Шекеринска на 1 мај ќе се сретне во Вашингтон со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе отпатува во  официјална посета во САД , каде што на 1 мај ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис. Како што дознава „Независен весник”, на средбата со Матис ќе се разгледуваат прашања од стратешката соработка меѓу САД и Македонија, во претсрет и на Самитот на НАТО […]

Скопски саем демантира дека е банкротиран и бара трајно решение за саемски простор


Групацијата Скопски саем демантира написи во некои медиуми дека е банкротиран и оценува дека целта на таквите информации  е да се оправда најавеното уривање на саемскиот простор и деловните објекти. Во демантот наведува дека како бренд на Град Скопје постоел 67 години и ќе постои во иднина и дека ја става на располагање својата домашна и […]

Протест во Ѓорче Петров за прегазеното дете


Ден по несреќата на улицата „Борис Сарафов“, граѓаните на Ѓорче Петров повторно излегоа на улица за да протестират. Тие бараат од надлежните институции итно да го решат проблемот со улицата, во спротивно велат дека секој ден ќе ја блокираат улицата и ќе станат порадикални. Инаку по синоќешниот инцидент во кој беше прегазено 10-годишно дете, жителите излегоа […]

Димитров: Се надевам дека ќе имаме чиста препорака


Се надевам дека ќе имаме чиста препорака за отпочнување преговори за членство во Европската унија, порача вечерва шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, во своето обраќање пред учесниците на регионалната конференција по повод 10-годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот што се одржува денеска и утре во Белград. Тој нагласи дека едвај чека да го […]

Коѕијас: Соседите да покажат сериозност и да не преговараат преку интервјуа


Лидерите на соседната земја да сфатат дека не може да се преговара преку интервјуа и јавни изјави, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас од Луксембург по Советот за надворешни работи на ЕУ. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Никос Коѕијас по состанокот со неговите колеги од Унијата, рече дека освен за ситуацијата […]

ЕУ извори: Земјите-членки на ЕУ сакаат Македонија да добие датум за преговори најдоцна во јули


Земјите-членки на Европската унија сакаат Македонија да добие датум за почеток на преговори најдоцна во јули годинава, дознава МИА од високи дипломатски извори во Брисел. Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, бугарското претседателство би сакало датумот да биде доделен во јуни додека сеуште е Бугарија претседавач со ЕУ, но доколку тоа не биде возможно […]

Посебен сообраќаен режим за време на Дигиталниот самит


Поради претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, што на 18-ти и 19 април ќе се одржува во Скопје во хотелот „Александар Палас“ и во ВИП Арена „Борис Трајковски“, утре од 15 часот и во следните два дена, односно до 15.30 часот на 19 април, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците […]

Јанакиев: Го маваа Села по телото и главата, се обидов да го заштитам


Денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот Зијадин Села на кое се сослушуваа сведоци заврши со сведочењето на Игор Јанакиев како сведок на обвинителството. Главната расправа за овој случај ќе продолжи на 18 април. На сведочењето, Јанакиев рече дека се обидел да го заштити Села од толпата народ. Истакна дека како вработен за обезбедување во МВР, […]

Ѕанакопулос: Новото сложено име, да се прифати како уставно име


Новото договорено сложено име треба да биде и уставно име на соседната земја, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, на денешниот брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописникот на МИА од Атина во однос на тоа дали Грција би прифатила име што би било само за меѓународна, […]

Лидерска средба ќe нема, ќе има меѓусебно информирање


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека лидерска средба за текот на разговорите за прашањето за името најверојатно ќе нема, бидејќи, како што рече, во Охрид немало некој посебен исчекор. – Верувам дека веројатно ќе има средби, односно меѓусебно информирање од страна на министерот за надворешни работи и од моја страна и на претседателот на државата […]

Тарававри: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан


Насилството што се случи во дворот на гостиварската гимназија е невиден срам што никогаш не се случил во историјата на Гостивар, е оценката на градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари за настанот кога во петокот двајца професори се задобија со телесни повреди во физичка пресметка со две други лица. Градоначалникот на денешната прес-конференција побара од […]

