Дел од Бардовци без вода поради дефект


Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „4“ во Бардовци, од 9:10 часот прекинато е водоснабдувањето за корисниците од оваа улица, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Во соопштението се додава дека засегнатите ќе останат без вода за пиење сѐ до завршување на работните активности.

Без вода дел од Горно Соње, Рашче, Бојане и Копаница


Без електрична енергија денеска од 08:00 до 12:00, ќе бидат корисниците во населбата Коштан во Горно Соње, информира РЦУК Скопје. Вода од 08:30 до 15:00 часот ќе немаат и корисниците во селата Рашче, Бојане и Копаница во општина Сарај.

Пожар во парк шумата „Гази Баба“


Пожар избувнал во парк шумата „Гази Баба“ меѓу населбите Железара и Автокоманда. Жители од Железара споделуваат фотографии од парк шумата од каде се гледа чад.  На терен се упатени екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Скопје добива нова урбана дестинација: ТРИАНГЛА – хотел, современ шопинг парк и семејни содржини на едно место


Скопје наскоро ќе добие нов мултифункционален урбан комплекс – ТРИАНГЛА, кој на едно место ќе ги обедини современото хотелиерство, шопингот, гастрономијата, семејните содржини и деловните настани. Лоциран во општина Гази Баба, со влез на булеварот „Александар Македонски“, комплексот претставува нов современ концепт на малопродажен парк во источниот дел на Скопје. Инспириран од европските модели на […]

Улицата „Димо Хаџи Димов“ ќе се поврзе со кружниот пред Припор – еве колку малку фали


Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа поддршка за иницијативата за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се овозможува пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“ како значаен чекор во насока на решавање на долгогодишниот проблем со застојот на возилата во овој дел од општината. Овој проект ја потврдува важноста […]

Биста на Махатма Ганди ќе биде поставена во Скопје


Биста на Махатма ганди, кој се смета за татко на нацијата во индија, во догледно време ќе биде поставена во Скопје, а е донација од Амбасадата на Индија, соопшти денеска скопскиот градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.    Тој вели дека денеска се сретнал со со делегација од Амбасадата на Република Индија, предводена од ополномоштениот амбасадор на Индија […]

Советниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ си изгласаа сеча на шумата на Водно за хациенди – Шанса за Центар реагира на за изгласаниот нацрт ДУП за Барутана


Двете најголеми партии (без поединци), изгласаа нацрт ДУП со кој на подрачје, кое е означено дека е под влијание на ерозија, се планира изградба на уште 25 големи објекти, од кои 24 се приватни куќи – хациенди, велат од „Шанса за Центар“ Социјалдемократите и демохристијаните заедно сметаат дека правото на сопственост и градење е поважно […]

Со 6.000.000 евра се уредува 12 км од коритото на Сува Река во Сарај


 Со инвестиција од над шест милиони евра, обезбедени преку Министерството за животна средина и просторно планирање, започна целосното уредување на коритото на Сува Река во Општина Сарај. Проектот опфаќа 12 километри од селото Бојане до Глумово, каде што реката се влева во Треска, и ќе се реализира етапно до 2029 година со цел трајно решавање […]

Трчањето како водич кон подобра верзија од себе


Трчањето не е само спортска активност – тоа е патување кое започнува со еден мал чекор, а води кон поголема самодоверба, подобра физичка форма и личен развој. Токму оваа порака ја носи Виз Ер Скопски маратон 2026, кој ќе се одржи на 4 октомври 2026 година, повикувајќи ги сите љубители на спортот, рекреативци и професионални […]

Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината. Преку порталот, достапен на https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map граѓаните на едно место можат да ги следат сите актуелни информации, тековни и планирани инфраструктурни проекти, јавни повици, новости и активности […]

Градот Скопје ќе го помогне оркестарот на „Орце Николов“ за настапите во Њујорк (видео)


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека Градот Скопје ќе му даде поддршка на оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“, кој во септември ќе настапи во Њујорк по освоеното прво место на меѓународен музички натпревар. Ѓорѓиевски денеска се сретнал со младите музичари, за кои рече дека за краток период постигнале значајни домашни и меѓународни успеси. […]

Инклузивен натпревар во кошарка во колички кај „Авионче“ во Ново Лисиче


На новото кошаркарско игралиште кај „Авионче“ во населбата Ново Лисиче, синоќа се одржа инклузивен натпревар во кошарка во колички, организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Здружението за спортски активности на лица со телесен инвалидитет – Кошаркари во колички „ХОУП СПОРТ“ Скопје.   Настанот се реализираше како интерактивна платформа […]

Сите основни училишта во Центар преминуваат на едносменска настава


На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар денеска, на продолжението на 9. седница, ја изгласа одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ ,последен чекор кон целосно воведување едносменска настава во општината. Со реализацијата на овој проект значително ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето, ќе се […]

Бесплатно одложете го кабастиот отпад на пунктот во Карпош


Општина Карпош ги известува своите жители, дека сѐ уште можат да го одлагаат кабастиот отпад од своите домаќинства во пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 на бул. „Илинден“ (зад бензинската станица „Макпетрол“, во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“). – Во таа насока, ги информираме граѓаните дека […]

Повеќе од 3.000.000 евра дала „Комунална хигиена“ за вработувања преку агенции, затоа што советниците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа годишен план


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје, за 2024 година. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на јавното претпријатие и поради нивното значење изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со […]

Се разубавува потегот од Зеленото пазарче до Собранието


„Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки […]

Без струја корисниците на улицата „Тодор Чангов“ во Аеродром


Од 08 часот денеска без струја ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ во општина Аеродром, информира Регионалниот центар за управување со кризи. РЦУК, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, соопштува дека прекинот на струја ќе биде до 15 часот.

Без вода корисниците од дел од улицата „Партениј Зографски“


Поради изведување водоводен приклучок Ф-200 мм на улицата „Партениј Зографски“ бр.51 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на активностите за изведување на работите.

За два месеца изречени 30 казни за граѓани што оставале кабаст отпад по Карпош


Општина Карпош објави дека во рамки на акцијата за двосменски инспекциски дежурства за контрола на непрописно одлагање на кабаст отпад во контејнерите на ЈП „Комунална хигиена“, инспекциските служби во текот на месеците мај и јуни, изрекле околу 30 прекршочни санкции за граѓани.   „Акцијата се реализира согласно заклучоците од координативниот состанок помеѓу Град Скопје и […]

Меџити: Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ ќе создаде нова културна традиција во Скопје


Општина Чаир годинава по првпат го организира Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, чија цел е да воспостави нова уметничка традиција и дополнително да го афирмира Скопје како значаен културен центар во регионот, истакна градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. На денешната прес-конференцијата Меџити нагласи дека културата и вредностите се еден од клучните столбови што го одржуваат и развиваат […]