Актерот Владо Јовановски излегува од затвор


Актерот Владо Јовановски, излегува од затвор и отсега натаму ќе биде во куќен притвор, одлучил кривичниот совет на скопска Апелација. Од друга страна, пратеникот на ВМРО–ДПМНЕ, Крсто Мукоски, останува во притвор во Шутка. Апелациониот суд го одби неговото барање мерката да му се ублажи со куќен притвор. Пред апелационите судии Мукоски се пожали дека сериозно […]

Ниту 100 евра не чини „Гинкото“ кое ќе никне на местото на Ќосето


Дрво гинко, кое е симбол на човековите права, ќе никне на местото на споменикот на Андон Лазов Јанев-Ќосето, кој Град Скопје го отстрани ноќеска со образложение дека е дивоградба. Дали и кои други споменици од „Скопје 2014“ се дивоградби и ќе бидат урнати или дислоцирани, градоначалникот Петре Шилегов денеска не посочи. Истакна дека меѓуресорска комисија […]

Заев: Годините за пензинирање пораснаа опциски, но дупката во Фондот се зголемува


Премиерот Зоран Заев денеска информира дека ангажирале експерти на Светска банка и оти се прави комплетна анализа на структурата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Заев во попладневниот дел на седницата за пратенички прашања појасни дека се прават анализи со сите податоци до кои може да се добијат одговори на важни прашања. Дел од […]

Василевски, Лазаров, Ѓошевски и Пешов остануваат во притвор


Пратеникот Сашо Василевски, началникот во МВР Душко Лазаров, шефот на обезбедување на Трајко Велјаноски, Горан Ѓошевски и началникот на посебните и специјалните единици Митко Пешов, остануваат во притвор, откако Апелациониот суд ги потврди одлуките на Кривичниот суд. Апелациски денеска треба да ги разгледува жалбите и на пратениците Љупчо Димовски и Крсто Мукоски. Апелацискиот суд Скопје […]

Шекеринска за ДВ: Нашата цел е да ја вратиме земјата на патеката кон ЕУ и НАТО


Македонската Влада досега покажа еден поинаков начин на креирање политики и европско однесување на Балканот, кое може да функционира и во случајот со спорот со Грција околу името, порача вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во интервјуто за Дојче Веле на англиски јазик, кое го даде вчера во Берлин. Таа беше дел од делегацијата […]

Премиерот Заев е поддржувач на максимална казна за случајот на штитеничката од „25 Мај“


Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање во врска со последните случувања поврзани со штитеничката од домот „25 Мај“ рече дека е поддржувач на максимална казна за ваквите појави, затоа што само така ќе се испрати пораката никогаш да не се повтори. – Јас сум еден од поддржувачите на максимално казнување, заради тоа што само […]

(Видео) Бајрам го фали Заев: Се гледа дека се залагате за народот


Откако пратеникот Амди Бајрам на денешната седница во македонското Собрание посветена на пратенички прашања доби одговор од премиерот Зоран Заев, тој не штедеше пофални зборови за македонскиот премиер. „Првпат еден премиер ми одговорил како што треба на пратеничките прашања, се гледа дека вие се залагате за народот и како идете ќе бидете добар за секого“, […]

За Лавров ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтација


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и на втората прес-конференција во Белград, овојпат со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, повторно се осврна на регионот и ширењето на НАТО кон Македонија го оцени како конфронтација. – Ја разгледавме состојбата во Европа, која, за жал, не е здрава, поради обидите на одредени членки на НАТО […]

Јовески: Не е почната истрага за девојчето оти не е познат сторителот


Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска во Парламентот, во врска со случајот со сексуалното злоставување на 13-годишното девојче од Домот „25 Мај“ изјави дека ОЈО Велес води постапка против конкретен сторител, додека во скопското обвинителство има поднесено само службени белешки. Ова обвинителство, според него, не може да постапува доколку не е познат идентитетот на сторителот. […]

Во акцијата „Ден на дрвото“ повеќепати биле пошумувани исти површини


Локациите каде се вршеше пошумување во рамки на акцијата „Ден на дрвото“ биле несоодветни за пошумување и повеќе од површините се пошумувани повеќепати, објави денеска Јавното претпријатие „Македонски шуми“, кое ги обезбедуваше садниците. – Бевме задожени да бараме локации за пошумување покрај населени места и блиску до пристапни патишта, како и косини покрај автопатиштата и […]

