(ВИДЕО) Протест пред домот на пратеничката на СДСМ, Кети Смилеска


Пред домот на пратеничката на СДСМ, Кети Смилеска во Прилеп вечерва се собра група граѓани која протестира, нарекувајќи ја предавник, објави Нетпрес. Собраните граѓаните извикуваат „Кети предавник“, како и „Нејќам три, нејќам два, еден јазик сакам ја“. Во Виница вчера беше опожарен автомобилот на пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска – Митева, само неколку часа откако во […]

ВМРО-ДПМНЕ најави интерпелација за Џафери, ќе одговара и кривично


ВМРО-ДПМНЕ го анализира целокупното сценарио од завчерашниот ден кога во Собранието беше изгласан Законот за јазиците со што е прекршен Деловникот, законите и Уставот, изјави  претседателот на партијата Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Алфа.  Рече дека ги анализираат постапките на СДСМ и ДУИ од средата и од резултатите на анализата ќе преземат конкретни чекори. – […]

ДУИ: Веднаш да ја адресираме нашата загриженост за случајот со малиот Алмир


Претседателството на Демократската Унија за Интеграција на денешниот состанок во Тетово разговараше и за судскиот процес за случајот со малиот Алмир. „Изразуваме длабока загриженост што во самото Обвинителство имаше разлики што се однесува на одлуката за преквалификација на делото од убиство во друго кривично дело и бараме итно адресирање на нашата загриженост. Во пресрет на […]

Димитров: Неопходен е стимул од ЕУ за европерспектива на регионот


Сега е вистинскиот момент кога земјите од Западен Балкан треба да се најмногу сплотени и заеднички да ја градат својата европска перспектива со цел побрзо интегрирање во европското семејство, истакнал министерот за надворешни работи Никола Димитров на Министерската конференција за Фондот за Западен Балкан која денеска се одржа во Сараево. Како што соопшти МНР, шефот […]

Струмичанка и ја „олеснила“ картичката на колешката за 92.000 денари


Дваесет и шестгодишната Ц.И. од струмичкото село Градско од платежната картичка на колешката во неколку наврати бесправно одзела вкупна сума од околу 1.500 евра. Како што соопшти МВР, полициската станица Струмица против Ц.И. поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем’’. – Во текот на 2016 година […]

„Секјуриком“: Ниту еднаш не сме ја злоупотребиле својата позиција


Групацијата „Секјуриком“ ги оценува како неосновани обвинувањата дека влијаеле за некој тендер и дека злоупотребиле положба со што би стекнале противправна имотна корист. – Сите договори со клиентите и добиени тендери од државни институции се законски добиени, согласно законските прописи. Сите наши договори биле јавно достапни. Она кое е важно да се напомене е дека […]

ДУИ го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците


Централното претседателство на Демократската унија за интеграција-ДУИ едногласно го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Собранието на Република Македонија. Како што информира ДУИ, усвојувањето на Законот „го симболизира заклучувањето на нормативниот дел на Охридскиот договор“. Лидерот на ДУИ Ахмети на денешниот состанок во седиштетото на партијата во Тетово се осврнал на политичката активност на партијата […]

Конкурси за стипендии за запишани на универзитети од шангајската ранг-листа


Во тек се конкурсите за доделување стипендии за кандидатите кои во академската 2018/2019 година ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, […]

Васе Доневски доби притвор, Волфганг Гампер мерки на претпазливост


Судија на претходна постапка ги прифати предлозите на Јавното обвинителство за определување мерка притвор за првоосомничениот Васе Доневски и определување мерки на претпазливост за второосомничениот Волфганг Гампер, сопственик и управител на Друштвото за обезбедување и услуги „Секјуриком мултисервис интернационал“ ДОО Скопје. – Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и […]

Амбасада на САД: Собранието да оди напред и да се фокусира на потребните реформи


Собранието е важно да оди напред во својата агенда и да се фокусира на потребните реформи, кои сите партии рекоа дека ќе ги поддржат во насока на остварување на европските и евроатлантските интеграции на Македонија, нагласи Амбасадата на САД во Скопје, коментирајќи ги последните случувања во врска со Законот за јазиците, јави Гласот на Америка […]

