Автобусот на линија „50“ повторно ќе вози низ ГТЦ


Од утре повторно автобусите ќе минуваат на постојката во подрумот на Градски трговски центар. Засега, таму ќе се врати само автобусот со број „50“, но не и „57“ како некогаш. На линијата ќе возат 10 автобуси, од украинските. Постојката беше надвор од употреба, бидејќи двокатните автобуси не може да минуваат низ подрумот. Сегашното раководство на […]

Од април низ Скопје ќе вози електричен автобус


Градот Скопје денеска потпиша договор со компанијата Chariot Motors за пробно користење електричен автобус за период од шест месеци. Електричниот автобус ќе почне да сообраќа на градските улици во април годинава, и тоа на линијата со број 15 на ЈСП од Ново Лисиче до Карпош 4, по следната траса: булевар „Јане Сандански“, булевар “Кочо Рацин“, […]

Заев упати писмо со сочувство до семејството на Абдулаќим Адеми


Премиерот Зоран Заев, по веста за ненадејната смрт на поранешниот потпретседател на Владата на Република Македонија, Абдулаќим Адеми, упати писмо со сочувство до неговото семејство. „Неговата ненадејна смрт ја примивме со голема тага. Почитуваниот Абдулаќим Адеми, како потпретседател на Владата на Република Македонија, задолжен за спроведување на Рамковниот договор, министер за животна средина и просторно планирање и министер за образование и наука, […]

Ристовска до Груевски: Со сила на човек можеш само да му земеш, а не можеш ништо да дадеш


Судијката Добрила Кацарска, веднаш по започнувањето на денешното рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, даде половина час пауза по барање на одбраната на обвинетите за да ги разгледаат записниците од претходното рочиште. Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, […]

Грците ќе можат да вадат по 2.300 евра месечно од банка


Грција се очекува да пристапи кон постпено олабавување на капиталните ограничувања и да ја крене горната граница за повлекување пари од 1.800 на 2.300 евра месечно. Уредбата за ова олабавување е подготвена и треба да биде потпишана од министерот за финансии и објавена во Државниот весник. Се очекува тоа да се случи во наредните денови. […]

Димитров за ЕУ зборува „македонски“ без превод (Видео)


Што ќе посака Грција тоа исполнува Европската унија. Така испаѓа од видео снимката објавена на официјалната страница на ЕУ на која јазикот што го зборува шефот на дипломатијата Никола Димитров стои без превод  и напишан на кирилица, т.е. „македонски“. Димитров изјавата ја даде пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и […]

Ацо Колевски избран за член Советот на јавните обвинители


Јавниот обвинител Ацо Колевски е избран за член на Советот на јавните обвинители Република Македонија (СЈОРМ). Од Советот информираат дека вчера било спроведено гласање за избор на еден член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија од општата листа на кандидати од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Македонија, изборна единица 5. – доби […]

Биткоинот одново ја надмина вредност од 10.000 долари


Најпопуларната крипто валута во светот – биткоинот, одново ја надмина психолошката бариера од 10.000 долари, што претставува нејзино прво надминување на тоа ниво по повеќе од две недели. На КоинМаркетКап вредноста на биткоинот достигна 10.013 долари, на берзата Битфинекс на 10.047, а на луксембуршката Битстамп – 10.234 долари Сегашните вредности на биткониот се за околку […]

Димитров: Македонија очекува датум за преговори до крајот на бугарското претседателство со ЕУ


Македонија очекува до крајот на бугарското претседателство со Европската унија да добие датум за почеток на преговорите за членство, изјави шефот на макдонската дипломатија Никола Димитров, пред почетокот на денешната сесија на вториот дел од неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Гимних, што се одржува во Софија. – Правиме се што можеме […]

Радев ја почна официјалната посета на Македонија


Бугарскиот претседател Румен Радев денеска со средба со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов ја почна дводневна официјална посета на Република Македонија. Радев беше пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата државници заминаа на тет-а-тет средба. Радев и Иванов утре ќе имаат средба со претставници […]

