Јункер: Нема притисок од ЕУ за да се реши името


Престедателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, по враќањето од турнејата на Западниот Балкан, за Еуроњуз изјави дека Европската Унија не врши притисок врз Македонија и Грција за решавање на името. – Притисокот не е алатка која треба да ја употребуваме. Ги охрабруваме Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија да изнајдат решение за прашањето за […]

Веибо: Фабриката не работи поради неможноста да ги исполниме договорните обврски


Еден месец по затворањето на производствениот погон за текстил “Веибо” во Крива Паланка, што резултираше со прекин на работниот однос на 210 работници, сопственикот и управител на текстилната компанија “Веибо Груп”-Македонија,Мустафа Иршат-Канџа се огласи преку соопштение во кое вели дека не станува збор за тоа дека не можело да се обезбеди работа за фабриката, туку […]

Продолжуваат разговорите околу увозот на српското брашно


Македонија и Србија викендов треба да ги продолжат разговорите околу увозот на српско брашно во земјава. Доколку не биде постигнато заеднички прифатливо решение, како што најави вчера министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, Србија ќе воведе контра мерки. – За да не се воведат контра мерки како единствена алтернатива ако не биде постигнат […]

Тантуровски: Заговор се обвинувањата за злоупотреба на државни пари во Антикорупциска комисија


Антикорупциската комисија има отворено предмети од највисоко ниво, за министри, за градоначалници, за директори, рече претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Игор Тантуровски во вечерашното гостување во емисијата „Анализа“ на ТВ 24. Предметите, како што дополни, се однесувале и за претходната и за сегашната Влада. – Во најдобар дел Јавното обвинителство не не […]

ЕЛЕМ: Новото раководство го надмина планот за производство на струја


Новото раководство на АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) не само што го постигна, туку и го надмина планот за производство на електрична енергија, подготвен од Управен одбор на поранешниот директор на копанијата и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. Тоа го наведува АД ЕЛЕМ во реакцијата на обвинувањата за намалено производство на електрична енергија и […]

На Македонија ќе и се воведат реципрочни мерки поради опструкција на брашното од Србија


Деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад, смета дека треба да продолжат преговорите за извоз на српско брашно во Македонија и ако на краток рок не се постигне договор, да се воведат реципрочни мерки. Како што наведуваат од „Житоунија“, тие се залагаат преговорите за извозот на брашното да […]

РПЦ: Желбата на МПЦ да добие црква мајка во БПЦ е важна тема


Желбата на Македонската православна црква да добие црква мајка во Бугарската православна црква е многу комплексна и многу важна тема за која сега многу се радуваме дека има можност да се решава од двете страни. Тоа го изјави свештеник Александар Волков, началник на прес службата на Московскиот и на цела Русија патријарх Кирил. Изјавата беше […]

МВР ги отфрла како невистинити инсинуациите за притисок врз полициската службеничка


Министерството за внатрешни работи, во соопштение до медиумите денеска категорично ги отфрла шпекулациите во дел од јавноста дека врз полициската службеничка Јасмина Јаначковска било извршено физичко насилство. – Исто така, категорично ги отфрламе како невистинити инсинуациите дека врз полициската службеничка е вршен било каков притисок од раководството на МВР во врска со овој настан. Министерството […]

Хелсиншки комитет: Останува прашањето зошто МВР нема поднесено кривична пријава против Асани


Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија смета дека е исполнето битието на кривичното дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” согласно изјавата на полицајката, дека таа била вербално нападната додека ја вршела својата должност на проверка и контрола на неправилно паркирани возила меѓу кои било и возилото на напаѓачот, Бекир […]

Реакција на МОН на изјавата на претседателот на СОНК


на 01.03.2018 година, министерката за образование и наука проф. д-р Рената Дескоска, оствари средба со Сузан Флокен, директорката на Европската конфедерација на синдикатите за образование, придружена од претседателот на СОНК, г. Јаким Неделков. На средбата, министерката Дескоска изјави дека МОН отвори широк консултативен процес во кој се вклучени претставници на синдикалните организации во сите образовни […]

