Потврдена пресуда: Ковачки ја клеветел Петровска за „хациендата со базен“


  Пратеничката и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, соопшти дека Апелациониот суд во Скопје ја потврдил првостепената пресуда со која утврдил дека пратеникот Драган Ковачки извршил клевета и навреда во случајот поврзан со обвинувањата за наводно непријавен имот. Петровска вели дека пред три години Ковачки на повеќе прес-конференции јавно ја обвинил дека наводно поседува […]

АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил


Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил. Како што информира АХВ, поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса ( […]

Палењето на дипломатските автомобили е напад врз Бугарија, изјави Јотова


  Палењето дипломатски автомобили, кои се сопственост на бугарската држава, претседателката Илијана Јотова го оценува како напад на самата Бугарија. Вчера еден 44-годишник поли со бензин и запали два автомобили пред бугарската амбасада. Полицијата за неколку часа го приведе осомничениот. Министерството за надворешни работи и премиерот Христијан Мицкоски остро го осудија инцидентот. Јотова зборуваше и […]

Галичник викендов ќе пулсира во ритамот на електронската музика – 5. издание на фестивалот „Галицко“


Под мотото „Зора за планина. Ноќ за музика. Галичник за сите“, се подготвува петтото издание на фестивалот на електронска музика Галицко, што ќе се одржи на 20 јуни. Галицко е фестивал создаден во чест на диџеј Ицко, чија голема желба беше токму на ова место да се одржува фестивал на електронска музика. Петта година по […]

Андоновски: Македонија го добива првиот центар за ВИ „Везилка“


Македонија ќе го добие првиот центар за вештачка интелигенција „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната недела, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Центарот ќе има клучна улога во развојот на македонски јазичен модел и во создавањето домашна дигитална база која ќе овозможи македонскиот јазик, култура и идентитет да бидат соодветно застапени во современите технологии. […]

Муцунски во Лондон на средба со шефицата на британската дипломатија Ивет Купер


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон. Во британскиот Форин офис, Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување […]

Променливо облачно и топло, попладне можност за локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени Целзиусови. […]

Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата


На територијата на државата до 20:00 часот денеска се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а 11 се целосно изгаснати. Како што соопштваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активен пожар има во општина Бутел и во Визбегово каде гори депонија, додека пак […]

Возилата пред бугарската амбасада ги запалил 44-годишник од Скопје. Приведен е


Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска во 12,13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение […]

Бугарско МНР: Палењето на автомобилите е резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза


  Министерството за надворешни работи на Бугарија оцени дека денешното палење на два автомобили на бугарската амбасада во Скопје е „резултат на агресивен политички говор, поттикнување омраза и недостаток на соодветен одговор од страна на институциите во претходни слични значајни случаи, што создава чувство на неказнивост за сторителите. Потсетуваме дека по последниот напад со палење […]

Тарик Семси, по потекло од Жупа, стана прв странец советник во Советот на Општина Венеција


 Дипломираниот архитектект на престижниот универзитет во Венеција, Тарик Семси, од турската етничка припадност,  по потекло од село Коџаџик, Општина Центар Жупа, испиша историја, стана прв странец советник во Советот на Општина Венеција. Дваесет и осум годишниот Тарик, кој живее во Италија, обезбеди место во 36-члениот општински совет на локалните избори во овој италијански град, како […]

„Дали на Мицкоски може да му се верува?“: Реакција на тутунарите по најавата за исплата на субвенциите


  БИТОЛА – Ветувани уште од април, денеска конечно стигна веста и од премиерот Христијан Мицкоски дека субвенциите за тутунот ќе бидат исплатени. „Денеска ги исплаќаме субвенциите за тутунот, што се тековни“, рече Мицкоски за време на настанот во зоната „Жабени“ во Битола. Премиерот кажа дека 2 милијарди денари ќе легнат на сметките на тутунарите […]

(Видео) Запалени автомобили на бугарската амбасада во Скопје


  Непознато лице денеска запалило автомобили кај бугарската амбасада во центарот на Скопјe. Според првичните информации, напаѓачот го залил и запалил автомобил „Сузуки витара“, по што пожарот се проширил на втор автомобил паркиран во близина. По инцидентот, сторителот избегал и полицијата го бара. Просторот пред дипломатската мисија е блокиран. Засега нема дополнителни детали. Министерството за […]

Завршува првиот рок за запишување во средните училишта за учебната 2026/2027 година


 Денеска завршува првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат, ќе ја доставуваат потребната документација.  Во јуни ќе има две електронски пријавувања […]

До крајот на неделава сончево, повремено со дожд и температура до 36 степени


Во текот на седмицава ќе преовладува топло време. Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град, соопшти УХМР. Од четврток времето […]

Воспоставена електронска размена на податоци за пензиско и инвалидско осигурување со Австрија


Фондот на пензиско и инвалидско осигурување потпиша Договор за редовна размена на давања и податоци за смртност со институциите за задолжително австриско пензиско осигурување односно Институцијата за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачи (SVS) и Институцијата за осигурување на вработени во јавни служби, железници и рударска индустрија (BVAEB). Договорот, како што денеска […]

Центарот за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST


 Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, информира Министерството за дигитална трансформација. Приемот на MKD-GOV-CSIRT како нов полноправен член е официјално прифатен од Бордот на директори на FIRST, […]

Без вода повеќе скопски улици


Без вода во текот на денов ќе бидат повеќе улици на скопската територија поради изведување водоводен приклучок на улицата Мите Богоевски без број, кај „Зур маркет“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според најавата, прекинато водоснабдување ќе имаат улиците Мите Богоевски, Дванаесетта македонска бригада, Илија Димовски – Гоче, Димитар Македонски, Ван […]

Јавна расправа за Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри


Во Собранието денеска Комисијата за финансирање и буџет се очекува да донесе одлука за одржување на јавна расправа по Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри.  Собранието во рамки на 104. пленарна седница минатата недела ја усвои потребата од носење на Предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри. […]

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, температурата до 34 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до […]