Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе


Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, тврди дека тендерот за автобусите пропаднал затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе. „Додека граѓаните со часови чекаат по станиците и се возат во распаднати автобуси, фокусот на власта е исклучиво со местење тендери и милионски зделки. Затоа пропадна тендерот за набавка на 150 автобуси […]

Монтажните гаражи на Клинички ја чекаат тендерската постапка, која не се знае ни кога ќе почне


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, идната недела ќе има завршен состанок со министерот за здравство Азир Алиу, на кој, како што информира денеска, заеднички ќе објават кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. По завршувањето на тендерската постапка, нагласи Ѓорѓиевски, веднаш ќе почнеме изградбата на гаражите. – Динамиката […]

Ѓорѓиевски одлучен да го реши проблемот со дивиот премин на Бит-пазар, засега само со политички флоскули


Ќе се реши проблемот со дивиот пешачки премин на Бит-пазар – дециден е скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Како што изјави денеска, има само една алтернатива – или преминот да биде легален во согласност со законот и да се отстрани натпатникот за да се добие сообраќајно решение или натпатникот да стане функционален и да се затвори […]

„Заеднички напори за намалување на отпадот и подобрување на одржливоста – REDUCE“ – Општина Бутел доби нов проект од ЕУ


Во Приштина се одржа завршната церемонија за доделување на грантовите за општините во рамките на IPA III Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија за периодот 2021-2027 година. На настанот присуствуваа министерот за локална самоуправа на Република Македонија, Златко Перински, косовскиот министер за локална самоуправа, како и градоначалниците на општините кои се дел од […]

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје како Европска престолнина на културата во 2028


Трансформација на Скопје што ќе остави траен белег и ќе го трасира патот за натамошен развој на градот, на неговите културни споменици и обележја, како Калето, Аквадуктот, зградата на Поштата и парковите, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во пресрет на 2028 година, кога Скопје ќе биде Европска престолнина на културата. Експертите, пак, порачуваат да се создаде […]

Ништо од електричните автобуси од Унгарија – поништена јавната набавка


  Министерството за транспорт и врски информира дека Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи. „Министерството за транспорт ве известува дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок“. Нема […]

ЗОО Скопје и Битола ќе се модернизираат по европски стандарди


По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска во Зоолошката градина во Скопје беше потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди. Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа нагласи дека денешното […]

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје в понеделник нема да работат


По повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, на ден 25.05.2026 година (понеделник), шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. -Со редовно работно време ќе се продолжи од 26.05.2026 година (вторник), посочуваат од Ј авното градско претпријатие. Оттаму ги повикуваат корисниците да ги користат […]

Град Скопје не успеа да го затвори дивиот премин кај Бит-пазар


Екипи на Град Скопје не успеаја во својата намера даго затворат неофицијалниот пешачки премин во близина на Бит-пазар, со поставување метална ограда, затоа што интервенцијата беше прекината поради силен отпор од група граѓани кои излегоа на терен и со жив ѕид го блокираа пристапот на службите. Според очевидци, на локацијата се собраа претежно жители од […]

Без струја дел од корисниците во Ѓорче Петров


 Дел од корисниците во Ѓорче Петров денеска ќе останат без електрична енергија, Како што информнира ЕВН Македонија АД без електрична енергија во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе останат корисниците од ул. „Мечкин Камен“ од приближно бр. 33 до бр. 45 во општина Ѓорче Петров.

Се затвора нелегалниот премин кај Бит пазар – граѓаните негодуваат


Неколку месеци по најавите од страна на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, денеска екипи на Градот започнаа со поставување ограда и затворање на дивиот пешачки премин во близина на Бит-пазар, но беа спречени од група демонстранти кои со „жив штит“ не дозволуваа затворање на овој нелегален и неозначен премин. Претходно, градоначалникот изјави дека жители на […]

Еве какво време не очекува во деновите од продолжениот викенд


Времето во следните денови ќе се задржи променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец – над 50 километри на час. Утре и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Според информациите од синоптичарите, локално […]

Зонското ќе стигне и до Ново Лисиче, општината подигнала само 15 хаварисани возила


Хаварисаните возила кои со години стојат на паркинзите низ Општина Аеродром се проблем затоа што зафаќаат паркинг-места, но сега го отежнуваат и обележувањето на местата, што општината се подготвува да го направи во Ново Лисиче, откако реши зонското паркирање во Реонски центар и во Ново Лисиче да почне едновремено.    Вчера, на влезните врати во […]

Општина Карпош бесплатно ги носи првенците на генерација и спортистите на камп во Грција


Општина Карпош ќе ги награди првенците на генерација, основците од најуспешните спортски екипи во фудбал, кошарка и одбојка за девојчиња, како и индивидуално прогласените ученици – спортисти, за постигнатиот успех во рамки на училишните спортски игри Карпош 2026, со меѓународна повеќедневна екскурзија во детскиот камп „Каливас“ (Грција), одлучи днееска Советот на општината. Локалната самоуправа ќе […]

Градоначалникот Лукровски нигде го нема: Карпош изгласа без него зголемен ребаланс на буџетот


  Членовите на Советот ги разгледуваа и полноправно одлучуваа за 19 точки кои се најдоа на дневниот ред, во рамки на 13-тата седница која се одржа денеска во просториите на Општина Карпош. По деталната презентација на раководителката на Секторот за финансиски прашања, мнозинството советници ги поддржаа измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Карпош за […]

Од Ристиќева палата до ретро игранка, Центар вечерва го оживува старото скопското корзо


Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери на општина Центар вечерва, со почеток од 19:00 часот, го организира настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“. Настанот ќе започне од Плоштадот „Македонија“ со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов“ каде ќе се одржи […]

На Скопје му недостигаат 171 пожарникар, моментално во главниот град има 213


На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е хроничен. Сега последната генерација има 20 нови вработени на кои им претстои преквалификација и обука. Потребата од дополнување ќе тече во текот на […]

Делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска без струја


 Корисниците во делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска во одредени периоди ќе бидат без електрична енергија. ЕВН Македонија АД информира дека во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 31,102 и 103 во Волково, во пштина Ѓорче Петров. Во периодот од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе […]

Без вода дел од жителите на Центар


Без вода денеска ќе бидат дел од жителите на Општина Центар. -На ден 21.05.2026 дека поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Дане Крапчев 26, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица .Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности (Општина Центар), соопшти РЦУК, по добиено известување […]

„Граѓаните на Центар знаат како да казнат лоши политики“: Петиција против новиот Ценовник на ПОЦ


На Фејсбук страницата „За пристоен Капиштец“ беше споделена објава која што беше адресирана до градоначалникот на Општина Центар, Управниот и Надзорниот одбор на ПОЦ, и до советници на Општина Центар. Во објавата беше споделена фотографија од Петиција на која што се собираат потписи во врска со новиот Ценовник на ПОЦ, а се порачува дека граѓаните на […]