(ФОТО) Гори Министерството за правда


До редакцијата на „Независен“ пристигна фотографија на која јасно се гледа дека има пожар во Министерство за правда. Според наши информации, на терен има екипи од полицијата и противпожарна екипа, додека пак патот кај „Рекорд“ е блокиран. 4-5 пожарникарни екипи го гаснат пожарот, тој случил на 4. кат и сите вработени лица се евакуирани. Фото: […]

Груевски: Ме држат секој ден во судот за да не бидам во парламентот


Судскиот совет денеска постапи сосема спротивно од советот во четвртокот кога адвокатите побараа изземање на судиите, претседателите и нивните заменици на Кривичниот и Апелациониот суд, реагираше денеска поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет во повеќе предмети на СЈО. – За иста работа во четвртокот една одлука, денеска во вторник, друга одлука. Во четвртокот се […]

Кирацовски: Главна цел беа Заев и Села


По претседателот на Собранието Талат Џафери и министерот Дамјан Манчевски, за настаните во законодавниот дом на 27 април лани, попладнево во Кривичниот суд сведочи и пратеникот Александар Кирацовски, кој истакна дека по влегувањето на луѓето во Собранието настанал хаос и се слушале пцовки и погрдни зборови упатени кон нив. – Толпата наликуваше на бесна орда која имаше […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го партизираше и злоупотребуваше МВР


Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години го партизираше и злоупотребуваше Министерството за внатрешни работи и го претвори во МВРО-ВМРО, денес да зборува за работата на полицијата, се вели во соопштението на СДСМ. “Започнатиот процес на ослободување и реформа на институциите резултира со темелно департизирање на МВР, негова професионализација, зголемена ефикасност и постапување […]

Трошоците на живот во март зголемени за 1,6 отсто


Трошоците на живот во март биле на исто ниво како и во февруари, а цените на мало пониски за 0,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Во однос на март минатата година, трошоците на живот се зголемени за 1,6 проценти, а цените на мало за 2,9 проценти. Иако трошоците на живот се на истото ниво […]

ВМРО-ДПМНЕ: Не баравме потписи од пратениците во куќен притвор


Барањето за интерпелација за работата на Владата, која што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе до Собранието без потписи од сите пратеници, предизвика реакции во јавноста околу евентуалното неединство во опозицијата. Документот го потпишаа 41 пратеник од вкупно 48 колку што во моментов има коалицијата „За подобра Македонија“ откако тројца пратеници преминаа на страната на власта. Од ВМРО-ДПМНЕ […]

Кривична за жител на Горна Лешница, силувал српска државјанка


СВР Тетово го сомничи Ј.Џ. (38) од тетовското село Горна Лешница дека извршил силување и разбојничка кражба на српска државјанка, која претходно ја пречекал на нелегален граничен премин и ја превезувал до селото Пирок. Настанот, како што информира МВР, се случил на 27 декември минатата година, а случајот вечерта околу 23:00 часот го пријавила  М.Б. (24) […]

Министерство за здравство потврди – на скопска гинекологија починаа 35 бебиња за три месеци


Вo првите три месеци од годинава на Клиниката за гинекологија биле родени вкупно 1.155 бебиња. Од нив 144 биле предвреме родени и биле третирани на одделот за интензивна нега, а 35 починале. Починатите бебиња во периодот од јануари до крајот на март 2018 година спаѓаат во категоријата предвремено родени бебиња, соопштија од Министерството за здравство. -Истакнуваме дека само едно од починатите […]

Манчевски: Маваа по нас со боксови, столици, сталаци и компјутери


По претседателот на Собранието Талат Џафери, за настаните во законодавниот дом на 27 април лани, попладнево во Кривичниот суд сведочи министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски. Одговарајќи на прашањето на обвинителот Дарко Јакимовски, Манчевски рече дека настаните почнале по завршувањето на прес-конференцијата за изборот на Џафери за претседател на Собранието. Посочи дека слушнал […]

Коњите и кочијата ќе се продаваат на лицитација


Коњите и кочијата ќе се продаваат по пат на усно јавно наддавање, одлучи Град Скопје. Која ќе биде почетната цена, овластени проценители допрва ќе треба да одлучат. Оваа одлука утре се очекува да биде усвоена од Советот на Град Скопје. Во образложението кусо е наведено дека Град Скопје, односно ЛУНА ДООЕЛ Скопје, ќе ги продава […]