Проечната плата во декември 23.850 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2017 година изнесувала 23.850 денари и е повисока за 1,7 отсто од декември 2016-та, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување се должи, пред сè, на повисоката исплатена нето-плата во секторите: Други услужни дејности (9,8%), Преработувачка индустрија (9,3%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,9%). […]

Демири: За Бејта закони не важат кога се во прашање лични интереси


Портпаролот на општина Гостивар, Јасин Демири во рамки на кампањата „Вистината за ДУИ” на прес-конференци покажа службени документи, кои, како што рече, се случаи на флагрантни примери на кршење на законите во сферата на урбанизмот, а кои според него, ги направил поранешниот градоначалник Невзат Бејта. Демири потенцира дека при внатрешната ревизија во делот на легализацијата […]

Филипов: Меркел строго, но јасно побара преговорите да не се водат јавно


Канцеларката Ангела Меркел од заедничката прес-конфернција во Берлин со македонскиот премиер Зоран Заев упати пораки на охрабрување до двете засегнати страни, македонија и Грција, да го решат прашањето за името, смета поранешниот амбасадор на Република Македонија во Германија Ѓорѓи Филипов. – Меркел ги охрабри двете земји да ги доведат преговорите до решение, кажувајќи дека разговарала […]

Вработените во јавниот сектор може да останат без плата


Институциите од јавниот сектор имаат рок од три месеци да ги внесат податоците за своите вработени во инфоматичкиот систем за управување за човечки ресурси бидејќи во спротивно може да се доведат во ситуација да не можат да им исплатат плата на вработените чии податоци не се внесени. Тоа значи дека доколку институцијата ги нема внесено […]

(Обновено) Дрво ќе никне на местото на Ќосето


Дрво гинко, кое е симбол на човековите права, ќе никне на местото на споменикот на Андон Лазов Јанев-Ќосето, кој Град Скопје го отстрани ноќеска со образложение дека е дивоградба. Дали и кои други споменици од „Скопје 2014“ се дивоградби и ќе бидат урнати или дислоцирани, градоначалникот Петре Шилегов денеска не посочи. Истакна дека меѓуресорска комисија […]

Заев во интервју за Призма: Ќе следуваат кадровски промени


Премиерот Зоран Заев во интервју за Призма најавува дека напролет ќе има кадровски промени во институциите, заради забелешките дека отсуствува енергична реакција со која јасно ќе се покаже нулта толеранција за неодговорно и коруптивно однесување. „Рекапитуларот“ по десет месеци од изборот на Владата, како што вели, може да предизвика и нејзина реконструкција. – Тоа што […]

За една недела од грип заболеа 3.728 лица


Вкупно 3.728 лица заболеа од грип во минатата недела, односно во периодот од 12 февруари до 18 февруари. Тоа е зголемување за 26 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.964 заболени, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Бројот на регистрирани случаи е повеќекратно повисок споредено со седмата недела од […]

Алаѓозовски: Годинава се зголеми поддршката за култура на Албанците


Поддршката за културата во РМ за граѓаните од албанска националност е четирикратно зголемена во однос на сите досегашни практики. Ова како и големите проекти за обнова и изградба на тетовскиот театар и албанскиот театар, Деновите на Наим и голем број манифестации содржани во Годишната програма гарантираат дека годинава ќе има богата и квалитетна програма на […]

Тодор Петров во знак на протест запали свеќа пред постаментот на Ќосето


Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес, денеска запали свеќа на местото каде што до вчера се наоѓаше споменикот на Андон Ќосето. Тој на својот фејсбук-профил објави фотографии од овој чин со коментар: „Запалив свеќи пред осквернавениот споменик на Андон Лазов Јанев Ќосето до Судската палата, за да ѝ светне на Владата, впрегната во мракобесието […]

Одземени надлежностите на градоначалникот Таравари во образованието


Вчера попладнето му се одземени надлежностите на градоначалникот на општина Гостивар во делот на образованието и во тоа во делот што се однесува на именување и разрешување на директори на општински основни и средни училишта, информира министерката за образование и наука Рената Дескоска. Таа одговарајќи на пратеничко прашање рече дека причина за тоа е фактот […]