Села го осуди ослободувањето на Илиќ


Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на денешната прес-конференција го осуди актот на пуштање на слобода на Бобан Илиќ, кој беше обвинет за смртта на четиригодишниот Алмир од Куманово. Села побара од министерот за правда веднаш да превземе дејствија во правец на враќање на Илиќ во затвор или во спротивно да си поднесе оставка. […]

Манчевски: Силни институции и компании за целосна дигитална трансформација


За целосна дигитална трансформација, и доближување на Македонија до Европската Унија, потребни се не само силни институции, туку и силен приватен сектор, силни компании кои заедно со нас ќе работат на ова поле. Тоа го истакнал министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на отворањето на панелот „Што ќе донесе дигиталната трансформација во секојдневието […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги напушти политиките на поделби и да го прифати концептот на едно општество


СДСМ преку соопштение го повикува ВМРО-ДПМНЕ да го прифати концептот за едно општество. Таа вели дека законот за јазиците е целосно во согласност со Уставот и дека со неговото усвојување не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите а тоа е цивилизациска придобивка. “Ја охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ да смогне сили […]

Јовески: Обраќањето на четворицата обвинители е непрофесионално


Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ја осудува постапката на дел од обвинителите во ЈОРМ за објавеното соопштение за кривичниот предмет во врска со трагичната смрт на Алмир Алиу, бидејќи смета дека таквото обраќање е непрофесионално и е прекршен Етичкиот кодекс на јавните обвинители во Македонија. – Како Јавен обвинител на Република Македонија ја осудувам постапката […]

Груевски: Не сакав да предизвикам инцидент со Џафери


Експремиерот и пратеник Никола Груевски изјави дека не сакал да предизвика инцидент во Собранието кога се носеше законот за употреба на јазиците. -Воопшто не ми беше целта да предизвикам инцидент, туку јасно и гласно да покажам дека не се согласувам со начинот на кој беше донесен Законот за употреба на јазиците – рече Груевски. Тој […]

Финансовата полиција запленила и возило што ги поврзува Доневски и Секјуриком


Финансовата полиција при приведувањето на екс директорот на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски, запленила и едно патничко возило кое ги поврзувало приведениот и одговорното лице од „Секјуриком“, со која екс директорот проневерил 11 милиони евра во корист на фирмата, соопшти денеска Арафат Муареми, директорот на Финансовата полиција. Тој посочи дека истрагата траела […]

Четворица обвинители бараат на обвинетиот за „случајот Алмир да му се суди за убиство


Четворица јавни обвинители од Јавното обвинителство, Ферат Елези, Башким Бесими, Џелал Бајрами и Исмаил Дардишта се против пресвртот што се случи вчера на судењето за случајот со малиот Алмир. „Со преквалификацијата на кривичното дело Убиство во кривично дело од областа на сообраќајот е сторено повреда на основните начела на законот за јавното обвинителство како што […]

ВМРО-ДПМНЕ: ФЗОМ итно да ги зголеми месечните квоти на аптеките за лекови


Фондот за здравствено осигурување ги остави граѓаните без основните лекови. Досега не се случило осигурениците да не можат да ја подигнат својата месечна терапија која е на товар на Фондот. Во период на настинки, вируси и респираторни заболувања нема антибиотици и лекови за хронично болни во аптеките. Ситуацијата е алармантна. Спрејовите Фостер и Спирива потребни […]

Спасовски на состанок за полициска соработка во ЈИЕ во рамки на Брдо процесо


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествува на 18-тиот состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа и министерскиот состанок, во рамки на Брдо процесот во Брдо, Крањ-Словенија. Во своето обраќање на 18-тиот состанок на Комитетот, како што соопшти МВР, Спасовски потенцираше дека потпишувањето на Конвенцијата за полициска соработка во […]

Груевски: Предметите на СЈО се дел од политичкиот прогон кон мене


Одбраната на обвинетите во предметот Т.НТ. на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на комплексот „Космос“ на денешното продолжение на судењето во Кривичниот суд побара да им се даде дополнително време за воведни говори, бидејќи имало дополнителни докази од СЈО, кои обвинетите, како што велат, доцна ги добиле. Судијата го одобри барањето при што адвокатот на […]