„ЕУ за чист воздух“ донира речиси 1.000 дрвја на Скопје


Акција за урбано зазеленување во Скопје за подобрување на квалитетот на воздухот Скопје, 3 декември 2024  – Во рамки на тековните напори за борба против загадувањето на воздухот и подобрување на урбаните зелени површини, оваа недела, на Град Скопје му се испорачуваат 956 дрвја од 16 различни видови, преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран […]

На 10 декември протест за чист воздух во Скопје


Независната коалиција Зелен хуман град (ЗХГ), на 10 декември организира протестен марш за чист воздух.Како што соопштија од ЗХГ, маршот ќе почне во 16 часот, од Министерството за животна средина преку Собрание и завршува пред Владата. -Протестираме бидејќи секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2.5, кои […]

Герасимовски: Сензорни соби во 5 училишта, ангажиравме 50 лични асистенти, бесплатен паркинг за лицата со општетен слух


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека општината вложува во инклузивни проекти на локално ниво со цел подобрување на животот на лицата со попречености. „Денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост, 3 декември е силен потсетник дека сите ние – институции, невладини организации, граѓани мора заеднички да работиме за да овозможиме поквалитетен живот на […]

Без вода дел од Гази Баба


Поради дефект на улична цевка, без вода од 11:00 часот се корисниците од улицата „Иван Наумов Алабакот“ и дел од улица „Жан Жорес“, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Приватните превозници се враќаат на скопските улици


Приватните превозници од денеска се враќаат на скопските улици, откако се откажаа од најавените блокади по одржаната координативна средба во саботата во Град Скопје. На средбата беше постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по изминат километар.  Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски во изјава […]

На 16 декември можно е да се зголеми цената по километар за приватните превозници


Во Град Скопје денеска се одржа координативен состанок во врска со одлуката за зголемување на цената по километар за приватните превозници. Од Град Скопје соопштија дека по вчерашната Седница на Советот на Град Скопје, на која не беше донесен заклучок во рамки на законските и деловнички процедури, денеска се одржал координативен состанок на кој учествувале […]

До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија


До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. -Старата скопска чаршија е од посебно значење за целата држава -смета тој. Додека за третата фаза од плоштадот Скендербег има одлука да се […]

Јанчева: Хаосот во Скопје продолжува, Славески и ДПМНЕ го окупираа Светот и донесоа невалидни одлуки


ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Славески, го окупираа Советот на Град Скопје и донесоа невалиднен заклучок, кој  е на директна штета на граѓаните и на приватните превозници. Хаосот со јавниот превоз ќе продолжи само поради политичкиот инает на ДПМНЕ и кавгите со Арсовска. Наместо решение на проблемот со приватните превозници и прифаќање на предлогот на  СДСМ и […]

Од денеска се отвора лизгалиштето во „Борис Трајковски“


Од спортискиот центар „Борис Трајковски“ информираа дека од 30.ноември, односно од денеска лизгалиштето започнува со работа. – Лизгалиштето започнува со работа на 30.11.2024 во 11:00 часот. Ве очекуваме! – стои во нивната објава.  Цените може да ги погледнете на следниов линк.  

Град Скопје до Славески: Заклучок гласан без кворум не може да се смета за донесен


Стручните служби на администрацијата на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска со допис до претседателот на Советот Трајко Славески, го информираат дека „заклучок гласан без кворум, со присуство на само 19 советници во салата на Советот, не може да се смета за донесен“ и, како што велат „нема да учествуваат во изготвување на незаконски акти […]

Славески ја обвини Арсовска и нејзината администрација за опструкции за решавање на проблемот со приватните превозници


Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено покажува дека се противи на решавање на проблемот со приватните превозници. „Иако како претседател на Советот замолив Секторот за поддршка на Совет, кој е дел од градската администрација, да го подготви заклучокот за потпис […]

Славески: Добро бе луѓе, брои ли некој? Што сте сите како здрвени? – неизвесен приватниот превоз во Скопје


  На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје, претседателот на Советот Трајко Славески, сам ги изброја гласовите на советниците кои гласаа по заклучокот што сам од почетокот на седницата го предложи, при што заклучи дека е донесен со мнозинство гласови од присутните, а колку беа  – не кажа.  Кога заклучокот го стави на […]

Хаос со јавниот превоз во Скопје, Славески и Арсовска наместо да се караат да земат да работат


Советничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата во Советот на Град Скопје денеска поднесе барање за свикување на вонредна седница, поради сериозноста на проблемот со приватните превозници, кој со месеци ги остава граѓаните на Скопје без функционален јавен превоз. Додека претседателот на Советот, Трајко Славески, и градоначалничката Данела Арсовска си ја префрлаат одговорноста […]

Дудуш ѝ се закани на Арсовска: Или ќе ги исчистиш контејнерите или ќе ти ги донесам пред канцеларија


Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш преку социјалните мрежи ѝ даде ултиматум на градоначалничката Арсовска. Тој вели дека контејнерите низ целата населба се полни со смет и, ѝ порача дека ако не ги испразни тогаш ќе ѝ ги донесе пред канцеларија. „Градоначалник Данела. Контејнерите со смет низ целата населба се полни, за да не морам […]

Салата „Расадник“ се реновира, РК Вардар се враќа во стариот дом


Спортската сала „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода денеска и официјално почнува да се реновира, за што ќе бидат потрошени 120 милиони денари (два милиони евра), објавија денеска министерот за спорт, Борко Ристовски, градоначалникот на оваа општина, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицковски. Се очекува овој објект да стане еден од најрепрезентативните во тој дел […]

(Во живо) Вонредна седница на Советот на Град Скопје за проблемот на приватните превозници


Советот на Град Скопје денеска во 13 часот ќе одржи вонредна седница на која ќе се дискутира за зголемување на цената по изминат километар за приватните превозници. На синоќешната средба, превозниците заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ договорија зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари. Приватниците рекоа дека се задоволни и ги […]

Дипломатски добротворен базар в сабота во Скопје


Во Скопје, в сабота, ќе се одржи Дипломатски добротворен базар  во  Хотел Мериот,  во период од 11:00 – 16:00 часот, организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија и “Dobredojde” Macedonia Welcome Centre. Настанот се одржува по повод Светскиот ден на детето под почесно претседателство на Н.Е. Г-дин Грегор Прескер, Амбасадор на Република Словенија. Со […]

Отстранети повеќе диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар


Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализирале низа активности за отстранување диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар. Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците „Невена Георгиева-Дуња“ и „Димо Хаџи Димов“, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градежен и кабаст отпад. ЈП […]

Без вода делови од Припор и Аеродром


Корисници од трета зона Припор денеска од 9.30 часот ќе немаат вода  поради уличен дефект ф-100 мм на улица „Христо Татарчев“ крак 37/бб (во близина на резервоарот) во општина Кисела Вода.  Како што информира ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. Од 10 часот денеска прекинато водоснабдување ќе имаат и […]

Меѓународна научна конференција за митот и драмата во Скопје


„Мит и драма: современи интерпретации“ е меѓународна научна конференција која денеска и утре ќе се одржува во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Институтот за македонска литература и Факултетот за драмски уметности. […]