ЈЗУ Здравствен Дом-Битола од денес се именува „Д-р Хаим Абраванел“


Министерството за здравство, Амбасадата на државата Израел и општина Битола, со свечена церемонија го промовираа именувањето на ЈЗУ Здравствен Дом-Битола во ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“-Битола. Според заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски, владината одлука е потврда за досегашната и најава за идна меѓувладина и посебно соработка во сферата на здравството. – Соработката меѓу Владата на […]

Условна казна за новинарката Ивона Талевска


Новинарката Ивона Талевска доби условна затворска казна затвор од две години ако во наредните четири години не стори кривично дело . Пресудата беше соопштена денеска по само едно одржано рочиште во скопскиот Кривичен суд. Талевска ја призна вината и сите дејствија во обвинителниот акт, по што за очекување беше дека ќе помине со условна казна. Таа […]

Безбедноста на клиентите предуслов за развој на планинскиот туризам


Македонија поседува обучени лица кои го исполнуваат стандардот Меѓународен водич во планина. Тој подразбира поседување технички вештини за работа со различни категории клиенти, познавање на теренот, лични познавања на флората, фауната, историските знаменитости на предвидената тура што се нуди како туристички производ. Но, она што е особено позитивно кога станува збор за планинските водичи што […]

Одложено рочиштето за „Насилство во Центар“


Судското рочиште за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во Општина Центар“, кој претходно беше раздвоен од постапката, денеска е одложено за 5 март. Причина за одложувањето е тоа што се уште не е готово вештачењето што го побара судот. Крстев нема адвокат, а на последното рочиште се изјасни за невин. Во случајот „Насилство во […]

Кривична пријава за ексградоначалникот на Росоман


Полицијата поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против С.Л.(53) поранешен градоначалник на Росоман, Д.М.(46), одговорно лице во АГРОПЛАСТ РОС ДОО Росоман и Б.Ј.Ј.(35) одговорна во МБМ „Архитекти“ Скопје. Пријавените се осомничени дека го оштетиле буџетот на општина Росоман за 574.636 денари, кои, според , пријавата, биле исплатени за неизвршена изградба на […]

Скопјанец пронајден мртов во својот дом


Од МВР известуваат дека во Скопје вчера во 16 часот бил пронајден починат Ж.М. (67) во куќата во која живеел. Телото било пронајдено од страна на неговиот брат. Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Директорот на „25 Мај“ поднесе оставка


Директорот на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми „25 Мај“ Стевчо Соколовски поднесе оставка од морални причини, во врска со случајот со сексуалната експлоатација на малолетна штитеничка на установата, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Очекуваат МВР и ОЈО да преземат мерки согласно со нивната надлежност, со цел да […]

Новинарката Ивона Талевска призна дека затајувала данок


Новинарката Ивона Талевска денеска пред судот призна вина за обвиненијата за даночно затајување во предметот „Тифани“ на СЈО. – Признавам вина за дејствијата кои ми се товарат во обвинителниот акт на СЈО, рече Талевска. Одбраната побара Судот да го земе предвид нејзиното признание, како и тоа што таа е државјанин на РМ, работи во Сител […]

Коѕиас повторно во Скопје до почетокот на март


Шефот на грчката диломатија Никос Коѕиас повторно доаѓа во Скопје, но не неделава, како што најавуваат грчките медиуми, туку до крајот на овој месец или почетокот на март, за МИА информираат од македонското МНР. Како причина за пролонгирањето на посетата на Скопје се наведуваат згуснатите и веќе претходно договорени агенди на двајцата министри, Никола Димитров […]

Случај „Тифани“: СЈО бара осудителна пресуда за Ивона Талевска


Во Кривичниот суд денеска почна судењето за предметот „Тифани“ во кој за даночно затајување е обвинета новинарката Ивона Талевска. Пред судијката Софија Лаличиќ, обвинителката Елена Јосифовска го презентира обвинителниот акт. Таа побара осудителна пресуда и плаќање на избегнатите обврски. По презентирањето на обинителниот акт, судијката Лаличиќ даде пауза бидејќи претставникот на Државното правобранителство Зоран Петковски […]

