Од 1 јули целосна забрана за движење во шуми


Од 1 јули до 31 август се воведува забрана за движење во шумите и шумските подрачја. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое  управуваат. – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките […]

Во тек е пријавувањето за Скопскиот маратон


Секој голем резултат започнува со една одлука – одлуката да се направи првиот чекор. Токму затоа, сите кои сакаат да бидат дел од најголемиот спортски настан во земјата, Виз Ер Скопски маратон 2026, сега е вистинското време да се пријават и да ги започнат своите подготовки. Следниот рок за пријавување со поволна котизација е 31 […]

Кириите во Скопје паѓаат – Може да се најде стан и за 250 евра


Кириите во Скопје бележат пад и стануваат меѓу најниските во Европа, покажуваат анализите на пазарот за недвижности. Според експертите, клучна причина е големата понуда на станови, вклучително и околу 100.000 празни недвижности во државата, што ја зголемува конкуренцијата меѓу издавачите. Во пракса, станови што првично се огласуваат за околу 400 евра месечно, често се издаваат […]

Анима Мунди бара да се затвори скопската ЗОО и да се направи инспекција на сите живеалишта


Итно да се затвори скопската Зоолошка градина и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, бараат од здружението за заштита на животните Анима мунди, откако во јавноста излезе информацијата дека волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку […]

Меѓународен спектакл со над 90 уникатни мотоцикли, рокенрол и уметност во Центар


Во Паркот на Франкофонија, во сабота, 27 јуни, од 12:00 до 18:00 часот, ќе се одржи петтото издание на меѓународната манифестација  „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle 2026“, финансиски поддржана од Општина Центар и Министерството за култура и туризам. На настанот, во организација на CRUISE CULT и ЦСУ – Скопје, ќе бидат изложени […]

Без струја дел од корисниците на бул. „Борис Трајковски“ во Кисела Вода


 Корисниците од бул. „Борис Трајковски“ – крак 10 во општина Кисела Вода ќе немаат електрична енергија. Како што информира РЦУК-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, струја ќе немаат од 9 до 12 часот.

Без вода дел од корисниците на општина Карпош


Без вода денеска ќе биде улицата „Никола Парапунов“ и делови од улиците „Разловечко востание“ и „Вич“ во Карпош, соопшти  ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето, кој ќе почне во 18 часот, е поради санација на два затворачи на улицата „Никола Парапунов“ и ќе трае до завршување на санацијата. Нормализирање се очекува околу […]

Новиот мегапарк во Бутел станува современ зелен простор


Изградбата на новиот мегапарк во Општина Бутел е во завршна фаза, а наскоро овој современ зелен простор ќе биде ставен во функција и предаден на користење на граѓаните. На површина од 8.000 квадратни метри, просторот кој со години беше запуштен и неискористен се трансформира во модерна зелена оаза, наменета за одмор, рекреација и дружење на […]

Волци успеале да побегнат од живеалиштето во Скопје ЗОО, па изеле кенгури и ему птици


Сериозен инцидент се случил во Зоолошката градина во Скопје, откако белите волци наводно избегале од своето живеалиште и усмртиле неколку животни и птици, објави порталот „Петс.мк“. Според информациите кои ги објави порталот, инцидентот се случил во саботата, кога белите волци наводно успеале да ископаат дупка под оградениот простор и да излезат од живеалиштето. Како што […]

Жичницата и понатаму надвор од функција – сервисот сè уште не е направен


Скопјани, туристите и останатите посетители засега ќе мора да ги користат постојните пристапни патишта за да стигнат до Милениумскиот крст, бидејќи жичницата на Средно Водно сè уште не е вратена во функција. Од ЈСП „Скопје“, кое стопанисува со жичницата, велат дека во тек се сите законски предвидени постапки за реализација на редовниот сервис. „Безбедноста на […]

Време е Македонија да добие национална опсерваторија, Скопското астрономско друштво отвора повик за граѓаните


Скопското астрономско друштво започнува сериозна иницијатива за изградба на современа национална астрономска опсерваторија во Македонија и најавува формирање на отворена работна група во која ќе можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани, студенти, професори, научници, инженери, астрономи, астрофотографи и љубители на науката. Photo by Alex Eckermann on Unsplash   Од друштвото посочуваат дека по повеќемесечна работа на […]

За што се помоли Орце Ѓорѓиевски на Божјиот гроб во Ерусалим? (видео)


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, присуствува на меѓународниот саем MUNI EXPO во Тел Авив, Израел, посветен на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и управувањето со кризни ситуации. Тој соопшти дека на настанот, на кој учествуваат претставници на градови, институции и компании од повеќе земји, се разменуваат искуства и современи решенија за поефикасно функционирање на […]

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци


  Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат […]

Центар побара засилена контрола од МВР на детските игралишта


Општина Центар ги обнови детските игралишта кај „Зебра“ во Капиштец и кај КАМ маркет во Дебар Маало, при што дотраените и оштетени реквизити се заменети со нови за  да се обезбедат побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација на децата. Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел за зачувување на урбаната опрема , нагласувајќи дека јавниот […]

Без струја село Студеничани, без вода од ул. „Салвадор Аљенде“


Без електрична енергија  денеска ќе останат дел од корисниците на село Студеничани спроти „Волталед“ во општина Студеничани, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, пренесувајќи известување од ЕВН Македонија.  РЦУК-Скопје соопшти и за прекин на водоснабдување од 9 часот изутринава за корисници од дел од ул. „Салвадор Аљенде“, поради уличен дефект на таа […]

Екоактивисти и граѓани на протестен марш „Стоп за Усје“


Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани вечерва протестираа пред Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) со барање да се почитуваат европски еколошки стандарди кога ќе се одлучува по барањето од Цемантарницата „Усје“ (Титан групација) за обнова на А-интегрираната дозвола. Активистите, кои и во минатите месеци организираа протести за да искажат […]

Од петок започнува „Културно лето“ во Кисела Вода – три дена ќе се слави роденденот на општината


Лозано, Андријана Петрушевска, Никола Станишиќ, Таско, диџеј Марио Трампет и дечињата од хорот „Киселко“, Јован Мицкоски и Катја Ѓеорѓиевска ќе настапат на претстојното „Културно лето“ во Кисела Вода, манифестација со која се одбележува 71-от роденден на најстарата скопска општина. Под слоганот „Кисела Вода – најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, присутните ги […]

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад


 Апелираме до корисниците на канализациониот систем во град Скопје да се однесуваат одговорно и совесно, бидејќи истиот не претставува место за одлагање на секаков тип на отпад, алармираа попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје на Фејсбук. Од јавното претпријатие информираа и за теренски работни активности за одржување на канализационата мрежа што се […]

Вандализирано детското игралиште „Патрик“ во Аеродром, општината поднесе кривична


По синоќешниот немил настан што предизвика големо внимание во јавноста, денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изврши увид на детското игралиште „Патрик“, кое беше вандализирано и сериозно оштетено од група млади лица. Станува збор за едно од најубаво уредените детски катчиња во Општина Аеродром – простор создаден за игра, дружење и безгрижно детство. За […]

Времеплов низ срцето на Скопје, запознајте ја  историјата, културата и архитектурата на Центар


Општина Центар ги поканува сите заинтересирани граѓани на  бесплатна тематската прошетка  „Времеплов низ Центар,  историја, култура и архитектура“, која ќе се одржи на 24 јуни (среда),  од  18 до 20 часот. Собирно место е на улица „Македонија“, пред Спомен-куќата на Мајка Тереза, од каде ќе започне прошетката низ богатото историско, културно и архитектонско наследство на […]