„Независен“ дојде до извештајот на ЕК за Македонија


„Европската комисија, како резултат на постигнатиот прогрес, препорачува отворање на преговорите за членство со Македонија. Задржувањето и продлабочувањето на сегашниот реформски моментум околу ургентните реформски приоритети ќе бидат решавачки за идниот прогрес на земјата. За да го поддржи ова, Европската комисија ќе примени зајакнат пристап за преговарачките поглавја околу судството, фундаменталните права и правдата,слободите и […]

Заев: Ниту во разговорите ниту во СМС пораките нема договарање на поткуп


На денешното двочасовно рочиште за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, без присуство на јавноста во Кривичниот суд беа преслушани сите разговори обезбедени со ПИ мерки и беа прочитани и СМС пораките. По завршувањето на рочиштето Заев рече дека ниту во разговорите ниту пак во СМС пораките немало договарање на поткуп. –  Апсолутно нема ништо што е […]

Заев: Реконструкција на Влада откако ќе се прошири парламентарното мнозинство


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е се уште рано да се зборува за реконструкција на Владата и оти прво треба да бидат завршени разговорите за зголемување на парламентарното мнозинство. – Не сме дошле до таму. Јас реков дека до крајот на месецов ќе разговараме за зголемување на парламентарното мнозиснство. Ред е прво да видиме […]

Јакимовски: Не им се плашам, чист сум како солза


„Не им се плашам, чист сум како солза. Одговорно тврдам пред целата македонска јавност дека ниту 1 денар не е потрошен незаконски. Жалосно е што се злоупотребуваат институциите за да градоначалникот Богоев има алиби за своето неработење. Оваа заедничка игра на Богоев е доказ за неговата безидејност кој за време на работа игра плејстејшн со […]

Градоначалникот на Ѓорче Петров: Ќе поставиме семафор на критичното место во населбата


На критичното место во населбата Ѓорче Петров каде што беше прегазено дете ќе биде поставен семафор со кој се очекува целосно да се реши проблемот со сообраќајот, брзото возење и непочитување на пешаците кои минуваат на пешачкиот премин кај училиштето „Мирче Ацев“. – Како градоначалник, жител на општината, и родител изразувам големо жалење за незгодата […]

Заев: Заслужуваме кристално чиста препорака од ЕК


Факт е дека сработивме и навистина Македонија заслужува кристално чиста препорака од Брисел, изјави денеска премиерот Зоран Заев во пресрет на објавувањето на извештајот на Евроспката комисија и доаѓањето во Скопје на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан. – Важни ми се зборовите во таа препорака, затоа што тоа […]

Руската амбасада на Твитер реагира на изјавата на премиерот Заев за протераниот руски дипломат


Руската амбасада во Скопје преку нејзиниот профил на Твитер денеска реагираше на изјавата на премиерот Зоран Заев, дадена во петокот вечерта, во интервју за ТВ 24, во кое кажа дека „протераниот руски дипломат недозволиво се однесувал во Македонија, дека неколку пати бил предупредуван, но и покрај тоа продолжил со вршење активности за кои не бил […]

Зеќири препозна двајца од обвинетите дека го изнеле Села од прес-центарот


Пратеникот Мухамед Зеќири во својство на сведок на денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот Зијадин Села го препозна обвинетиот Александар Јаневски-Тошта. На сослушувањето, Зеќири посочи дека Села бил удрен со тврд предмет, но оти не можел да види кој го фрлил. Според Зеќири, обвинетиот Јаневски, кој тој ден носел црн елек и очила, го […]

Стевчо Јакимовски зел кредит за нови улици, а го потрошил за долгови


Ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во 2014 година подигнал наменски кредит од 2,6 милиони евра за нови инфраструктурни проекти, а парите ги потрошил за покривање долгови. На кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“ во 2016 година му исплатил 618 илјади евра, без притоа од клубот да достават црно на бело за што ги трошеле парите. Општината со […]