Без струја дел од жителите на Гази Баба


 Без електрична енергија денека ќе останат дел од корисниците од Општина Гази Баба. -Поради исклучување од подземна мрежа – промена на довод до РО (150-240мм2) од Автокоманда 10, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од 16-та Македонска бригада зграда ВА влез 2,3 и 4, во Општина Гази Баба, соопшти РЦУК по добиено известување […]

Сончево и многу топло, температурата до 40 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 20 август 2026 година, 232-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 133 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 47 минути, а ќе зајде во 19 часот и 27 минути. Денов трае 13 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Казните од системот „Сејф сити“ стигнаа и до странските возачи – гужва на Табановце


Казните од системот „Сејф сити“ стигнаа и до странските возачи – на граничниот премин Табановце денеска се создаваат редици од возачи кои пред да ја напуштат земјава мораат да ги платат глобите за сообраќајни прекршоци регистрирани од камерите. Возачите кои „летале“ по македонските патишта, сега се соочуваат со непланиран трошок на граница, а од МВР […]

Пробајте гулаш на Фестивалот на занаети, ракотворби и храна „Шопско село“ во Крива Паланка


Општина Крива Паланка ја најавува завршницата на августовската културна програма, која од 25 до 29 август ќе донесе значајни културни манифестации, меѓународни гости, традиционални содржини и голем музички настан. Од 25 до 27 август, на Градскиот плоштад ќе се одржи XXI Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, една од најпрепознатливите културни манифестации во градот, која […]

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка


Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски реагираше на прес-конференцијата на СДСМ, на која тој е критикуван дека задоцнил со прскањето против комарците. Вели дека е повторен обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка и оти фактите го говорат спротивното. -Јавното здравје не е тема за политичка паника – фактите се јасни. Вообичаено не […]

Повторно ќе се прска против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека во следниот период ќе се врши дезинсекција против комарци.   –       Авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. –       Терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), […]

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци


Формирана е комисија за надзор над случајот со родилката од случајот во Штип, а ќе се вклучат и двајца странски стручњаци, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција. Министерот беше прашан кога ќе биде готов извештајот за родилката која останала парализирана по втор царски рез, дали има лекарска […]

ВМРО-ДПМНЕ конечно му одговори на СДСМ: Податоците за загадената вода да ги бара од градоначалникот на Гостивар


ВМРО-ДПМНЕ конечно одговори на барањето на СДСМ да бидат објавени податоците за загадувањето на водата во Гостивар и имињата на лицата и институциите кои стојат зад тврдењата дека таа е технички исправна. Според одговорот, барањата треба да ги упатат кон градоначалникот на Гостивар за чиј избор, како што тврдат, СДСМ помогнале.  „Секоја анализа, секое испитување […]

Левица: Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител


Македонија зазеде уште едно срамно европско прво место. Според најновиот споредлив пресек на ECDC, изработен на 14 август со податоци заклучно со 13 август, во Европа биле регистрирани 429 локално стекнати случаи, а Македонија е четврта во Европа дури и по апсолутен број. Пресметано според населението, нашата стапка е околу 1,65 случаи на 100.000 жители, […]

Пожар на депонијата „Буково“ во Охрид


Пожар изутрината избувна на депонијата „Буково“ во Охрид, на дел што подолго време не се одлага комунален отпад. Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, екипи на претпријатието заедно со припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид се на терен и работат на локализирање на пожарот. Се врши пресек и создавање заштитна линија со цел […]

Со СМС пораки се алармираат граѓаните за западнонилската треска


Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска – 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во скопскиот регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до […]

Анализа: Каква вода пиеме и како ја чуваме – во 21 век се користи септичка јама


Од 2013 до 2022 година повеќе од 90 отсто од испитувањата на водата за пиење на ниво на државата, покажале дека водата за пиење е исправна односно санитарно-хигиенската состојба била во границите на очекуваното, се наведува во годишната „Статистика на животната средина за 2025“ што ја објавува Државниот завод за статистика. Додека Гостиварци ги помина […]

ООУ „Александар Македонски“ од 1 септември организира настава во една смена


Од 1 септември, ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар целосно преминува во едносменска настава! Со потребната адаптација на училишниот објект создадени се услови сите ученици да ја следат наставата во една смена. Градежните зафати се реализираат со поддршка од Министерството за образование и наука, додека комплетното уредување на училниците е финансирано од Општина Аеродром. Денеска, […]

Митески: Не се отстрануваат 120 паднати дрјва за еден ден! Од невремето поминаа 30 дена


Речиси еден месец по невремето со силен ветар што го зафати Скопје, паднатите дрвја не се отстранети, а истиот случај е и со Општина Аеродром, каде на тревниците стојат дрвјата, а градоначалникот вели дека тие не можат да се отстранат за еден ден.  „Интензивно се работи. Во Аеродром имаше паднато повеќе од 120 дрвја, а […]

Денеска 115 средношколци заминаа на бесплатен наставно-научен едукативен камп во Охрид


Денес започнува бесплатниот наставно-научен едукативен камп во Охрид, наменет за ученици од средните училишта во Скопје. Првата смена, составена од 115 ученици, утрово замина за Охрид, каде во текот на престојот ќе имаат можност да стекнат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат нови интереси и да создаваат нови пријателства. Целта на кампот е […]

Од септември ЈСП ја враќа линијата „37“, но со изменета траса


Од септември во трасите на ЈСП-Скопје ќе се воведе линијата „37“ од Радишани до Карпош 3, најави претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитриевски. „Во координација со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и Општина Бутел, ја враќаме 37-цата на улиците, но овојпат по сосема нова траса која за првпат го става во функција булеварот […]

Дел од Скопје без вода поради дефект


Поради дефект во шахта, прекинато водоснабдување имаат корисниците на улицата “11 Октомври“, потегот од булевар „Кочо Рацин“ до Тутунски комбинат, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето било прекинато од 9:10 часот и како што се наведува во соопштението, ќе потрае до завршување на работните активности.

Нокаут, Џамбазов, Дац и Александар, Гиш, Деј Оф на Карпошовото културно лето


Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Дац и Александар, Александар Тарабунов – Тара, Тумбао со Гиш, Day Off, кино на отворено, изложби, детска програма и фолклор во десет фестивалски дена на повеќе локации низ Карпош. Од 20 до 30 август, Карпош ќе живее во ритамот на музиката, филмот, уметноста и културното творештво. На повеќе препознатливи […]

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни


Регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, а од нив, три се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.  Од активните пожари, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и […]