СДСМ: Знае ли општината за масовното уништување на животната средина во Аеродром?


„Застрашувачки се информациите за масовното уништување на животната средина на територија на Општина Аеродром, откриен од инспекцијата на Град Скопје. Додека општинските инспектори за заштита на животната средина спијат, градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовка како во некое нискобуиџетно реално шоу објавува снимки од нелегална сепарација за ископ на песок кај мостот на Вардар во Долно […]

Без струја викенд населбата Кучково


Без напојување со електрична енергија денеска два часа ќе остане викнед населбата Кучково во општина Ѓорче Петров, информира ЦУК. Според добиеното известување од ЕВН Македонија, прекинот во снабдувањето со струја ќе трае од 11 до 13 часот.

„Комунална хигиена“: Општина Чаир намерно расфрла отпад покрај контејнерите


Од сите скопски општини само Чаир ни должи седум милиони денари за собирање на ѓубрето, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми. Тој испрати соопштение до медиумите во кое го обвинува градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, дека не им плаќа за собирањето на ѓубрето низ општината. „Овој долг сериозно ја отежнува нашата секојдневна […]

Поради одржување на атлетска трка утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим


  На 25.05.2025 (недела) во периодот во 07:30 часот до 10:30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ до […]

Посебен режим на сообраќај утре од Средно Водно до Св.Пантелејмон


На 25.05.2025 (недела) со почеток во 10:00 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележување на Денот на Европа насловена како „Сите за Кочани – трчаме заедно“, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно. Од  тие причини Единицата за безбедност […]

Утре посебен режим на сообраќај околу СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје поради натпреварот „Алкалоид“ – АЕК


Во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај поради меѓународниот спортски натпревар во ракомет меѓу „Алкалоид“ и АЕК од Грција. – Утре со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар “Борис Трајковски” ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Р.С.Македонија и РК АЕК од Р.Грција. Од тие причини Единицата за безбедност […]

Хуманитарна изложба во скопската Зоолошка


Под мотото „Биди суперхерој за животните“ денеска во скопската Зоолошка ќе се одржи изложба со хуманитарен катарктер.  На изложбата, што ќе биде отворена во 12 часот, ќе може да се видат уметничките дела што студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија од АУЕ- Фон ги сликаа на лице место во скопската Зоолошка, инспирирани од животните […]

Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 ќе се урне и на нејзино место ќе се изгради целосно нов објект


Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 ќе се урне и на нејзино место ќе се изгради целосно нов и модерно уреден објект со поголем капацитет, најави денеска градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски. – Општина Карпош изработи комплетен проект со сите фази, за уривање на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, а изградба на нова […]

Град Скопје алармира за бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар


Во општина Аеродром, затекната е фирма при нелегални активности на бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар, соопштија од Град Скопје.  Станува збор за фирма која нема никакви лиценци, елаборати, дозволи и одобренија ниту за работа, ниту за механизацијата со која ги извршуваат овие злодела против природата, а што потенцијално претставува и опасност по здравјето на […]

Утре, автобусите по неделен возен ред


Утре, сабота (24.05.2025 год), поради државниот празник „Св.Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. За време на викендот, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот. Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, […]

„Ало 091, ало Скопје, критично е, дојди на Критична маса“: Идната среда ќе се вози „Критична маса“


Во среда идната седмица ќе се вози 91-та Критична mаса во Скопје, известија од „На Точак“ – групата ентузијастви за подобро велосипедско Скопје. Ќе се тргне од плоштадот „Македонија“. – Од мај 2012 досега 90 пати сме ја возеле “официјалната“ критична маса групно по улиците праќајќи осмислена порака важна за велосипедскиот сообраќај, велат од „На […]

Поради дефект дел од улиците „Божин Николов – Силни“ и „Ѓорѓи Капчев“


Поради уличен дефект од ф 5/4 на ул. „Божин Николов – Силни“ бр.72 со  прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на оваа улица и дел од улицата „Ѓорѓи Капчев“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности. 

Објект во Карпош е безбедносен ризик, а најавува настапи на Беквалац, Розга и Георгиев


Од општина Карпош алармираат за ноќен клуб кој е бесправно изграден, а за во кој се најавени големи концерти со регионални музички ѕвезди. – Општинскиот градежен инспектор води постапка за бесправно изграден објект кој се наоѓа спроти поранешна американска амбасада или популарно, како што граѓаните го знаат клуб „АБЦ“. Овој диво изграден објект по промена […]

Арсовска го учи Мицкоски кој е надлежен за дивоградби


Градоначалничката била надлежна за проверка на дивоградби тврди премиерот Христијан Мицкоски, а таа го поучи каде е надлежноста.   „Жалам што првиот човек на Владата сѐ уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира локалната самоуправа, за да го повикува градот Скопје да постапува по дивоградби. Мицкоски, надлежност за постапување […]

Мицкоски до Арсовска за дивоградбите во Чаир: Таа има ингеренции


Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека е без градежна дозвола. „Таа има ингеренции. Ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува затоа што од филозофирање и гола реторика народот нема фајде“, кусо рече денес премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски […]

Утрово без вода дел од Центар, кај МНР


 Утрово  од 08:20 часот вода нема да имаат корисниците од булеварот „Филип Втори Македонски“, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Причина е водоводен дефект од ф 150 мм на булеварот „Филип Втори Македонски“ бб во Центар, а прекинот ќе трае до завршување на интервенцијата.

„Пет фест“ на 1 јуни во Скопје


На 1 јуни во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи „Пет фестивал“ посветен на домашните миленици, одговорното сопствеништво и благосостојбата на животните. Организаторите најавуваат учество на повеќе од 60 професионалци кои ќе ја презентираат својата работа во Пет индустријата. Кинолошкиот сојуз првпат ќе ги претстави меѓународните шампиони во неколку раси, нивните карактеристики и […]

Аеродром се фали дека по 15 години набавил механизација за зеленило – барем да ја употребат


Општина Аеродром, по цели 15 години, набави нова современа механизација за одржување на урбано зеленило, објави денеска општината, а сега се очекува и да ја употребат.   Користењето на оние машини што ги има се случува од ретко поретко. Ако претходно се користеа барем сезонски, во некој период од секое годишно време, сега тоа не […]

Арсовска на ново градилиште во Чаир, до Ганиу: Сите те знаат што човек си (видео)


Градоначалничката на Град Скопје, замина на втора дивоградба во Чаир и го прозва чаирскиот градоначалник, да дојде и да објасни зошто се гради и на ова градилиште. „Не ни се заканувај, не ни ги праќај овие со „поршиња“ да ни се закануваат“, му порачува во живо Арсовска на Висар Ганиу. Заклучува дека тие што ќе […]

Отворена регистрацијата за „Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици


Дојде периодот од годината познат по најмасовниот и најзабавниот настан на тркала, „Вози право, вози здраво“, во организација на Стопанска банка АД – Скопје. И оваа година, по деветти пат, метежот на улиците низ Скопје ќе го прават велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички, скироли и други еколошки превози средства кои не ја загадуваат животната средина. […]