Џафери препозна пет лица кои учествувале во насилствата во Парламентот


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во судницата препозна пет лица кои учествувале во насилствата во Парламентот на 27 април минатата година. Тој ги препозна Стојан Павлевски, Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Кире Ѓорѓиевски и Оливер Ошаковски. Џафери посочи дека тие меѓу првите влегле во прес-центарот на Собранието на Република Македонија и ги нападнале пратениците. Претходно, Џафери […]

Во Македонија нема од небезбедните домати увезувани од Турција


Во Македонија не се увезени небезбедни домати од Турција, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Агенцијата, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ, нема добиено ниту нотификација за увоз на небезбедни домати од Турција на македонскиот пазар. Инспекциските служби вршат континуирани контроли на пратките […]

Пападимулис: Не треба да ја изгубиме можноста за решение на името


Со Владата на Заев се отвори прозорец на можности за решение и не треба да ја изгубиме шансата, вели потпретседателот на европскиот Парламент и шеф на европратеничката група на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, во интервју за грчката телевизија Скај. – Не треба да ја изгубиме можноста да го решиме овој проблем. Сега со Владата на Заев […]

Судот го „зароби“ Ќосето во магацин


Споменикот на Андон Јанев Ќосето сѐ уште е во магацинот на „Металскиот завод“, иако измина рокот од 30 дена откако Град Скопје го повика донаторот на споменикот, Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, да го подигне. Во случајов, донаторот и да посака, нема да може да го земе споменикот бидејќи во меѓувреме […]

Џафери сведочеше дека и нему му се заканувале со убивање


Собранискиот спикер Талат  сведочеше пред судот на рочиштето за убиството во обид на Зијадин Села. Според него толпата се заканувала со убиства, не само на Села туку и на други парламентарци. „Ќе ве убиеме сите, нема да излезете од овде. Ја продадовте државата“, извикувале тие. За да го го заштитат Џафери, пратениците направиле кордон, а […]

Прекинато судењето за луксузниот „мерцедес“


Судењето за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцесдесот“ од 600.000 евра за потребите на  поранешниот премиер Никола Груевски, е прекинато на еден час, бидејќи одбраната на обинетиот побара изземање на судечкиот совет, јави правосудство.мк.  Адвокатот Димитар Дангов цени дека треба да се провери кои судии се јавуваат во т.н. „бомби“, а за што говореше […]

Шилегов одлучи да го догради мостот без панорамското тркало


Мостот на Вардар на кој што требаше да стои панорамското тркало ќе се доградува, без панорамското тркало и ќе биде пешачки премин. Град Скопје направил нов проект според кој мостот нема барокни елементи и ќе биде поставена проѕирна ограда да се гледа Камен мост. Минатата недела Град Скопје и изведувачот ГП „Бетон“ постигнале договор мостот […]

Расправата за доверба во Владата ќе почне утре претпладне


За утре, со почеток во 11 часот, спикерот Талат Џафери ја закажа 42. собраниска седница, на која единствена точка на дневниот ред е прашањето за доверба на Владата што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Расправата на оваа тема треба да трае до полноќ, кога би се реализирало гласањето. За евентуално изгласување недоверба на кабинетот […]

Запалена сува трева можна причина за големиот пожар кај Василево


Повеќе од четири часа пожарникари од Струмица, Радовиш и Ново Село го гаснеа пожарот на влезот во Индустриската зона во село Василево, во кој вчера целосно изгоре салон за мебел на компанијата „Савело“. Според Александар Гудев, заменик командир на Противпожарната единица на Струмица, во 14,20 пожарникарите биле алармирани за големиот пожар. – Во првото јавување […]

Параглајдерист загина кај Гевгелија


Четириесет и седумгодишен жител од Мрзенци почина вчера околу 15 часот во близина на манастирот „Свети Илија“ кај гевгелиското село Сермин. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека М.Ќ., кој бил член на Клуб за екстремни спортови, успешно слетал со параглајдер, но потоа му се слошило и по кратко време починал. „Од страна на лекар од  […]