Дневници од 800-1.000 денари за оние кои ќе учат за месопреработувачи во СОУГС „Димитар Влахов“


Со цел зголемување на интересот на учениците за занимањето месопреработувач, во соработка со компании од месната индустрија, училиштето обезбеди дневници за секој што ќе се запише на насоката месопреработувач, и тоа дневница од 800 денари во прва година, 900 во втора и 1.000 денари во трета. Ова е еден стимул со надеж дека интересот за […]

Поддршка за семејствата во Центар, обезбедени 4 милиони денари за новороденчињa


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со посебен фокус на младите семејства, децата и повозрасните. По тој повод, Општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на […]

Без струја дел од корисниците на ул. „Македонска Преродба“ во Ѓорче Петров


 Дел од корисниците на ул. „Македонска Преродба“ во Ѓорче Петров денеска од  9.00 до 14.00 часот ќе останат без електрична енегрија. Од ЕВН Македонија АД известија дека прекинот ќе биде поради зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Делови од Автокоманда, Влае, Кисела Вода и Трубарево денеска без вода


Поради технички зафати денеска во одреден временски период без вода ќе останат делови од населбите Автокоманда и Влае. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради промена на вентил на улицата „Јани Лукровски 8“, прекинато водоснабдување од 08:30 часот ќе имаат корисниците од истата улица, а поради водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Франце Прешерн […]

Повеќе делови од Скопје утре ќе бидат без вода


ЈП „Водовод и канализација“ за утре најави повеќе прекини на водоснабдувањето низ главниот град. Поради промена на вентил од 2.5“ на улицата „Јани Лукровски“ бр.8, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Франце […]

Ѝ ветиле дека ќе ја вработат во некоја од државните институции – скопјанка измамена за над 150.000 денари


Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 04.05.2026 до 06.05.2026 таа и нејзиниот татко биле измамени од две лица за 152.000 денари. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, таа преку социјална мрежа и телефонски стапила во контакт со едно женско лице и едно […]

ТВ водителот Миро Кацаров назначен за в.д. директор на Универзална сала


Телевизискиот водител Миро Кацаров е поставен за в.д. директор на Универзална Сала во Скопје. Според податоците објавени во Централниот Регистар, Кацаров ќе биде вршител на должноста директор, а назначен е од актуелниот скопски градоначалник – Орце Ѓорѓиевски. Продолжува изградбата на Универзална сала – куполата била безбедна Почетокот на изградбата на објектот беше означен кон крајот […]

Граѓаните садат – општинските тримерџии косат: Последно настрада млад орев


Жителите на Аеродром, често знаат да засадат дрвца во околните паркови и тревници меѓу зградите, но службите на општината, задолжени за косење не ги гледаат малите дрвца, па ги поткаструваат при косење на високата трева. Последен што настрада е млад орев, кој жителите го засадиле во тревник зад клупа, а го оградиле и со колци. […]

По избодениот ученик во Ченто, Локалниот совет за превенција со насоки за образовните институции


Изолиран случај бил нападот на ученик во Ченто, кој се бори за живот на скопските клиники, а генералната безбедносна состојба во училиштата на територијата на Општина Гази Баба, вклучително и во конкретното училиште, е на високо ниво, заклучил денеска Локалниот совет за превенција во проширен состав, кој одржа седница посветена на состојбите со безбедноста во […]

„Лефти и Рајти во Карпош“ – театарска претстава за децата од градинката „Орце Николов“


Општина Карпош преку програмата за култура го поддржа проектот – театарска претстава за деца „Лефти и Рајти во Карпош“.  Утре, на 15. мај, децата од градинката „Орце Николов“ од Карпош ќе ги проследат новите авантури на Лефти и Рајти кои се на гости во оваа општина. После претставата, децата ќе учат како да диплат и како […]

Дожд со силен ветар – ни чадор нема да ви помогне


Времето утре (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.   Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб […]

ЈП „Комунална хигиена“ однела 200 м3 ѓубре од „Генералка викенд“


И оваа година, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје зема активно учество во масовната акција за чистење „Генералка викенд“, што се одржа на 8 мај. Акцијата започна на Кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа најразлични видови на непрописно одложен отпад од брегот и пешачките патеки. Воедно, […]

Општина Аеродром бесплатно собира кабаст отпад


Општина Аеродром од 18 мај (понеделник) започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, што ќе трае до средината на јули. Акцијата е продолжение на успешната есенска акција и има за цел почиста и поуредна животна средина за сите!   Во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина […]

Трубарево без вода


Поради изведување на водоводен приклучок, без вода од 10:00 часот ќе бидат корисниците од Трубарево, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Без струја улици во Гази Баба и Ѓорче Петров


Без струја денеска од 8:30 до 12 часот ќе останат корисниците на улицата „Благоја Стефковски“ и дел од Бул. Александар Македонски во општина Гази Баба. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија од 9 до 14 часот ќе останат и дел од корисниците на ул. 95 Волково во […]

Заловеното животно е волк – но без инстинкти и не може да преживее во дивина


Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле. Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на […]

Пролетна дератизација во Аеродром


Деновиве во Општина Аеродром се спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија на општината, со цел заштита на јавното здравје и превенција од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите. Во рамките на акцијата се опфатени околу 3.000 шахти, во кои се поставуваат вкупно 9.000 мамци, а активностите ги опфаќаат и сите […]

Безбеден и организиран пристап до Рамстор Мол за време на реализацијата на новиот градежен проект


Во согласност со планираните развојни активности на нашата компанија,Рамсторе Македонија ДОО, Ве информираме дека започнуваме со реализација на проект за изградба на нов деловно – станбен објект на паркинг просторот на Рамстор Мол кој ќе опфаќа и три подземни нивоа наменети за паркинг простор. Во текот на изведбата на градежните активности, пристапот до трговскиот центар […]

Заловен волк во населбата Козле, бил чуван како домашен миленик


Во населбата Козле синоќа бил забележан волк со синџир и ремче – чуван како домашен миленик, а по интервенција на надлежните служби е заловен и згрижен во Зоолошката градина Скопје.   – По пријава од загрижени граѓани, на местото интервенираше МВР, а веднаш потоа пристигна и стручната служба од ЗОО Скопје и претставници од градот Скопје, […]

Град Скопје со рекордна реализација на инвестиции во првиот квартал – опозицијата ги гледа како нејзини


Во првите месеци од 2026 година, Скопје бележи значителен напредок во реализацијата на капиталните инвестиции, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје. Според податоците што ги презентираше, во првиот квартал се реализирани 335,75 милиони денари, што претставува 18,12% од вкупно планираните средства за 2026 година. До април, реализацијата достигнала 464,45 […]