Економските промотори заминуваат од Агенцијата за странски инвестиции


Министерство за економија подготвува предлог на закон за изменување на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија. Со предлог на законот за изменување на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија се брише одредбата за економските промотори, со оглед […]

Оглас за вработувања во Јавното претпријатие за државни патишта


Јавното претпријатие за државни патишта, објави оглас за вработување на работници на определено време до крајот на 2018 година. Според огласот Агенцијата за патишта вработува советник за правни работи, подготовка и следење на експропријација, во Одделението за правни работи, застапување, подготовка и следење на експропријација во Секторот за правни работи, човечки ресурси и општи работи, […]

The plight of Samaras and Gruevski


Erol Rizaov Antonis Samaras, the former Prime Minister of the Republic of Greece, who has long been well known in our public with his radical views on the name of Macedonia, has pressed a lawsuit against incumbent Prime Minister Alexis Tsipras for libeling for alleged involvement in a corruption affair. This is a good idea […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема никаков План, туку законски измени од кои ќар ќе имаат неколку фирми


  Граѓаните немаат никаква корист од лагите и празните ветувања на СДСМ. За 8 месеци владеење со државата СДСМ успеа да ја задолжи државата за цела милијарда евра, а притоа има отворено нула инвестиции и нула нови работни места, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Фактите говорат дека компанијата „Костал“ е веќе постоечки капацитет кој работи и извезува […]

Од Домот „25 мај“ демантираат: Во приказната за трудното девојче има куп лаги


Куп лаги и непроверени информации – вака Стевчо Соколовски, директор на ЈУ за згрижување деца со воспитни проблеми „25 мај“ ги коментира наводите дека постар маж од оваа институција сексуално малтретирал 13 годишна штитеничка, по што вчера таа абортирала на Клиниката за гинекологија. Случајот вчера го обелодени Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР), кој […]

Рочиштето одложено: Грујевски и Бошковски одбиле превод на бугарски иако имаа бугарски пасоши


За 2 март е одложено рочиштето по поднесената жалба до Врховниот суд во Атина, за одлуката за екстрадиција на Никола Бошковски и Горан Грујевски. Причината, како што јавува дописникот на МИА од Атина, е краткиот период што го имале адвокатите за разгледување на предметот и затоа што не бил обезбеден преведувач на македонски јазик. Шесттемина […]

Министри или кралеви?


Министерката за образование, Рената Десковска, заедно со функцијата наследи и можност за неограничено трошење на буџетски пари за репрезентација. За ова се „погрижил“ нејзиниот претходник, Пиштар Лутфиу, во чие министерување било донесен правилник според кој министерот има можност за троши без лимит. Правилникот кој го доби СКУП користејќи го Законот за слободен пристап до информации […]

VAT illusions


Robert Nesimi One of the more interesting points raised by the current governing party in its pre-election program and campaign was the promise that the state would return part of VAT back to the consumers. This promise was repeated multiple times after elections, ostensibly a sign that it was more than just a simple campaign […]

Само во Берово, Пехчево и во Крива Паланка нема грип


Во четири града во државата нема ниту еден заболен од грип, наспроти сите останати каде што бројот на „грипосани“ се удвои за само една недела, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Болни нема во Берово, Пехчево, Крива Паланка и во Валандово. Од друга страна се Дебар, Кратово, Ресен, Кавадарци и Македонски Брод, каде […]

Откриени антибиотици и за отпорните бактерии


Истражувачи од САД открија нов вид антибиотици што можат да ги убијат бактериите кои станаа отпорни на антибиотиците што се користат сега. Новата класа антибиотици, наречена „малацидини“, е изолирана од бактерии што живеат во земјата. Нив ги пронајдоа научници од Универзитетот „Рокфелер“ во Њујорк откако анализираа повеќе од 1.000 примероци земја во потрага по нов […]