Во Стара чаршија урнале објект заштитен од државата


Вчера околу 12 часот во СВР Скопје од Конзерваторски центар-Скопје  е пријавено дека на ул.„Лазар Танев“ бил срушен објект во сопственост на Е.Т. (29) од Скопје, кој бил под заштита на државата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

В петок авионско прскање против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 10.07.2026 година (петок), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме […]

Ќе се отвора средно стручно за возачи во ЈСП?


Бројот на вработени возачи на градски автобуси во ЈСП „Скопје“ константно се намалува, што со пензионирање на постоечките, што со иселување, а само во последниов период бројот на возачи се намалил за 10 отсто.  За да не се доведеме во ситуација, кога во некој догледен период и ќе се набават нови автобуси за градскиот сообраќај […]

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време


Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.  Потоа следува период на стабилно време, освен во недела кога повторно се очекува попладневна нестабилност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Преку апликација, возачите во реално време ќе проверуваат каде има слободни паркинг-места во Центар


Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери. Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ќе имаат целосен увид и контрола врз услугите што ги користат.  Апликациите ќе овозможат навремени известувања, поднесување барања, […]

Ѓорѓиевски исплатил еднократна помош на „Антолог“ од 50.000 денари – штетата се брои во стотина илјади евра


Еднократна парична помош од 50.000 денари дал градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на издавачката куќа „Антолог“, чии магацински простории беа поплавени во големиот дожд што наврна во Скопје минатата недела. Советниците, на денешната седница поднесоа иницијатива за обештетување на „Антолог“ од страна на градот, но од службите појаснија дека за да се случи такво нешто, […]

Во Центар, 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, пријавете се за услугата ,,Сервис за стари лица”


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“, за да се информира како се реализира проектот и какви придобивки носи услугата за повозрасните жители на општината. „Во моментот услугата ја користат 73 наши сограѓани, а вкупниот капацитет на проектот е за 90 […]

Без струја повеќе улици во Скопје


Без струја денеска од 8 до 10 денеска ќе останат корисниците од улицата „Антон Попов“ и Основното општинско училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ во општина Кисела Вода, а од 9 до 12 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците на улицата „31“ во населбата Волково, во општина Ѓорче Петров, како и дел […]

Општина Ѓорче Петров ќе додели 10.000 денари поддршка за секој ученик со попреченост


Општина Ѓорче Петров ќе додели 10.000 денари поддршка за секој ученик со попреченост во општината, информираше градоначалникот Александар Стојкоски. Тој истакна дека со оваа мерка, обезбедуваат еднократна годишна финансиска поддршка од 10.000 денари за сите ученици со попреченост, согласно класификацијата МКФ и мислење на ЗМЗ, во текот на целото образование. „Оваа поддршка е наменета за […]

Градоначалникот на Аеродром ќе се качува по „керамиди“ да сади зеленило додека тоа долу се суши


Левица обвинува дека предложените измени во Општина Аеродром наместо да придонесат за повеќе зелени површини, ќе создадат можност просторот околу зградите да се претвора во паркинзи. Според партијата, додека жителите на Аеродром секојдневно се соочуваат со недостиг од паркинг-места, општинската власт предлага вистинското зеленило околу станбените објекти да се заменува со кровно зеленило. Советникот на […]

Без струја делови од Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров


 Без електрична енергија денеска од 08:00 – 09:30, се до 14:30 – 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од општина Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.  РЦУК информира дека по добиено известување од ЕВН Македонија АД без електрична енергија во периодот од 08.00 […]

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола по брзата реакција на пожарникарите


Пожарот кој пред неполн час избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.  Со тоа, додаде градначалникот, беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија […]

Пожар на Јужен Булевар во Кисела Вода


– Се запали магацин или друг простор на Јужен Булевар, во Општина Кисела вода, во Скопје. На терен се екипи на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје кои почнаа со гаснење на пожарот, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. -Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија. Црниот чад се гледа од далеку […]

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи


За време на викендот времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено ќе има силен ветер со брзина од 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од понеделник следува период на претежно сончево време, но во попладневните часови ќе има […]

Продолжува урбанизацијата на Водно, предупредува „Шанса за Центар“


 Нацрт деталниот урбанистички план за местото викано Барутана, што  може да создаде ново ерозивно подрачје над градот, е на дневен ред на советот, соопштија од „Шанса за Центар“ . Просторот Барутана почнува од полицијата каде почнуваат и планинарските патеки. Според активистите, се предлага на овој стрмен планински терен да се градат уште десетици крупни градби […]

Повеќе краци на „Тодор Чангов“ во Лисиче ќе добијат нов асфалт


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во стартот на градежните активности за реконструкција на краци од улицата „Тодор Чангов“ во населбата Лисиче. Во рамките на проектот се врши целосно отстранување на дотраениот и оштетен асфалт, замена на постојниот тампон со нов, по што ќе следува поставување на нов асфалтен слој. Реконструкцијата е […]

Нова пјацета на улица „Коле Неделковски“,  Дебар Маало добива три урбани катчиња за дружење и одмор


Општина Центар започна  градежни активности за уредување нова мини пјацета на улица „Коле Неделковски“ во Дебар Маало, како дел од проектот за создавање  јавни простори за одмор, дружење и рекреација на жителите. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во населбата се предвидени три слични мали плоштади,  а веќе се гради на две локации. Покрај улица „Коле […]

Од три општини во Скопје, во јуни подигнати над 6.000 м3 отпад од диви депонии


Во текот на јуни, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје отстранија 6.165 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Расчистени се повеќе обемни диви депонии лоцирани во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Бутел. Во општината Гази Баба е интервенирано на улицата Перо Наков и во населбата Ченто, при што се подигнати 65 […]

Карпош овозможи бесплатни часови за дигитална писменост за повозрасните


Во вторникот, се одржа последниот час од бесплатните обуки за дигитална писменост и економска инволвираност, кои беа реализирани како дел од проектот од годишната Програма за еднакви можности меѓу жените и мажите на Општина Карпош. Обуките, активно ги следеа 25 лица од три категории, вклучувајќи ги постарите жители на Карпош, лица во социјален ризик, како […]

Без струја делови од Илинден и Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Илинден и Ѓорче Петров.  Од ЕВН Македонија информираат дека во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Текија, Дељадровци и Миладиновци во општина Илинден, а во периодот од 09:30 до 14:30 часот, дел од корисниците од улицата Ѓуро Салај и […]