Ќафасан, Блаце и Свети Наум добиваат „One Stop Shop“, но кога точно, Сали не кажа


Системот „One Stop Shop“ наскоро ќе биде операционализиран и на граничните премини Ќафасан, Блаце и Свети Наум, одговори заменик-претседателот на Владата Беким Сали, на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли, која побара ставање во функција на системот за заеднички гранични контроли на преминот Блаце Дебар. Според заменик-претседателот на Владата, Сали, одржувањето на добри односи со […]

Академијата за административни службеници влегува во завршна фаза на подготовка


Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници не е само нова институција, туку дел од пошироката визија за создавање професионална, ефикасна и современа јавна администрација. Ова беше една од клучните пораки што министерот за јавна администрација Горан Минчев ги упати на денешната тркалезна маса „Идни предизвици при воспоставување и успешно функционирање на Академијата […]

Родителите на починатите деца од „Пулс“ не сакаат изземање на обвинителката Сарамандова


Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани на денешното рочиште доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово, во знак на револт, откако адвокатите на обвинетите, побараа да се изземе обвинителката Наташа Сарамандова. Александар Наунов, во изјава за медиумите нагласи дека се остава впечаток дека колку повеќе се отвораат […]

Во среда и во сабота само жени може да се капат во базенот во Тетово


Градскиот базен во Тетово воведе посебни термини кога може да се капат само жени и девојки,  јавува СДК.мк. Термините се во среда и сабота од 08:30 до 12:00 часот. „Тие термини се предвидени базенот да го користат само жени и девојки бидејќи не сакале да има мешање со мажи на базенот. Тоа е направено според […]

Данела Арсовска прашува: Каде е обвинението против Ганиу за дивоградбите и фалсификатите во Чаир?


Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, побара јавно информација до каде е предметот против Висар Ганиу околу дивоградбите за кои таа доставила обемна документација во Јавното обвинителство. Според неа, Ганиу легализирал објекти врз основа на фалсификувани документи на кои биле наведени лажни потврди и дозволи, со непостоечки броеви во архивата на Град Скопје. Иако […]

Жичницата и понатаму надвор од функција – сервисот сè уште не е направен


Скопјани, туристите и останатите посетители засега ќе мора да ги користат постојните пристапни патишта за да стигнат до Милениумскиот крст, бидејќи жичницата на Средно Водно сè уште не е вратена во функција. Од ЈСП „Скопје“, кое стопанисува со жичницата, велат дека во тек се сите законски предвидени постапки за реализација на редовниот сервис. „Безбедноста на […]

Време е Македонија да добие национална опсерваторија, Скопското астрономско друштво отвора повик за граѓаните


Скопското астрономско друштво започнува сериозна иницијатива за изградба на современа национална астрономска опсерваторија во Македонија и најавува формирање на отворена работна група во која ќе можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани, студенти, професори, научници, инженери, астрономи, астрофотографи и љубители на науката. Photo by Alex Eckermann on Unsplash   Од друштвото посочуваат дека по повеќемесечна работа на […]

На Урологија презентирана нова метода за откривање микроскопски траги од тумор во крвта


 Нова метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК) – современ пристап кој овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта и кога компјутеризираната томографија и магнетната резонанца не покажуваат промени, е презентирана вчера на Универзитетската клиника за урологија, објавија на Фејсбук од таа јавна здравствена установа. Особено значајни резултати, како што се наведува, се покажуваат кај […]

Нови докази во случајот „Пулс“


 Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Досега, обвинителството презентираше докази за инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на […]

Се осветлува фудбалскиот стадион во Илинден


Општина Илинден продолжува со реализација на активностите за доградба и модернизација на фудбалскиот стадион во населба Илинден, со цел создавање современи услови за развој на спортот и организирање натпревари според највисоки стандарди. Во рамки на тековните градежни активности започна поставувањето на современ систем за осветлување со над 30 рефлектори, кој ќе овозможи одржување на тренинзи […]

За што се помоли Орце Ѓорѓиевски на Божјиот гроб во Ерусалим? (видео)


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, присуствува на меѓународниот саем MUNI EXPO во Тел Авив, Израел, посветен на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и управувањето со кризни ситуации. Тој соопшти дека на настанот, на кој учествуваат претставници на градови, институции и компании од повеќе земји, се разменуваат искуства и современи решенија за поефикасно функционирање на […]

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија


Од Управата за хидрометеоролошки работи утрово информираа за состојбата со наврнат воден талог за изминатите 24 часа, до 8 часот денеска. Дваесет литри на квадратен метар наврнало во Гевгелија, 14 во Претор, 4 во Тополчани, 3 во Скопје-Петровец, како и 1 во Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци. – Дадените вредности за количината на врнежи се измерени […]

„Денови на инклузивна култура и уметност“ во Рамстор Мол испрати силна порака за инклузија и еднакви можности


Во Ramstore Mall во Скопје беше отворена изложбата „Инклузивна уметност“, најголемата групна ликовна изложба на уметници со попреченост во Македонија. Настанот се реализира во рамки на „Денови на инклузивна култура и уметност“, во организација на Abilitist и  Рамстор Мол. Изложбата претставува повеќе од 80 уметнички дела создадени од шест исклучителни уметници со попреченост, кои преку […]

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци


  Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат […]

Нови правила за влез во ЕУ за дел од возачите од 1 јули


Новите правила за меѓународен патен транспорт во Европската Унија стапуваат на сила на 1 јули, со што се донесуваат значајни промени за сопствениците на комбиња и лесни камиони. Според новите прописи, сите лесни комерцијални возила и комбиња со максимална дозволена маса, заедно со приколката, помеѓу 2,5 и 3,5 тони, кои вршат меѓународен превоз на стока, […]

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, […]

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати


На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, еден пожар е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен пожар има во Штип каде што гори депонија, а под контрола е ставен пожар […]

Алиу: Во Брисел го потпишавме договорот за учество во EU4Health – европска поддршка за реформите во здравството


Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со еврокомесарот за здравство, Оливер Вархеј, денеска во Брисел го потпишаа договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health, најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. На свеченото потпишување, министерот Алиу истакна дека пристапувањето кон EU4Health претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство […]

Ќе се отвора Институт „Сервантес“ во Скопје, Давкова доби марама инспирирана од романот „Дон Кихот“


Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје. -Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, […]

Левица за проектот „Иловица-Штука“: Злато за корпорациите, отрови за народот


левица смета дека зад правните формулации за „почитување на судската одлука“ и „правна сигурност“ Владата на Мицкоски практично призна дека  повторно се враќа на маса проектот „Иловица–Штука“, а државата повторно го отвора патот за еден од најконтроверзните рударски проекти во историјата на Македонија. „Да, судските одлуки мора да се почитуваат, но Владата нема обврска да […]