Како и каде да пријавите штета од невремето во Аеродром – еве ги правилата


Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година. По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов […]

Инспекции ќе ги проверуваат објектите од кои летаа лимени покриви


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредниот период ќе бидат спроведени засилени инспекциски контроли на објектите чии покриви биле однесени или сериозно оштетени за време на невремето. „Ќе се проверуваат сите објекти со оштетени кровови за да се утврдат причините за настанатите оштетувања, имајќи предвид дека нивното одржување е обврска на куќните совети“, […]

Град Скопје ќе засади 60 нови садници во Градски Парк


За да ги санира последиците од невремето во Градскиот Парк, Град Скопје најави засадување 60 нови дрвја.   „Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк. Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Но, ние не дозволуваме […]

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе […]

Скопските општини со комисии за пријавување на штетите од невремето – Градот има фонд за обесштетување


Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување, најави скопскиот […]

Пуштено во употреба реконструираното Одделение за трауматологија во „Св. Наум Охридски“, инвестирани 230.000 евра


На ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје денеска беше пуштено во употреба целосно реконструираното Одделение за трауматологија, во чија обнова се инвестирани речиси 230.000 евра.  Како што истакна директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, капацитетот на одделот изнесува 26 кревети, каде што девет […]

И администрацијата на Општина Центар ќе расчистува по невремето


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија […]

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани


Вчерашното невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа 2.308 трафостаници на Електродистрибуција, информираат од ЕВН Македонија. Нагласуваат дека засилени екипи на компанијата работеа без престан во исклучително тешки услови и успеаја […]

Бурата во Скопје оштети и стрелка на саатот на Старата железничка станица


  Една е од последиците на силната бура што го зафати Скопје во вторникот околу 17 часот со екстремно моќен ветер, е и оштетена стрелка на часовникот на Старата железничка станица, која ги покажува минутите. Тој го покажува времето кога Скопје го погоди страшниот земјотрес на 26 јули 1963 – во 5 часот и 17 […]

Орце открива биста на Ганди, а скопјани чекаат чисти патеки и тротоари по невремето (Фото/видео)


  По првичниот бран расчистување на скопските улици, во што беа вклучени сите надлежни служби, до денеска на пладне, ни во центарот на Скопје не се расчистени и проодни тротоарите и патеките низ паркчињата. Во центарот на Скопје вчера пред 12 часот не можеше да се види ниту една екипа која ги собира паднатите дрва. […]

Објавени телефонски броеви за пријава на штета од невремето


Краткото, но интензивно невреме со силен ветер што го погоди Скопје вчера попладнето, предизвика големи штети, а за денеска е најавено ново невреме од страна на УХМР. Сите граѓани на кои им е потребна помош, да пријават штета или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број 112, но и на: 072314929 072314909 […]

Центар ги подели парите за субвенции за велосипеди и е-велосипеди


Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на извесувањево нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар. Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на […]

Без вода и струја неколку улици во Скопје


Без вода денеска од 9 часот до санирање на дефектот ќе бидат корисниците од улицата „Маца Карбева“ и населбата Трета зона Припор во општина Кисела Вода, а од 10 часот до завршување на работите дел од корисниците на улицата „Златко Шнајдер“ во општина Центар. Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека […]

Левица во Град Скопје ќе иницира формирање фонд за обештетување на граѓаните погодени од невремето


Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред – формирање фонд за обештетување на граѓаните за штетите предизвикани од невремето на територијата на Град Скопје, се наведува во соопштението на Левица. „Невремето што го погоди Скопје предизвика значителни материјални штети врз домови, возила […]

Оштетени „Вили Водно“, зградите на ОЈО, финансии и земјоделство, евидентирани 117 оштетени возила


 Полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции, информира Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Според МВР, најголеми последици од невремето се […]

Облачно со сончеви периоди, услови за пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, […]

Над 8.300 повици на 112 во ЦУК по невремето


Поради невремето што го зафати Скопје, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, биле примени повеќе од 8300 повици, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).  Операторите на 112, посочуваат од ЦУК, работат во полн капацитет, а уште во првиот час беа […]

Во Клиниката за ТОАРИЛУЦ примени девет повредени во невремето во Скопје, од кои две потешко


Девет повредени лица во невремето во Скопје се примени во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, изјави за МИА директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски. Од нив две се со потешки повреди – една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга […]

Невремето го поплави Меѓународниот аеродром Скопје- патниците газеа низ вода


Силното невреме проследено со пороен дожд и оркански налети на ветер попладнево предизвика поплава и во објектот на Меѓународниот аеродром Скопје. На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како дождовницата навлегла во дел од терминалот и ги поплавила просториите низ кои се движат патниците. Водата се разлева по подот, додека присутните се обидуваат да […]

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје


Во Градската општа болница „8 Септември“ не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета, изјави за МИА директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски.  Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата. – Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител […]