СЈО го побара „Монструм“, судењето одложено


Информацијата дека Специјалното јавно обвинителство го побарало предметот наречен „Монструм“ внесе бура во судницата на скопскиот кривичен суд, каде се одвива повторениот судски процес за петкратното убиство кај Смилковско езеро. Реакцијата на родителите на убиените момчиња уследи по извесувањето на судот дека утрово било примено писмо со кое ги информираат дека СЈО го побарало предметот […]

Мицотакис: Не може да се споделува културното наследство на Александар Велики


Немаме што да споделиме од културното наследство на Александар Велики, вели лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, одговарајќи на овој начин на изјавата на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров дека во 21 век, две европски држави што го споделуваат географскиот регион Македонија, треба да најдат начин за споделување и на културни наследства. – […]

Латас на суд за куќите во Зелениково


Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за предметот „Тревник“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува на бесправна градба на куќи во Зелениково, а во кој првообвинет е новинарот Драган Павловиќ – Латас. Од Специјалното јавно обвинителство изразуваат сомнение за кривично-правни дејствија на три лица за изградба на три викенд-куќи во општина Зелениково […]

Таравари: Ни Груевски не му правеше вака на Заев


Преку 200 вработени во гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ се без здравствено осигурување откако општината мака мачи да им ги исплати месечните примања поради блокираниот буџет. Кавгите и несогласувањата на гостиварската политичка сцена кулминираа деновиве кога советниците во општината воопшто не добија шанса да гласаат за предвидениот буџет за 2018 година. Мнозинството во Советот, кој е […]

ФЗОМ за лековите: Аптеки тактизираат, пациенти прават домашни залихи


Одредени аптеки тактизираат, а дел од тие што пропишуваат, што издаваат и што користат лекови се однесуваат нерационално. Тоа се некои од причините зошто нема лекови на рецепт до крај на месецот, одговорија од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), на прашањето на „Независен весник“ зошто уште на 10-ти во  месецот граѓаните не можат да најдат […]

Извори за „Независен“ откриваат: Ќе се одбијат 36. илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ


Спикерот на парламентот Талат Џафери на вчерашната координација на која не присуствувал претставник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавил дека на денешната седница ќе се одбијат 36. илјади амандмани на опозицијата. Амандманите, според проценките, би биле одбиени со образложение дека со секој од нив се спори уставноста на законот за јазици, а дека парламентот во […]

Ќе се укинуваат визите за НР Кина


Република Македонија и Народна Република Кина ќе потпишат Спогодба за заемно укинување на визите за државјаните на двете земји. Предлогот на Министерството за надворешни работи за потпишување на Спогодбата меѓу двете владите на двете земји, е усвоен на вчерашната на седница Владата. Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е прифатен и предлогот за поведување […]

‘Legal’ wiretapping for illegal rule


Aleksandar Nikoloski I will probably not say anything new, if I conclude that the misuse of security services in the entire Balkans is the source of all major political crises. One always remains in disbelief of the need and the obsession of each government to control, and that that control is not aimed at protecting national […]

Ново судско рочиште за обвинитетите за убиството кај Смилковско Езеро


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година. На минатото рочиште од повторното судење за овој предмет, што се одржа на 12 февруари, беше прочитан обвинителниот акт. Обвинителот Наум Пановски рече дека остануваат на првичниот обвинителен акт, со […]

Со кредит ќе се крпат долговите на општините, скопски Карпош урива рекорди


Скопската општина Карпош е една од десетиците локални самоуправи во државава која ќе се спаси од финансиски колапс благодарение на Владата. Премиерот Зоран Заев вчера најави дека Владата одлучила да земе кредит во висина од околу 120 милиони евра во име на локалните самоуправи за да ги намират наследените долгови. Владата веќе почнала преговори со […]

Се бара гувернер по сечиј вкус


Името на следниот гувернер на НБРМ е сѐ уште во сферата на политичките калкулации и шпекулации, иако поминаа точно седум години од изборот на досегашниот носител на оваа функција, Димитар Богов. Тој беше избран за гувернер на 16 март 2011 година, единствено со гласовите (62) на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот, а ја презема функцијата […]

Утврден предлог – законот за високото образование


Владата на вчерашната седница го разгледа и утврди Предлог-законот за високото образование, кој ќе биде пуштен во собраниска процедура по усогласување на одредени членови. „Со овој закон се уредуваат автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусни промени и престанок на високообразовните установи, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на […]

Владата го раскинува договорот за концесија за рудникот „Казандол“


Владата на Република Македонија на синоќешната 58. седница реши да биде раскинат договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „Казандол“, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран. Владата го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување […]

Николовски: Има основи да се раскине договорот за концесија за Казандол


Има правни основи да се раскине договорот за концесија за рудникот Казандол во Валандовско, најави вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Тој во интервју за ТВ 24 посочи дека Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за степеност на изграденост на рудникот Казандол и го задолжи Министерството за економија во наредните седум […]

Владата со конкретен чекор за поддршка на инвестициите од дијаспората


Владата попладнево, на својата 58 седница го усвои предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде покрај странските и домашните инвеститори, свое место во законот добија и инвестициите од дијаспората, како инвестиции од значаен интерес за Република Македонија. Овој закон ја воспоставува правната рамка за реализација на мерките на Владата на Република Македонија од програмата за […]

Последна македонска офанзива пред априлскиот извештај на ЕУ


– Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи попладнево оствари средба со дипломатските претставници на земјите членки на ЕУ задолжени за Западниот Балкан. По средбите во Европската комисија утрово, Османи се сретна и со дипломатите од Советот на ЕУ, кои исто така ги информирал за текот на реформите во Македонија, како и за другите политички прашања, […]

Филипче контра Кедев: Клиниката за кардиологија е безбедна за пациентите


Mинистерство за здравство ја гарантира безбедноста на пациентите во процесот на лекување и третман на сите нивоа на здравствени услуги, велат од Министерството за здравство откако кардиологот д-р Сашко Кедев обвини дека Клиниката за кардиологија не е во состојба да гарантира безбедно лекување на пациентите. Кедев е поранешен директор на оваа Клиника. -Потенцираме дека на […]

Османи: Амандманите од ВМРО – ДПМНЕ се со цел физичко спречување на Законот за јазици


Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, по средбите во Европската Комисија изјави дека не се сомнева во уставноста на Законот за јазици и дека Владата самоиницијативно ќе го испрати до Венецијанската Комисија за проверка. Османи во Брисел имаше средби со високи претставници на ЕК во пресрет на европскиот извештај кој го оценува реформскиот напредок на […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата за Законот за јазици и бара амандманска расправа


Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на утрешната седница на Собранието, на која треба да се донесе законот за јазици, но лидерот на партијата бара разгледување на нивните амандмани и отворање на амандманска расправа. Ова денеска од Струмица го соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на опозициската партија за учеството […]

Прашање што ги мачи Американците: Зошто Македонија ја има освоено Грција?


Чехот Јакуб Маријан, кој за себе вели дека е лингвист, картограф, музичар и математичар, изработи интересна мапа на Европа, во врска со прашањата што Американците му ги поставуваат на Гугл за европските држави. Тој за изработката на оваа мапа го искористил прашањето „Зошто Македонија…“, па Гугл автоматски го дополнува прашањето. Од добиените резултати изгледа дека […]