, а на крај на настанот најдобрите ќе бидат наградени. Денес по повод 21 април, Денот на иновативноста и креативноста, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ИНОВА, организира настан под наслов Зеленикс – од предизвик до […]

Фонтаните во Скопје добија ноќно осветлување во различни бои


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа сподели видео од фонтаните во центарот на главниот град, кои блескаат во ноќно осветлување. На видеото можеа да се забележат фонтаните лоцирани на плоштадот Пресвета Богородица, фонтаната на плоштадот Македонија, фонтаните пред влезот во Старата скопска чаршија, како и фонтаната на плоштадот ВМРО. „Ова, е само наше Скопје!“, стои во […]

Скопје домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци


Под покровителство на Министерството за спорт од денеска до 29 април, Скопје ќе биде домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци. Како што информираат од Министерството за спорт, на Светското училишно првенство во ракомет се очекува да настапат околу 1000 млади ракометари и ракометарки – средношколци на возраст до 18 години од целиот […]

Без вода и струја неколку улици во Скопје


Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Црвена Вода“ број 9 во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри и […]

Започна асфалтирањето на пристапниот пат кон гробиштата Камник


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека започнало асфалтирањето на пристапниот пат кон гробиштата Камник, проект за кој вели дека предолго се чекало, но конечно станува реалност. „Ова не е обична градежна активност — ова е исполнување на децениско барање на граѓаните! Во првата фаза инвестираме 8.164.884 денари, средства обезбедени преку Владата. Продолжуваме […]

Гори објект во Шуто Оризари


Голем пожар утринава изби во објект во населбата Шуто Оризари. Според објава на „Рома прес“, најверојатна причина за пожарот е стара електрична инсталација.

„Комунална хигиена“ го потрупа истеченото масло на коловозот по сообраќајката во Ѓорче Петров


Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа 655 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. Отстранети се неколку поголеми диви депонии на улиците „Перо Наков“ во општината Гази Баба, „Џон Кенеди“ во општината Чаир, како и „Гвадалахара“ во општината Шуто Оризари. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата […]

Свечено отворање на новата Лабораторија за органска хемија на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ


Нова Лабораторија за органска хемија ќе биде отворена денеска на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, ректорката на УКИМ проф. д-р Билјана Ангелова и деканот на ТМФ, проф. д-р Игор Јорданов. Како што се […]

ФЕИТ домаќин на RoboMac 2026: Над 80 млади иноватори и експерти во натпревари по роботика


Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од денеска до 25 април ќе биде домаќин на натпреварите по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција RoboMac 2026 и RoboMac Junior 2026, на кои ќе учествуваат студенти, ученици и експерти од земјата и од странство. Како што информираат од ФЕИТ, на 14. издание на RoboMac ќе учествуваат […]

Дел од општина Карпош и неколку скопски села денеска без струја


Корисниците од селата Горно и Долно Соње, Говрлево, Виничиште, Чифлик и Света Петка денеска од 8:00 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Во периодот од 10:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Рузвелтова“ со број 11 и 13 во општина Карпош. Како што информира Регионалниот центар […]

Приказни за животните, музички хепенинг… Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина


Со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Во овие сто години Скопје ЗОО имала подеми и падови, а денес во неа живеат 500 животни од сто вида, а меѓу најатрактивните се слоницата Данела, нилскиот коњ […]

Следната недела од поројни дождови до 0 степени Целзиусови


Пред нас е работна недела која ќе донесе чести промени на временските прилики, со постепен пад на температурите и најава за локални врнежи од дожд. Почетокот на неделата ќе го одбележи променливо облачно време, а веќе во вторник метеоролозите предвидуваат зголемена нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северозападен правец. Ваквиот бран […]

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата


ЈП Водовод и канализација – Скопје спроведува акција за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Акцијата, како што информираат од јавното градско претпријатие, започнува во понеделник на 20 април и ќе трае до 5 јуни годинава. -Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да […]

Жичницата на Водно и денес вон функција


Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денеска, жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. Од таму посочија дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. „Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се […]

„Инструментите на моите предци“ – натпревар на изворни и класични инструменти во ЈУ Детски културен центар – Карпош


 Натпревар на изворни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“ ќе се одржи денеска ЈУ Детски културен центар – Карпош, со поддршка на Град Скопје.  Македонските традиционални инструменти се клучни за богатата музичка култура, вклучувајќи дувачки инструменти како кавал, гајда, зурла и дудук, како и жичени инструменти како тамбура, ќемане и гусла. Тие се често […]

Топлото време ги измами влекачите – внимавајте кога одите на Водно


Со порастот на температурите, се зголемува и активноста на влекачите, особено на планинските и шумските подрачја. Попладнево, на социјалните мрежи беше споделена објава за забележана змија на Водно, за која според коментарите станува збор за поскок. Според објавата, змијата била забележана на патеката од ресторанот „Два Елена“, во близина на капијата кај претседателската вила. „Личи […]

Брза реакција на професионален војник спречи ширење на пожарот на скопското Кале (видео)


Професионалниот припадник на Армијата Христијан Божиновски со навремена и пожртвувана реакција помогна да се спречи ширење на пожар кој попладнево избувна под скопското Кале, при што беа опожарени повеќе паркирани возила. При интервенцијата, војникот се здобил со полесна повреда на раката, по што му била укажана соодветна медицинска помош, информираат од Армијата. Професионалниот војник  при […]