Зијадин Села за настаните во Собранието: Се закануваа дека ќе ме убијат


Сведочејќи на судењето за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, пратеникот и лидер на Алјансата за Албанците Зијадин Села, рече дека во прес-салата бил удрен со монитор и со копје од знаме и оти слушал закани упатени кон него дека ќе биде убиен. Во еден момент бил нападнат од лица […]

Купуваме двојно повеќе храна отколку што продаваме


Mакедонија има поволна клима за производство на храна, но сепак од година во година драстично се зголемува увозот на храна. Од друга страна, иако извозот на прехранбени производи континуирано растеше последниве десетина години, главно како резултат на финансиската поддршка во земјоделството, сепак, статистиката покажува надолен тренд минатата година. Податоците покажуваат дека лани сме увезувале двојно […]

Академиците бараат секретар за плата од 45.000 денари


Македонската академија за наука и уметност има потреба од секретар, поради што се подготвени да му понудат месечна плата од речиси 45.000 денари. Во огласот за избор на Секретар на Секретаријатот на МАНУ, кој трае до четврток, се наведува дека заинтересираните треба да имаат високо образование, најмалку пет години работно искуство од областа, покажани организаторски […]

Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар


Цената на горивата од ноќeска на полноќ се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,19, односно за 4,21 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР […]

Централен регистар и в сабота ќе прима годишни сметки и финансиски извештаи


Централниот регистар и в сабота на 24 февруари од 8:00 до 16:00 часот ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2017 година во сите градови освен во Кратово, Крушево и Демир Хисар, информираат од институцијата. Во понеделник, вторник и среда Централниот регистар ќе работи од 7:00 до 21:00 часот, освен во регионалните […]

Нов закон за буџети со среднорочно буџетирање до крајот на годинава


Нов ревидиран закон за буџети до крајот на годинава, со кој буџетите ќе се планираат во среднорочна рамка и ќе се создадат услови за воведување фискален совет, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на првиот состанок на Советот за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 – координативно тело задолжено […]

Турски државјанин фатен со лажен пасош, побарал политички азил во Македонија


Турски државјанин вчера побарал политички азил во Република Македонија, откако на влез на аеродромот „Скопје“ е уапсен со фалсификувана патна исправа. Како што информира МВР, вчера во 10.00 часот на Граничен премин – Аеродром „Скопје“ на влез допатувал А.М. (25) од Република Tурција со турска патна исправа. По извршена пасошка контрола и проверка констатирано е […]

Пријавете ѓубре во Центар преку смс или вибер


Под мотото „Чист Центар е наш заеднички сон. Со цел да да го оствариме мораме да работиме сите заедно“, Општина Центар започнува кампања за ставање крај на комуналните проблеми на нејзино подрачје. Во оваа кампања токму жителите ќе го имаат клучниот придонес за чистење на Центар, посочуваат од Општината. Ги повикуваат граѓаните да пријавуваат ѓубре, […]

Заев за ОРФ: Македонија се надева на решение со Грција до јули


Македонија се надева дека до Самитот на НАТО во јули ќе се пронајде решение за спорот со Грција околу уставното име на земјава, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за австриската радиостаница ОРФ, што го пренесува Ројтерс. – Верувам дека ќе успееме успешно да ги завршиме преговорите до самитот на НАТО во јули, рече Заев. […]

Letter of termination of negotiations with Greece


Erol Rizaov I read several times the open letter of nearly 200 public figures, Macedonian intellectuals, addressed to the political leaders of Macedonia under the famous quote by Misirkov: “What have we done and what should be do in advance?” The reason for this address is, as they state, the deep concern about the way […]