Големите партии се во заговор против нас, тврди Левица


  Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција оцени дека блокадата на новиот Изборен законик е резултат на долгогодишен политички договор меѓу најголемите партии за зачувување на изборниот модел што, според него, нив им носи најголема корист, стои во соопштението на Левица. „Зошто немаме нов Изборен законик и зошто тој сега е блокиран во […]

Денеска ќе биде топло, но не премногу


  Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина од 60 км/ч. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност со повремен ветер. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Евакуирани работници во Штип поради шумските пожари (видео)


Попладнево изби и трет пожар на територијата на Општина Штип и тоа помеѓу објектите на Штипска млекара и текстилната конфекција „Албатрос“, каде што гори сува трева. На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица Штип, доброволци од Доброволното противпожарно друштво Штип, полициски службеници и жители од населбата Каленица. Од безбедносни причини се евакуирани и работничките […]

Фер правила за сите – предуслов за модерен и одржлив систем за управување со отпадот


Македонија во последните години направи значителен напредок во воспоставувањето на модерен систем за управување со отпадот од пакување. Благодарение на инвестициите на приватниот сектор, поддршката од меѓународните партнери и соработката со институциите, се поставуваат темелите на систем кој постепено се усогласува со европските стандарди. За овој напредок да продолжи, неопходно е сите учесници на пазарот […]

За 22.000 евра продадено службеното „Ауди“ на Мерко, парите ќе го намалат јавниот долг


Службеното возило „Ауди А6“, кое неколку години го користеше поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е продадено на јавна аукција за 1.350.000 денари (околу 22 илјади евра). Новиот сопственик на автомобилот е од битолското подрачје, дознава телевизијата Алсат. Актуелниот градоначалник на Струга, Менди Ќира, потврди дека средствата од продажбата ќе бидат наменети за отплата на […]

Нови кривични пријави за „Пулс“: Осум инспектори осомничени дека со години не вршеле контроли


Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против осум службени лица вработени во Државниот инспекторат за труд, поради сомнение дека со несовесно работење во службата овозможиле дискотеката „Пулс“ во Кочани со години да работи без инспекциски надзор. Кривичната пријава е доставена до Основното јавно обвинителство во Кочани и се однесува на С.Ш.С. (53) од […]

СДСМ ќе остане конструктивна за Изборниот законик, но не по цена на изборен грабеж


Позициите на СДСМ се јасни и принципиелни во однос на Изборниот законик и ќе останеме конструктивни, но не по цена да отвориме врата за изборен грабеж, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција го повтори ставот за различниот начин на гласње на дијаспората. – Зошто да има различно гласање […]

Инспектори „спиеле“ 13 години околу пропустите на „Пулс“, добија кривични


Одделението за внатрешни работи Кочани денеска до Основното јавно обвинителство во Кочани поднесе кривична пријава против осум лица, поради сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавени се С.Ш.С. (53) од Македонски Брод, С.Ѓ. (59) од Скопје, како и З.М. (64), С.З. (61), Т.К. (42), Н.Д. […]

Директен судар на патот Штип-Пробиштип, возачот бегал од пламен од пожарот


Две патнички моторни возила директно се судриле на патот Штип-Пробиштип, откако едното во обид да избегне пламени наноси од пожар, преминало во спротивната сообраќајна лента. Според првичните информации, возилото кое се движело во насока кон Штип се обидело да избегне пламени наноси навлегло во спротивната лента и директно се судрило со друго возило кое се движело […]

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи


За време на викендот времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено ќе има силен ветер со брзина од 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од понеделник следува период на претежно сончево време, но во попладневните часови ќе има […]

„Ер трактор“ полета кон пожарот во Пробиштип – намалена видливоста на патот


Голем пожар на отворен простор избувна претпладнево во атарот на Општина Пробиштип, при што густ чад се шири во околината и создава сериозни потешкотии во сообраќајот. Според информациите, чадот формирал димна завеса над регионалниот пат Штип–Пробиштип, поради што видливоста е значително намалена, а возилата се движат со отежнато темпо. На возачите им се препорачува зголемена […]

Избран е изведувач за автопатот Скопје – Блаце


  Избрана е градежната фирма што ќе го гради автопатот Скопје – Блаце, а в понеделник ќе биде потпишан и официјален договор, со што месецов се очекува да почне изградбата на оваа делница – најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашањето до каде се подготовките за овој проект. – Таа тема се говореше […]

Сведок на одбраната во случајот „Онкологија“: Мора да се утврди кој лекар со кои податоци располагал кога носел одлуки


За да се утврди одговорност за лекување не е доволно да се констатира отстапување во терапијата, туку мора да се докаже јасна причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица кај пациентот, истакна вештакот Владимир Даниловски, кој на предлог на одбраната, сведочеше денеска во Основниот кривичен суд Скопје на продолжението на судењето за случајот […]

Електронски рочишта и побрзи судски постапки со новиот Закон за парнична постапка


Собранието со 81 глас „за“, девет „против“ и без воздржани го усвои новиот Закон за парнична постапка, кој според Министерството за правда претставува значаен чекор во реформите на правосудниот систем и неговото усогласување со европските стандарди. Со законските измени се предвидува подобрување на ефикасноста на судските постапки, нивно поедноставување и забрзување, како и зајакнување на […]

(Видео) Гори под Исарот во Штип


Денеска напладне може да се забележат оган и чад под Исарот во Штип. Во видеото што го објави Телевизија „Стар“ се гледа дел од зафатеното подрачје, а исто така и полициско присуство и присуство на противпожарните единици.   „Гори под Исарот во Штип, Противпожарните единици и полицијата на терен“, стои во натписот над видеото. Исто […]

Армијата се збогати со нова опрема преку Европскиот мировен фонд


Радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д-радар и преносни сензори, беа презентирани денеска во касарната „Илинден” во Скопје, набавена за армијата. На презентацијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.   Новата опрема армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд, […]

Лидерски кампови за млади во националниот парк „Пелистер“


Здружението YMCA во соработка со ЈУ Национален парк „Пелистер“ почна со реализација на Националните лидерски кампови и на Пелистер. Лидерските кампови се организираат со цел едукација на младите во повеќе области, односно личен раст, кариерен развој, животна средина, граѓански ангажман и лидерство. Во моментов во националниот парк „Пелистер“ се реализира Национален камп за девојки со […]

Продолжува урбанизацијата на Водно, предупредува „Шанса за Центар“


 Нацрт деталниот урбанистички план за местото викано Барутана, што  може да создаде ново ерозивно подрачје над градот, е на дневен ред на советот, соопштија од „Шанса за Центар“ . Просторот Барутана почнува од полицијата каде почнуваат и планинарските патеки. Според активистите, се предлага на овој стрмен планински терен да се градат уште десетици крупни градби […]

Повеќе краци на „Тодор Чангов“ во Лисиче ќе добијат нов асфалт


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во стартот на градежните активности за реконструкција на краци од улицата „Тодор Чангов“ во населбата Лисиче. Во рамките на проектот се врши целосно отстранување на дотраениот и оштетен асфалт, замена на постојниот тампон со нов, по што ќе следува поставување на нов асфалтен слој. Реконструкцијата е […]

Историски момент, Кичево влегува во европската мрежа за заштита на реките преку проектот „ЧИСТО-Кичево“


Кичево беше домаќин на официјална делегација од Генералната дирекција за управување со води на Европската Унија и програмата DALIA, при што беше потврдена поддршката за имплементација на новиот европски проект „ЧИСТО-Кичево“ – Образование и акции водени од заедницата за почисти реки без отпад. Како што соопштија од Општина Кичево, станува збор за проект во рамки […]