Скопје и Атина в среда очекуваат предлог од Нимиц


Инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликите околу името, очекуваат владите во Скопје и во Атина од медијаторот Метју Нимиц на претстојната рунда разговори за на 17 јануари во Њујорк. Шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на вчерашната целодневна средба во Солун, изразија оптимизам дека […]

Десет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце


Со полагање цвеќе на спомен – обележјето кај катлановско Блаце, денеска ќе се одбележат десет години од хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ. Цвеќе ќе положат делегации од Министерството за одбрана (МО), Генералштабот (ГШ) на АРМ, Кабинетот на претседателот на Република Македонија, здружената оперативна команда, вбр, 1. механизирана […]

Касами: Јас сум претседател на Беса


Билал Касами, претседател на Движењето Беса, вечерва изјави дека партијата ќе ги поддржи сите реформски зафати на Владата за зачленување во НАТО и почнување преговори за членство во ЕУ и оти во тој правец не калкулира дали ќе влезе во Владата. Касами, кој беше гостин во Топ тема на телевизија Телма, рече дека на средбата […]

Нимиц во Њујорк ќе предложи рамка за името


  Очекување дека на претстојниот состанок на 17 јануари во Њујорк медијаторот Метју Нимиц ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата околу името изразија попладнево шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на средбата во Солун. Двајцата министри, како што информираа од […]

Одобрено обвинението против Ивона Талевска


Совет за оценка во  скопскиот Кривичен суд го одобри обвинителниот акт за предметот на Специјалното јавно обвинителство наречен „Тифани“, а кој се однесува на Ивона Талевска, јави порталот „ПРАВОСУДСТВО.МК“. „Судија за оценка на обвинител акт при Основниот суд Скопје 1- Скопје донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а обвинението се одобрува во целост. Откако, […]

Каменос: Македонија е грчка, прифатливо решение е Вардарска


Македонија е една и грчка, неколку пати повтори претседателот на Независни Грци во обраќањето на Националниот совет на партијата. Панос Каменос, кој воедно е и министер за одбрана, а неговата партија коалициски партнер во грчката влада, како прифатливо решение го предложи името Вардарска, кое го изговори исто како што се изговара на македонски, и го […]

Над 100 штипски лекари бараат да им се исплатат дежурствата


Над сто лекари од штипската Клиничка болница се закануваат дека ќе тужат, а некои од нив и почнале судски постапки во Основниот суд во Штип, бидејќи околу десет години не им се исплаќани пари за дежурства согласно колективниот договор. Раководството на Клиничка болница-Штип одржало состаноци со лекарите на сите одделенија, кои испратиле и официјален допис, […]

Кадриу: Функцијата уставен судија носи голема одговорност


Новоизбраниот судија во Уставниот суд Осман Кадриу денеска по неговиот избор во Собранието на Република Македонија изјави дека покрај привилегиите што ги има оваа функција, таа носи и голема одговорност. – Оваа функција е одговорна дотолку повеќе што и надлежностите на Уставниот суд се мошне значајни. Преку нив се остварува главниот интерес – интересот на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за употреба на јазиците е неуставен и беше донесен со измама


Законот за двојазичност кој денес го изгласа парламентарното мнозинство е неуставен. Со овој чин власта покажа дека највисокиот правен акт, Уставот на државата, за неа е само мртво слово на хартија, велат од ВМРО-ДПМНЕ по повод денешното носење на Законот за употребата на јазиците. „Овој закон беше донесен со измама, односно лажно исцртување на европско […]

Груби: Очекувам Иванов и ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за јазиците


Пратеникот од ДУИ Артан Груби изјави дека со донесувањето на Законот за употреба на јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот рамковен договор. – Петнаесет години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, денеска со гласањето за Законот за употребата на јазиците го заокруживме нормативниот дел од овој мировен договор со кој што заврши војната во […]