СДСМ: Владата продолжува со спроведување на сите мерки предвидени во Планот за живот


ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто преку своите политики на криминал, корупција и расипништво 11 години ги осиромашуваше граѓаните, ја задолжуваше државата, а економијата ја доведе до пропаст, продолжува да работи спротивно од интересите на граѓаните. За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа за богатење на поедници од раководството на партијата, Владата предводена […]

Повредени регрути бегајќи од пукање во Центарот за обука во Идризово


Завчера инструктор во Центарот за обука во Идризово пукал со пиштол во близина на десеттина кадети, тврдат извори за Нетпрес.  На полицаецот инструктор Јордан К. наводно му пречела вревата на младите, па решил да пука со службениот пиштол. Регрутите во паника почнале да бегаат и некои од нив се повредиле. Од МВР нема потврда за инцидентот. […]

МТСП: Стечајните работници задоволни од измените на законот


Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска се сретна со Лилјана Георгиевска, претседателка на Здружението на стечајни работници – УНИТ и регионалните координатори на здружението. Претставниците на стечајните работници изразија задоволство поради измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложени од страна […]

Селмани: Владата не сака јавна критика, министрите на ДУИ се однесуваат како во времето на ВМРО


Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ЗНМ на денешната јавна дискусија за размена на идеи и мислења за актуелните владини политики и процеси поврзани со нејзината транспаратеност, упати забелешка кон министрите од редовите на ДУИ кои, според него, се уште се однесуваат како во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кон новинарите од медиумите на албански јазик кои се […]

Џафери: Стандардизиран формат на годишните извештаи на институциите


Стандардизираниот формат на годишните извештаи за работа кој институциите треба да ги испраќаат до Собранието на Република Македонија, со цел да може поедноставно да се врши надзор врз нивната работа, беше предмет на денешната втората средба меѓу собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и претставници на овие институции. – Убеден сум дека […]

Попова: Животот дојде за Заев и функционерите околу него, а граѓаните осиромашуваат


СДСМ или свесно ги лажеше граѓаните или се целосно неспособни да го реализираат ветеното. Резултатот на крајот е ист. Животот дојде за Зоран Заев и функционерите околу него, а граѓаните осиромашуваат. Мерката за поврат на 15% на ДДВ е најголемата предизборна лага на СДСМ. Немаше изборен собир на кој Заев не се фалеше дека со […]

Слободни 6.534 работни места во последниот квартал од 2017 година


Во четвртото тримесечје од 2017 година во Македонија стапката на слободни работни места изнесувала 1,33 проценти. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека имало 6.534 слободни работни места, а пополнети биле 485.665 работни места. Највисока стапка слободни работни места има во секторото Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2,85 проценти, додека најмала […]

Полицајката проговори: Асани не ме нападна, сама се удрив


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со полициската службеничка Јасмина Јаначковска, со цел лично да се информира за вчерашниот инцидент. Функционерот на ДУИ, Бекир Асани вчера ја нападна полициската службеничка, при кревање на неговото возило со специјално возило на „Пајак“ – службата. Таа, како што се наведува во соопштението на МВР, била […]

Претседателот на Антикорупциска не чувствува одговорност и нема да поднесе оставка


Претседателот на Државната комисија за спречување на коруцијата (ДКСК) Игор Тантуровски вели дека не чувствува никаква одговорност, бидејќи на никаков начин не е посочен во ревизорските извештаи и од тие причини нема намера да поднесе оставка на функцијата. Смета дека случајот е инструиран. Ревизорскиот извештај, потенцира Тантуровски, бил за внатрешна употреба со препораки како да […]

Ташковиќ бил избран на оглас, исполнувал критериуми


На 28 ноември минатата година Владата именуваше нови меѓународни членови на Комитетот при Фондот за иновации и технолошки развој и тоа: Кларис Бехар Молад – претседател, Дон Левис, Никос Георгоулас, Глигор Ташковиќ и Авинаш Сахи. Изборот на петте меѓународни експерти, членови на Комитетот е направен врз основа на оглас од страна на Владата на Република Макеоднија на сајтот на „The Economist“ […]