Aлиспагиќ: Шест години се малку за убиец како Илиќ


По објавувањето на пресудата, адвокатот Асмир Алиспагиќ, во име на осудените за насилство изјави дека ќе ја обжали пресудата на Судот. Тој вели дека има сериозни пропусти во судската постапка. „Судијката се дрзна да ги осуди таткото, чичкото и братучедот на Алмир Алиу. Ова е уште еден предмет во низата монтирани случаи од страна на […]

Павлевски за Независен: И еден ден затвор за Бобан е многу


Адвокатот на обвинетиот Бобан Илиќ, кој денеска во кумановскиот суд беше осуден на шест годишна затворска казна поради смрта на малиот Алмир Алиу, е незадоволен од пресудата и најавува жалба. Во изјавата за „Независен весник“, Стефан Павлевски вели дека не станува збор дали е казната доволно висока или ниска, туку зошто воопшто Илиќ е прогласен […]

Заев: Реконструкција на Владата до крајот на април


До крајот на април се очекува да заврши реконструкцијата на Владата, најави денеска од Штип премиерот Зоран Заев. Прашан дали министерското место за правда ќе остане за кадар на ДУИ, Заев со одговор дека преговорите за тоа прашање се во тек. – Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и […]

Бобан Илиќ осуден на шест години, а таткото на Алмир доби шест месеци затвор


Основниот суд Куманово денеска ја објави пресудата во „случајот Алмир“ и првообвинетиот Бобан Илиќ го прогласи за виновен  за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и имотот и му одреди казна затвор од шест години. Судот за виновен го прогласи и второбвинетиот Седат Алиу, таткото на  Алмир, определувајќи му казна затвор од шест месеци. По девет месеци […]

Клиниката за психијатрија со нова опрема и реновирано болничко крило


Нова апаратура за неурофидбек (метода со која се мерат мозочните бранови и се влијае на нив), за транскранијална магнетна стимулација (процедура која има ефект во редукција на симптомите на депресија), како и реновирано болничко крило беа промовирани денеска на Универзитетската клиника за психијатрија, во пресрет на 7 април, Светски ден на здравјето. По тој повод, Клиниката […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Нухиу за 27 април


ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за настаните од 27 април 2017 година од Агим Нухиу, кој беше технички министер за внатрешни работи до изборот на новата влада на СДСМ и ДУИ. Орце Ѓоргиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ се повикува на изјавата на Нухиу пред Јавното обвинителство, каде што, како што наведува, кажал дека вечерта на 27 април, […]

ВМРО-ДПМНЕ: За 10 месеци власта ништо не сработи


10 месеци по доаѓањето на власт на СДСМ, Македонија е заробена држава. Државата пропаѓа и на економски и на социјален план, а демократијата е суспендирана. СДСМ е во коалиција со криминал. Корупцијата доби епидемиски размери. Тоа го покажа и истражувањето на Транспаренси. Странските инвеститори бегаат и ја заобиколуваат Македонија, соопштат од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Данев од […]

Најмалку еднаш годишно ќе се проширува позитивната листа лекови


Министерството за здравство е фокусирано на повеќе реформи за унапредување на здравјето и здравствената заштита на сите пациенти низ државата, рече заменик министерот Гоце Чакаровски денеска во Кавадарци, на одбележувањето на 7 Април, Светскиот ден на здравјето. Тој наброја неколку клучни реформски приоритети чија реализација е во тек. Намалени се, посочи, максималните цени на вкупно […]

Димитриевски: Ќе се постават спомен плочи на сите пријатели на Куманово


„Идејата на општина Куманово и на мене како Градоначалник е пред комплекосот ‘Отворен и Затворен базен‘ да направиме парк кој ќе го наречеме ‘Парк на пријатели на Куманово‘. Во интерес на озеленување на градскиот централен регион и создавање на пријатно место за одмор и реласкација на граѓаните во овој град, во паркот ќе има фонтана, […]