Нема прекршување на Законот за основно образование со бадникарските поворки


Со учеството на учениците во бадникарските поворки во саботата не е прекршен Законот за основно образование бидејќи децата во таа верска манифестација не биле организирани  во училиштата што е казниво со законот. Инспектори од Државниот просветен инспекторат (ДПИ) завчера и вчера извршиле надзор и досега добиле записници од 162 градски училишта од повеќето градови низ […]

ЕУ: Македонија да продолжи со исполнување на договорот од Пржино


Европската унија од власта и од опозицијата на Македонија очекува да продолжат со исполнување на политичкиот договор од Прижино, а истовремено од земјата се очекува да работи на итните реформски приоритети и на враќањето на евроинтеграцискиот пат, велат извори од Европската комисија, јави Дојче веле. Ова е содржано во документите кои ги изготвува ЕУ за […]

Најдени се повеќе пакувања од фалсификуван лек


  Инспекциските служби открија поединечни пакувања од еден лек кои одговараат на дефиницијата за фалсификуван лек, објави Роберт Бекировски, директор на Агенцијата за лекови, во отчетот за сработеното. Станува збор за пакувања од исти лек кои не  биле пуштени во промет и до Основното јавно обивнителство е поднесена пријава и предметот е предаден на натамошна постапка. […]

Независни Грци ќе учествуваат на протестите во Солун за името


Пратеникот од Независни Грци, Костас Кацикис, говорејќи за солунското радио Фокус, откри дека тој и неговите колеги од партијата, ќе бидат дел од протестите во Солун, за името. – Бидејќи Независни Грци, патриотските прашања ги имаат на врвот од агендата. Како е можно Независни Грци да не учествуваат во протестите и во активностите на народот?, […]

Бекироски: Инсулините се испитани и се безбедни


Со измените на Законот за лекови и медицински средства, кои веќе се во собраниска процедура, се воведуваат мерки со кои се обезбедува поголема сигурност во квалитетот на лековите што се увезуваат и нивната поголема безбедност. Дистрибутерите ќе имаат обврска да обезбедат сертификат за квалитет на производот од производителот, сертификат за потврден квалитет од акредитирана и […]

Со 69 гласа „За“, Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците


Собранието на Република Македонија денеска со 69 гласа „за“ го донесе Законот за употреба на јазиците. Законот беше изгласан и со двојно мнозинство, односно за него гласаа 27 пратеници од немнозинските заедници, а еден беше воздржан. Дебатата за законот за јазизици во Собранието почна на 5 септември минатата година во собраниската Комисија за европски прашања, […]

Мицотакис: Името, употребата и иредентизмот, се трите точки како дел од националната линија


Името, употребата и иредентизмот, се трите точки како дел од националната линија на грчката опозициска Нова демократија, кои повторно ги спомена претседателот на партијата. Кирјакос Мицотакис, во рамките на дводневната турнеја во Северна Грција говореше пред членови на партијата во Литохоро и се осврна и на прашањето за името. Од неговите сопартијци побара да имаат […]

Секоја година се гори се повеќе медицински отпад


Од Нова Година досега „Дрисла“ не гори медицински отпад туку само го складира. Почната е постапка за набавка на воден филтер на инсенераторот што ќе биде преодно решение додека да стигне нова печка. Ова е заклучокот од вчерашната вонредна контрола на работата на депонијата, што вчера ја направи Државниот инспекторат за животна средина. На „Дрисла“ […]

Trump’s one year anniversary


Ljupco Popovski It seems like an impossible venture to explain the first year of the Donald Trump administration. There are thousands of examples from his presidency – starting from people who are leaving and coming to the White House as if it is a train station, the thousands of tweets through which he is actually […]

ВМРО-ДПМНЕ: Да се ослободат неоправдано притворените


  Конструираниот случај против десетици невини луѓе за фабрикувано дело тероризам мора да запре. Десетици неправедно и неосновано осомничени патриоти се наоѓаат во притвор заради неаргументирани барања на ОЈО. Тие се жртва на политичката инквизиција која и се случува на Република Македонија, соопштија од ВМРO – ДПМНЕ. „Правосудните органи мора да се ослободат од стегите […]