ВМРО-ДПМНЕ очекува и други партии да гласаат против Владата


ВМРО-ДПМНЕ очекува и други партии кои се надвор од опозициската коалиција да гласаат против Владата на СДСМ и на ДУИ, на седницата за интерпелацијата што се очекува да се одржи веднаш по Велигденските празници. Доколку ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во сабота барањето за гласање недоверба на владата, парламентот би требало да се изјасни по ова прашање […]

(Фото)Стаса и автобусот на струја од Софија


Ноќеска во базата на ЈСП во Автокоманда стасал автобусот на струја од Софија кој ќе се вклучи во тест периодот на јавниот превоз во Скопје. За разлика од мерцедесовиот автобус на гас кој веќе трет ден е дел од градскиот превоз и беше ганц нов, овој на струја е веќе користен две години во Софија. […]

Груевски доцнеше на судење, го опоменаа, па се извини


Со задоцнување од 15 минути, екс премиерот Никола Груевски се појави на судското  рочиште „ТНТ“, предмет кој се однесува за уривањето на објектот Космос на Фијат Цановски. Судијата Огнен Ставрев го опомена Груевски дека доцни, по што тој се извини. На денешното рочиште е предвидено да се слушаат „бомбите“ предложени од СЈО како доказен материјал. […]

Семејствата на четирите Роми тужат за ненадејната смрт во затворите


Семејствата на четирите Роми, кои ненадејно умреа во македонските затвори, ја тужат Управата за извршување санкции, како и Министерството за здравство, за дискриминација во нивниот пристап до здравствена нега и заштита, што резултирала со смрт на членовите на нивните семејства. Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) ќе ги застапува и веќе поднесе колективна граѓанска […]

Спасовски: Западнобалканската мигрантска рута се уште e жива


Западнобалканската рута иако со помал интензитет се уште е жива, потенцира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на дипломатски брифинг на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) – МАRRI Friends Meeting. – За жал по официјалното затворање на рутата, се појавија голем број криумчари на мигранти и се почесто мигрантите се жртви […]

Македонија2025: Секое решение за името треба да е согласно Уставот


Македонија2025 денеска излезе со став во врска со прашањето за името. Потенцираат дека Република Македонија е суверена земја и оти затоа, го поддржуваат пристапот на сегашната и минатата влада дека „секое спогодбено решение кое не го компромитира националниот идентитет и јазикот, треба да биде доследно и согласно со Уставот на Република Македонија“. – Разбираме дека […]

ФЗОМ даде аванс за да се одблокира сметката на Клиниката за гинекологија


Сметката на Клиниката за гинекологија и акушерство ќе биде одблокирана со средства што Фондот за здравствено осигурување ги обезбедил за клиниката како аванс, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. Изутрината имале состанок со директорот на ФЗОМ и проблемот веќе е решен. Авансот е во висина колкава што е сумата за блокираната сметка. Филипче посочи […]

Градоначалникот на Куманово ќе подига споменик на фирмата што носела кумановци во Авганистан


Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски планира да подигне споменик на американската компанија „Келог, Браун и Рут“ (КБР), затоа што дала најголем придонес за развој на градот и последната деценија на кумановци кои работеа во Ирак и Авганистан им исплатила над 1 милијарда евра. – Општината нема поголем партнер од таа компанија. Сметам дека во предвечерието […]

„Паркинзи на Општина Центар“ чести 4 дена бесплатно паркирање


ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ информира дека од утре до понеделник паркирањето на нивните паркиралишта ќе биде бесплатно за сите граѓани. Бесплатно паркирање за време на државните празници е неколкугодишна практика на ЈП „ПОЦ“. Оттаму информираат дека паркиралиштата со редовна наплата ќе продолжат со работа во вторник, 10 април, со вообичаено работно време.

Град Скопје објави оглас за субвенции за печки на пелети


Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, […]

Собранието после Велигден ќе расправа за предложените судски реформи


Во среда пратениците во Собранието на Република Македонија ќе расправаат за предложените судски реформи, најави министерот за правда Оливер Ристовски. Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, на својата втора седница одржана вчера попладне, ги разгледа предложените законски решенија за судовите и за Судскиот совет, соопшти владината прес-служба. Членовите на […]